Проверив сега пак, добро е сменето е. Кога го пишав постот овде имаше само Филолошки факултет Блаже Конески, ама сега е во ред. Инаку тој број од пријавата најверојатно ќе го има откако ќе ја пополниме пријавата и ќе треба да го испечатиме, исто како со изјавите ,образецот и евидентниот лист. А ќе ми каже некој каде треба да се завери тој образец УППИ?
Девојки, тие што аплициравте на интернет за стипендија, како аплициравте он-лајн, на која страна? На страницата на министерството пишува да се пријавиме на www.stipendii.mon.gov.mk,но јас не пробувам веќе неколку дена и не ми ја отвара Кажете вие како се пријавивте, па да се пријавам и јас
Колку предмети си имала во претходаната година/години. На пример ако си имала 5 предмети во прв и 5 во втор семестар значи предвидени ти биле 10, а потоа пишуваш колку од предвидените ти се положени ви наредното поле.
Da ne znae nekoj slucajno dali mon davaat stipendii i na Magisterski studii?(ne mozam da go otvoram sajtot na ministerstvoto
Искрено мислам дека имаше за магистерски студии стипендиите се викаа Борис Трајковски, но не ме фаќај за збор ќе провериш утре на мон на страната имаше. А и не беа за сите видови на факултети.
Веќе аплицирав електронски, сега проблемот е дали да ја потпишам таа изјава дека не сум корисник на друга стипендија или не ???
Веќе аплицирав електронски, сега проблемот е дали да ја потпишам таа изјава дека не сум корисник на друга стипендија или не ???[/quote] Мислам прво да почекаш , сега за сега само аплицираш, не знаеш дали ќе добиеш. Кога ќе носиш документи ќе мора да ја потпишеш изјавата, но ако добиеш, мој совет е кога ќе потпишеш договор во министерство сама да си ја откажеш стипендијата од општината, бидејќи не смееш да примаш 2 стипендиии, а ако те откријат ќе ги изгубиш и двете.
Девојка ваму кај што пишува за имотната состојаба треба да го пишиме целиот имот што го имаат родителите?или...
Сега не сум сигурна,но нели кога ќе извадиш уверение од УЈП ти пишува за сите приходи (и имотот) на родителите.Епа според тоа и ќе го пополниш електронски конкурсот. п.с.Ви посакувам на сите што конкуриравте за стипендии,да си добиете.
иначе не треба само за септември да се напише.... многу убаво е напишано со задебелени букви над него дека треба на годишно ниво да се напише сумата.. т.е. за цела година сумата што ке ви ја дадат во ујп на документот а не треба месечно.... тоа месечното потврдата за таму ке ја однесите за да проверат дали е точно а иначе не треба месечно да се напиши... гледајте убаво немојте да згрешите...
Мислам дека за плата, пензија, социјална помош или надоместок по основ на технолошки вишок треба да се внесе месечната сума, а за приходи по други основи и не ми е баш некако јасно дали треба на месечно или годишно ниво :/
Се треба да е на годишно ниво. Од УЈП ги даваат потребните документи и во нив се напишани годишните суми. Тие треба да се внесат.
НАПОМЕНА: 1. Приходите за примањата по основ на имот, земјоделска, стопанска и професионална дејност како и приходи по други основи се внесуваат збирно од потврдите добиени од Управата за јавни приходи. Не треба на годишно ниво да е и платата. Само овие работи се внесуваат збирно.
Oд управата за јавни приходи во документите ја имаат внесено годишната плата, затоа помислив дека треба годишната. А потврда за плата тоа што беше треба само за месец септември нели ?
Да, само за септември 2010. Таа сума треба да се напише и на електронската пријава. Убаво си пишува во конкурсот дека треба да се внесе плата за месец септември, а доколку не е исплатена таа, тогаш последната исплатена плата на родителот.
А јас што извадив потврда за последните три плати???? На конкурсот пишува последните три плати, а потоа пишува само за месец септември 2010. И сега???