^^ Markusa2 наредните години ќе си ја продолжуваш само, ако ги исполнуваш условите Носиш потврда за редовен студент, уверение за положени испити, УППИ образец и индекс на увид. Инаку, честитки за сите оние кои добија стипендија
Еднаш аплицираш, наредните години само носиш потврда за просекот, потврда за редовен студент, иднекс и уште еден документ кој го симнуваш од страната на министерство кој се однесува на предвидени, запишани и остварени кредити (истиот се носи и кога се аплицира). Тие документите од УЈП веќе не треба да ги носиш. Месечните примања зависат од година во година (колку што знам јас). Зависат од примањата на сите што аплицирале таа година. Се прави листа на сите апликанти и така се утврдува просекот, најниските, највисоките и сл.
Мене не ми се верува какви се глупаци поднеле пријави за стипендија, тоа чудно едно е Убаво таму пишува вкупни поени кои се движат пример 65, 67, 70,80, 90 и така натаму.. а тоа се вкупни поени од сите критериуми како просек, примања, тип на факултет.. они си мислат дека тоа е просек и се жалат со коментари од тип леле како на А земало со 7 просек Аман бе до толку ли не ви работи мозочето, аман.. Како тоа може да биде просекот 90, не за џабе постојат точки и запирки да се одделат децималните броеви.. Јел ви то озбиЉно Па пишале јас имам просек 90 а немам стипендија.. Сестро нема просек 90, има 9.00 ........
^ И јас тоа се чудев. Претпоставувам зборуваш за групата Студентски кредити и стипендии. А има и еден куп исфрустрирани кои тврдат со глава дека сите што добиле стипендии, ги добиле со врски
Не се залажувајте листава ја прегледав и за жал е далеку од вистината. Прво и основно почнувајќи од универзитетите. Второ, што се овие глупости на приватни универзитети стипендии да им даваат? Тој што е на приватен,ама воопшто не му е дојдено до тие 2000-3000 денари,а да се зголемат истите на оние од државните универзитети, барем тие што заслужиле да ги земат многу ќе им помогнат.
^ Абе ајде еве да речиме и таму има студенти што си учат и на стипендијата гледаат исто како нас - како лична сатисфакција и доказ што се потудиле. Не знаеме колку се такви ама ги има и ајт. Мене ме интересира колкава е мојава група т.е. одбиените. И искрено би сакала и таквите да не има на список сосе нашите бодови, барем да видам зошто не сум зела и колку се разликувам од тие што зеле.. Многу сум смотана, требаше и за третата да аплицирам. За неа повеќе шанси ќе имав отколку за другиве, без разлика на приходите од 40000 (ние домче си знаеме колку и тие ни се доволни а и дали воопшто тие беа причината што сум одбиена). Е, и дали досега некој има пуштано приговор и му го признале истиот?
Не знам како е возможно социјална стипендија да земаат студенти на приватни факултети. Штом се запишале на таков значи дека имаат пари Нечии родители дома леб и сол јадат за детето да им заврши факултет, има и просек и се и нема да му доделат стипендија за да земи дете од некој доктор или директор. Калимеро нема правда ама тоа е.
Ме интересира дали некој од вас или некој ваш познат што бил одбиен поднел жалба и му ја прифатиле? Мислам на некој од порано.. Не сум слушнала за таков случај, се мислам дали воопшто вреди малтретирањето околу жалбите?
Мене не ми е јасно, од сите 953 луѓе под Б и 157 под А, јас ли имав најмал просек и најголеми приходи? Како и да е, јас ќе поднесувам приговор, најверојатно. Планирам за А. Нели таму немаат врска приходите, сакаат одлични студенти, ете им ги. Хир ај кам. Нула нека ми дадат за приходи ако сакаат, пак имам поголеми шанси отколку под Б ако ми дадат нула од 40. Мада што не сум министерско дете, не ми е јасно ова, ама ајде, нула нека им биде. Исто, не знам зошто ги рангираат исто сите факултети низ државава, односно ги делат само на технички и општествени науки, кога јасно ни е на сите кој факултет како функционира. Не ми е намерата да ве навредам, ама ова и те како има врска. И јас да се запишев на дисперзирани не 10.00, 11 ќе имав просек.
Немам уште никаква информација за жал, освен да чекаме да стигне дома известување зошто немаме добиено стипендии.
Знае ли некој кој семестар треба да се напише во договорот, сега во кој си запишан или предходниот кога ги носевме документите (кој е заверен)? 3ти или 4ти???
И јас планирам да поднесам, мада сум мнооооооогу скептична дека нешто од тоа ќе излезе Немам слушнато дека на некој му дале откако поднел приговор, ама ајде, да се надеваме
Пиши го непарниот, односно во твојот случај 3ти, бидејќи документите се носеа пред нова година Инаку, јас прочитав на групата на фб дека имало некој нов договор за стипендиите тип В, бидејќи ќе била покачена стипендијата. Е сега, ме интересира дали само за новите е качена или и за продолжените? Сте слушнале нешто за ова? Еве конкретно за што зборувам, го копирав од страната Кандидатите на кои им e доделена стипендија, потребно е да достават три пополнети копии од Договорот (договор за стипендија од тип „В“), кој дополнително ќе биде прикачен на страната на Министерството,поради Одлуката за ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МЕСЕЧНИОТ ИЗНОС на истата, и читлива копија од денарска трансакциска сметка на име на студентот.
Ова нема врска, приватните факултети секоја година доделуваат стипендии за матурантите кои вклучуваат бесплатно школување во смисла не-плаќање на школарина (или како и да се вика тоа кога плаќаш семестар), така да тоа дека само богати студираат таму нема апсолутно никаква врска. И на тие им е потребна стипендијата исто толку колку и на вас, за трошоци за превоз, храна, книги и слично. Ја следам темава од поодамна, и да ви кажам на тебе и на сличните со домашни приходи над 20 000 ден и се жалите зошто не сте зеле стипендија. На дечките од министерство не им е гајле како ги трошите тие 40 000, ни дали ви стигаат и слично, реално гледано 40 000 се ПРЕМИЈА во државава, така да, за разлика од 1000 други семејства што делат од уста за да можат да ги школуваат децата, на вас воопшто не ви е потребна стипендијата. И за да не се чудите, да, тие се причината заради која сте одбиени. Еве пример да дадам, една моја колешка имаше можност да земе стипендија со просек, ама за среќа не е за жалење од дома, па не ја зеде. Имаше реални можности и со врски да ја земе па сепак не и ја дадоја. Така да, размислете малку, колку некому е попотребна стипендијата и колку тие 3000 месечно ќе му направат разлика. Да и ја дадеа на нејзи, можеби некое семејство ќе си останеше без струја зимава.
Да да, непарниот треба, барем јас го пишав непарниот и немав никаков проблем. Сепак, документите се поднесени во непарниот семестар и мора тој да стои
Реално гледано - Нимерија е во право. Ама ќе се надоврзам на постот од Дузи - сакаат студенти во вистинска смисла на зборот и пак не се цени тој труд. Секој сака да добие нешто за возврат, а јас не гледам никаква причина студент со просек од 9,50 па и над тоа да не добие вакво, да го наречам признание. И ме интересира - значи за В тип не е важен просекот, тоа го знам. Меѓу стипендиите од А и Б тип, што е разликата?