За тип А мислам дека приоритет е просекот, таа е „За талентирани студенти“, а за Б повеќе се бодуваат примањата, на просекот помалку се гледа..
Да, донекаде и ова е точно, ама не заборавајте дека пред се, вие учите сами за себе и за да се надоградите вие а не државата. Никој не е должен, освен можеби вашите родители, да ве наградува за учење. Си учите за себе, трудот што го вложувате е за себе, оценките се за вашето знаење, не за државата. Основна цел на една стипендија е финансиски да помогне на студенти на кои им е потребна помош а кои заслужуваат, но со поголем акцент на тие на кои им е потребна финансиска помош. Мене дедо ми ми даваше 50 денари за секоја 5ка на тест, ама сега го нема, а и јас пораснав, па не земам веќе домашна стипендија Ако ви е потребна финансиска мотивација за да учите, тогаш факултетот не е за вас.
Дузи и кај мене е исто, е сеа не дека ми е просекот 10, ама сепак е висок, пет члена сме во семејството а вработен е само татко ми и тоа да не кажам, ама никаква плата, и да гледаат примања кои примања бе човек Ако дознаеш што како идат процедуриве пишувај одма
Затоа „државава“ наша нема да ја бидне, од вакви глупости, неправди, врски, безвезе вработени во министерството, кои кога се јавив гледаа само што побрзо да ме откачат
Ако веќе гледаме од таа страна, дека стипендијата им е најпотребна на оние со многу мали примања или социјални семејства, тогаш според мене износот на стипендија треба да биде највисок за тип В. Пред се, за да се поддржат студентите кои потекнуваат од вакви семејства. Ама вистински социјално загрозени семејства, а не оние што фалсификуваат документи. Тие дури треба и да се казнат, оти нели фалсификувањето е прекршок. За тип Б и тип А износите треба да бидат помали, ете да претставуваат некоја награда и лична сатисфакција за остварениот просек и за трудот што го вложиле студентите. Ама тука има едно големо АМА, бидејќи кај нас се се фалсификува од документи па до просек. А да не ги спомнувам и оние што просекот го добиле како резултат на дебели партиски или фамилијарни врски. Е од таквите ми иде Ама таква ни е државата, тоа е веќе длабоко вкоренето во целиот систем. Затоа не одиме напред
Добро бе стаиле линк за да си го симнеш договорот а страната не се отвара, само кај мене ли е вака? Или па со сила не прават будали овие од министерство, како да го симнам договорот сега?
Затоа си има три вида на стипендии - А, Б и В. Нека направат да има пет вида на стипендии, три нека бидат за социјални случаи, пример, В, Г и Д, и нека ги рангираат и според успех и според примања. Ама другите две да си бидат само и само за талентирани ученици кои имаат просек над 9. Нека бидат А и Б само за тие што учат. НИКОЈ ама баш никој не може да ме разувери дека не заслужувам стипендија, затоа што јас знам колку трчкарање е и колку нијанси се во прашање за оценка од 8 до 10. Ако само учам и ништо друго не правам, ќе ги минам без проблем, ама сите тие дополнителни активности, домашна, редовност, па семинарски, проекти, дрн дрн јариња... сите тие се дополнителниот труд кој се вложува и кој ја нијансира оценката во горна линија. И лицемерно ќе кажам - за леп индекс и тапшања по рамо не учам, ама ич не учам. :geek: Свесна сум јас дека има на некој што повеќе му треба, ама исто сум свесна и кој се зема стипендија деновиве. Тоа мене ми ја пали болната точка и ради тоа има да се бунам и да одам до крај со ова. Затоа што само така се функционира во државава. Од сите што се тепаат и зимаат, дали 40% навистина им треба за студирање. Да ме убедат дека без проблем студира на приватен факултет, има ауди и бмв по дома и дека тој има помали приходи од моите, не можат. Најдете ми нормална земја во светот која одбива студенти со просек над 9 од каква било помош и ќе ви речам да, така е, не ми треба мене стипендија. Затоа што денеска земаа В стипендија многу мои колеги кои имаат многу помал просек од мојот. Да, потребна им е, ама на крајот на денот, и нивното и моето е стипендија и мотивација за повеќе труд и учење.
Doozy во право си дека и твоето и нивното е стипендија, ама не и мотивација. Тебе можеби да, ама прашај ги оние што имаат само една плата во семејството, а имаат студент на страна. Размисли како го издржуваат. А да не збориме, ако се двајца или повеќе студенти во едно семејство. Најчесто, од тоа што го имам гледано околу мене, баш тие што немаат доволно финансиски средства учат навистина и дипломираат на време. Може има исклучоци, не велам не, ама од она што јас го гледам околу мене е така. И не мора да имаат висок просек, доволно е што испитите ги земаат на време, не го влечат факултетот со години и не ствараат дополнителни трошоци дома. И верувај дека многу добро те разбирам, и јас знам која е нијансата меѓу 8 и 10. И јас се трудам за просек, не сум од оние што си велат - абе само да положам, па ако сака и 6 нека е. Ама таква ни е државата, не можеме ништо да смениме, ниту ти ниту јас
Дузи ке се сложам со тебе, значи некој цела година ке се убива од учење, ( и немој жити бога да ме убедувате дека има уште такви кои учат само затоа што сакаат да учат, а не затоа што мораат ) и ке земе стипендија од никави 3000 денари со просек 9-10 а некој со никаков просек ке ги зима истите пари само затоа што успеал да бркне некои врски и да успее да лажира дека нема никакви примања. Ајде бре, еве колешка на факултет нити успеа да исчисти 90 посто од испитите нити па има просек, ( просекот и е едвај 7), демек нејзините и двајца се невработени, имаат примања 0, успеа да земе тип в, а јас при толку учење и лупање глава, ке земам иста сума на пари со неа, која цела година ја помина без замарања онака лагано. Ако им требаат пари си има бре социјално незнам што, како успеваат нејзините да и го платат факултетот да и дозволат одмори во Турција и Швајцарија ако имаат примања 0? Значи не зборам за оние на кои навистина им е потребна финансиска помош, ама ми ја вреѓа интелегенцијата ова што го прават од министерство, нас не ставаат во ист кош со нив
Абе знаете што... сите сме во право, и едната и другата страна. Да почнеме од тоа дека како студенти немаме никакви повластици, попусти за меѓуградски/градски превоз, бесплатни книги, имаме наводно ,,бесплатно,, студирање, ни ги оданочуваат плаќањата со плус таксена марка, нема нормални студентски домови, корумпирани професори насекаде... А економската состојба во државата на сите ни е јасна. Многу работи треба да се средат прво, многу брзини се измешани, многу услови ,,мирисаат,, за стипендииве. Зошто им бараат успех на социјалните случаи и приходи на талентираните, од таму да почнеме? Фала јасно дека ќе се тепаат сите за стипендии... Мислам, јасно ни е на секој и секој најдобро си знае по дома кој и како го мине месецот. Само ќе кажам дека еве речиси поминав две години, уште две и ќе одам каде што повеќе ќе ме ценат.
Ова во никој случај не е точно. Државата и те како има корист од стручни кадри, кои за жал кај нас се се помалку и помалку. Сите заедно ја креираме државата, државата не е само парламентот и пратениците во него. Зошто утре, други ден ти ќе имаш потреба да отидеш на лекар, ти ќе имаш потреба од адвокат, твоите деца ќе имаат потреба од добар учител. Насекаде треба образование,ама стекнато образование,а не подарено. Зошто сите си влијаеме едни без други,а се додека така размислуваме, предност ќе им се дава на оние "тато,тато купи ми диплома" и утре ти од таквите ќе КУПУВАШ ЗДРАВЈЕ, ПРАВДА и ОБРАЗОВАНИЕ на твоите деца, наместо да стекнуваш. Во претходниот пост твој исто прочитав дека си за да се доделуваат стипендии на приватните факултети. А, не треба. И тука едно зошто? Затоа што кај нас приватните факултети се премногу потценети. Приватен факултет треба да значи углед и самиот факултет штом е приватен штом мисли дека се води по европски стандарди, кренал партиципација колку вкупни годишни приходи на едно семејство, тој факултет нека си доделува стипендии. Кај нас нема простор да студираш на приватен факултет,ако немаш пари евентуално. Уствари ете ФОН доделуваат стипендии и ако си задржиш просек платен ти е факултетот, за другите не знам. Но, во глобала смешно е зошто државен факултет е факултет кој горе-долу го финансира државата и пола пари што се покрадени по студентите "неосетно" одат за државата, кај приватните факултети државата не е директно инволвирана, па сега уште дополнително да ги финансира студентите што се на истите нема смисла.
Ако навистина ни стигнат на домашна адреса причините за being rejected (и тоа колку ќе го чекаме), тогаш ќе дочекам и исто ко Дузи си пуштам приговор. Барем да знам дека јас не сум се откажала овој пат. Криво ми е што ја заслужувам, а ја немам, пари ко пари инаку, ниту беа мои претходно ниту ништо. Ексик најпосле, пре би мајка ми да работи наместо да плачи секој ден дома отколку јас да ги имам тие мочани неколку илјади. Илјади што ми припаѓаат!
Најпрвин треба да се преиспитаат сите тие што имаат примања 0, доколку е навистина така тие ке немаат леб да јадат, а не да студираат бидејќи сите знаеме колко е ‘‘евтино‘‘ нашето образование !!! Сосема е во ред предност да имаат оние со пониски примања, нема што да се убедуваме дека некој со примања од 40 000 навистина има поголема потреба за стипендија од некој со 10 000, а да не ги спомнувам оние со 2-300 кои одвај врзуваат крај со крај.
Кој тоа вели дека не требало да се дава стипендии на приватни универзитети. Па се гледаат и приходите, ако велите имале пари ќе имаат и огромни приходи и автоматски многу помали шанси за стипендија. Башка, еве конкретно за А на оние од државен им даваат 150, а на приватните само 30. Па на приватните има деца со стипендии и тие залужиле ако имаат просек да добијат стипендија. Еве јас имам целосна стипендија не плаќам ништо, се убивам за да го имам просекот 10.00 и не треба да имам стипендија? Тие што имаат огромни приходи не се ни пријавија, дека знаат немаат шанси. На тип В се гледаат приходите, така да не може да земе некој што има големи приходи па автоматски ви паѓа во вода тоа дека земале и тие со многу пари. А не мора да значи дека спиеш на пари ако даваш 2000 евра за факултет, подобро таму 2000евра одошто да им дадеш на професори по 600-700 за да поминеш на некој испит. Знам деца што се на приватен, па не се нешто со огромни примања, си идат на work&travel програми летото, па сами си заработуваат за да учат на приватен, додека од дома имаат минимални примања.
Е тука не си во право. Ако не си од вакво семејство, тогаш не можеш да заклучуваш вака. Еве пример, татко ми работи сезонска работа, и тоа најчесто во летниот период. А ние на факултет не сме тој период. Пари требаат во септември и во јануари, мислам на оние поголемите, за партиципација и слични глупости. Ајде во септември ќе присобере ќе плати, ама во јануари? Само јас си знам како живеам додека сум на факултет. Ама затоа тука се баба ми и дедо ми да потпомогнат малку од малку. Не можеш да генерализираш дека тие со приходи 0 немаат леб да јадат, а не па да студираат Од каде знаеш, можеби некој од родителите работи на црно? Можеби заработува колку да купи леб, и не секогаш има за да даде пари за факултетот. Помага стипендија, ама до некаде. Оти не ја пуштаат на време, ете затоа
Во ред разбирам дека има и такви случаи, но знам околу мене многу колешки чии родители се во Авганистан имаат којзнае колку пари не знаат ни тие самите што да им прават, а земаа стипендија. Уште кога даваа ваучери ми вика јас имам веќе лап топ од 50 000 не знам сега пак ли да си земам лап топ или таблет, да доплатам 20 или 30 000? Абе ајде, ама така е нема ништо фер
jas vcera bev i se vide deka ima kompjuterska greska i zaradi toa ne sum rangirana a imam 95 poeni i nemam zemeno stipendija. Sega nz ponataka sto ke se desava imase premnogu poplaki za toa, a sto povekje ke otidat takvi, pogolemi se sansite i nie sto ni e napravena nepravda da dobieme. Zalba inaku ke obavezno ke podnesam. Znaci bukvalno tamu lugje se tepaa i se derea zaradi nivnite greski taka da neznam sto ke bide ponataka
Моето претходно мислење во темава е напишано врз основа на моите познавања на деца запишани на приватни факултети чиишто родители се доктори, директори, шефови... Како пример го имам синот на шефицата од татко ми кој зеде стипендија В, учи на ФОН и спијат на пари. Во мојата околина нема студент со родители кои земаат социјална помош или пак една просечна македонска плата и притоа студира на приватен факултет, па поради тоа не можам да тврдам дека постојат такви деца. Како и да е сите знаеме во какво опшество живееме и кога тогаш мора да се помириме со тоа или пак да си го бараме чарето надвор од државичкава. Не може да се делат пример 400 стипендии тип А а пример 500 студенти аплицирале за тип А исполнувајќи ги сите критериуми и како ќе прајме сега? Ај на 400 рандом избрани ќе му дадеме стипендија, а овие 100 ги исполнуваат сите услови ама нека посвират малце оти толку е местото
Апсолутно не се согласувам со првиот дел. Државата нема обврска да те финансира додека студираш, значи своеволно студирате, своеволно трошите, и за вас се надградувате, не за државата. Ти утре може ќе забегаш во странство, која корист ќе ја има државата од тебе? Или еве не мора да заминеш, награда ќе ти биде тоа што ќе имаш обезбедено добра работа (сега тоа што малце ситуацијата во државата ни е незавидна тоа друго е) со помош на знаењето што си го стекнала во текот на студирањето, ќе земаш државни пари вака или така. Никаде во никое општество никаде во светот државата не ти плаќа за да студираш, освен евентуално да дојде до тоа дереџе да има дефицитарен кадар па да ти плаќаат да го учиш. Да не одам во екстреми, добро е што доделува стипендии и се тоа, ама сфатете дека не може сите да земат стипендии, жал ми е за случаи-колатерална штета за сметка на некој што имал јаки врски или фалсификувал за да земе стипендија, ама во глобала, стипендиите се доделени на вистинските места, барем кај сите што ги знам што си добија. Во однос на приватните, не знам што да кажам бидејќи ме замисли, да во право си, не се на терет на државата, и малку е бесмислена нивната стипендија, ама пак како што кажа Каренин, и тие се студенти и тие се на трошок... А некој рече дека тие деца од семејства со 0 приходи не треба да студираат. Што да речам освен срамота за размислувањето. Кога има можност и фала богу кога државата се понудила да помогне, иако не оти многу ќе помогне на такви случаи, ама нели секоја помош е добредојдена, зошто и тие да не студираат? Тие немаат ли право на подобра иднина? И верувам дека никое од тие деца не бара леб спроти погача и тие што навистина не можат да си дозволат до толку не ни студираат, комшивка ми е пример, имаше јака желба ама не можеа нејзините да ја финансираат, сега си работи привремено најверојатно за некое време и таа ќе запише факултет.