Поените не се само просекот, поените ги означуваат колку од сите поставени услови за добивање стипендија се исполнети. Така да некој со 6.5 може има и 9 просек но не ги задоволил доволно другите критериуми.
Дечки, ме интересира нешто - право на стипендија имаат само студентите од државните Универзитети ? Оние кои се на некој од приватниве можат да аплицираат за некаква стипендија или не? Или пак, самите приватни Универзитети дали нудат стипендии во текот на школувањето? - Онака ме интересира, информативно што би се рекло.
И студентите од приватните факултети имаат право на стипендија. И за нив има излезено ранг листа. Инаку, знам дека ФОН им дава стипендии на студентите - тоа е онаа кампањата што се организира секоја година - „И во Македонија се може“, кога матурантите полагаат испити на ФОН, па после им даваат целосни стипендии на најдобрите, на помалку добрите им даваат половични стипендии итн.
А да прашам нешто јас, ако се оди по поени како некој со 92 поени зима стипендија тип а а некој 94 тип б? а истиот факултет?
Може воопшто да нема аплицирано за Тип А. Можеби тој кој зема Тип Б стипендија нема доволен просек, но има многу ниски приходи кои му носат повеќе поени. Врз поените не влијае само просекот. Висината на приходите е клучниот фактор. Бројот на членови во семејството и нивниот работен однос (вработени, ученици, студенти) исто знае многу да влијае.
Знам тоа него прашувам врз основа на поените, значи тој со поголеми поени зима помала стипендија а има аплицирано за двете, а овој со помалку поени ја зима тип а, тоа ми е прашањето, не за просекот.
За секој тип на стипендија посебно рангираат, мислам дека не ни гледаат дали си аплицираат за два типа
не се разбираме изгледа, нели услов за да земеш стипендија ти се поените, не само просекот, како некој со помалку поени зима тип а, додека некој со повеќе поени зима тип б? Нели поените играат улога?
Башка поени се даваат за А, башка за Б... немаат врска едните со другите. Можда за А ќе имаш 95 поени зш само успех се гледа, а за Б ќе имаш 50 и нешто ради тоа што за Б и примањата ги гледаат.
Ни едната ни другата... сега триповам дека погрешни податоци имам испратено. Изнервирана до максимум, пцујам и држава и факултет и самата себе си се пцујам. Калимеро нема правда....
Добив A Се исплати учењето и просекот, а не се надевав.. мислев со врски е и немаше ни да аплицирам за А. Дузи е крива, таа ме убеди
Не се услов поените. Условите ти се дадени пред аплицирањето. Поените се резултат на тоа каде во скалата во која се движи одредениот услов (пр. вкупниот износ на месечни приходи) се наоѓаш ти според дадените податоци во однос на вкупниот број на апликанти. Доколку некој на таа скала (пр. со приходите) се наоѓа пред тебе во вк.број апликации тој има предност, а на крај може да има и помалце вкупни поени. У п.м. Немам поим од објаснување Се надевам ме сфативте што сакам да кажам.
^ Убаво објасна, јас те разбрав. Исто така, најважно е тоа што на студентите од техничките факултети и тие кои студираат на медицински им се додаваат 10 поени плус на целокупниот број на поени поради тежината на факултетот. Инаку, и мене ме збуна тоа со тие со 6 просек. Не ми е јасно. Дури почнав да се сомневам дали јас сум зела стипендија кога ги видов тие, иако имам просек 90. Зедов тип Б, да ви се пофалам. Се надевам сите кои аплициравте се најдовте на листата, секој кој има висок просек заслужува да земе стипендија. Огромно благодарам до девојката што го стави линкот до е-конкурси, никогаш немаше да ми текне таму да проверам. Ми ги скрати маките. ТИ БЛАГОДАРАМ!
А како иде околу парите, стварно не се сеќавам а и не бев обрнала внимание. Колку е за А , за Б и за В месечно? И ме занима баш во кој период ги праќаат парите и по колку рати плаќаат како иде исплатата, знам дека доста каснат ама отприлика?
Јуху, тип Б! Се надевам сите што аплициравте ви е одобрена стипендијава. И честитки! И едно прашање, сега што треба да се прави со она договорот? Да се испринтаат три примерока од тоа документот што е поставен на страната и плус трансакциска сметка и да се пратат по пошта..добро разбрав, или треба нешто плус?
Тип А зема 4000, Тип Б 3000 или 3500 (не ми текнува точно), а Тип В 2500. Не доаѓаат месечно, едната сума ја праќаат два или три месеци после објавување на резултатите, наеднаш за 4 месеци, а наредната ја праќаат во јуни или јули, наеднаш за 5 месеци. Една другарка лани зеде стипендија и така и стигнаа, од прва рака знам.
Да, да - ТИП Б Искрено се изненадив и не очекував дека ќе добијам. Еднаш и јас да се изненадам позитивно... Се надевам дека се најдовте во списокот...
И јас добив тип Б, и сум среќна, а малерот во мене е што не добив за 0,2 поени тип А.. ама добро е и на ова се радувам
Да, лани во мај стигнаа парите за 4 месеци, а на крај на јули стигнаа и за останатите 5 месеци. Но , не мора да значи дека сега така ќе стигнат. Се тоа зависи како министерство за финансии ќе одобри и колку ќе се има пари во каса. Пред минатата година (во јуни имаше избори) до мај за сите 9 месеци ги исплатија парите. Може оваа година да се деси нешто да исплатат до март кога се изборите.
А секоја година ли се поднесува за стипендија или еднаш откако добиеш- ќе добиваш и наредните години ако ги исполнуваш условите? И од колку до колку се мерат месечните примања за да земеш од тип а,б или в?