Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    2.449
    Па нели за ТИП Б 850 требаше, а дале повеќе 900 и нешто незнам точно. Исто и за ТИП А имаа повеќе дадено. За ТИП В 1500 даваа, но 1428 имаат дадено, значи тие што аплицирале за Б и В претежно на сите им дале Б па дури и останале места во В.

    Мене не ми е јасно пример кога ќе го објават договорот дали има рок кога треба да се однесе, не можам да го најдам конкурсот дали пишуваше во него.
    И тој документ дома што треба да стигне, дали има некаква врска. Пример ако не стигне, а треба да се однесат документите...

    Жал ми е за сите што не добиле стипендија, а заслужиле се надевам дека по приговорот ќе им дадат. Но, би сакала да наведам дека државата не стипендира од самиот почеток на студирањето со тоа што ги намалија и партипациите, но овие стипендии се дополнителна мотивација за учење и награда за трудот.
     
  2. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.575
    Пол:
    Женски
    Isabel договорот и копија од трансакциската до 20 треба да се пратат ова е за А и Б тип, кај што се самите резултати ти пишува рок.
    Ако прашуваш за тип В, тогаш чекај кога ке го објават договорот ке пишува и рок :)
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    2.449
    Да за В ми треба :) фала :*
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Значи државата ако вложи во младите се со цел да ги поттикне и од нив да излезат професионалци ,а не паразити со партиска книшка, кога конкуренцијата за работно место ќе биде врз основа на знаењето,а не врз партиската определба, е тогаш процентот на млади кои заминуваат во странство ќе е многу мал.
    Ако државата не вложува во младите на правилен начин,САМО ЗАТОА ШТО МОЖЕБИ ЕДЕН ДЕН ЌЕ ЈА НАПУШТАТ ДРЖАВАТА, тогаш тука остануваат горенаведените паразити од кои денес ги гледаме последиците.
    Наместо интелектуална младина, кај нас излегува искомплексирана младина, на крај да сфатиш дека ако не газиш по трња и луѓе нема да ја добиеш посакуваната работа.

    Да не споредуваме минати со сегашни времиња, кога порано факултетот бил ненормална привилегија и државата практично нозете им ги бакнуваше на тие со факултет,а не студентите да ги третираат како првоодделенци.
    Од старт кога средното образование се поистовети со основното, факултетот ни доаѓа нешто како средно во случајов,а постдипломските студии и докторатите веќе секојдневие.
    Се изгуби смислата на факултетот и државата треба да си ги сноси последиците. А, тоа што се фалсификуваа документи, па сега неколку биле ништо не значело пу пу не важи, не е оправдание. Тоа е крајно ретардирано и неоправдливо.
     
    На LittleDevil и mimiiiii им се допаѓа ова.
  5. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па никој не рече дека е оправдано фалсификувањето и тоа дека се неколку случаи.

    Државата треба да мотивира, да, ама со обезбедување на поволности за студентите во смисла убаво уреден студентски дом, попуст за студенти и слично, и тука секако спаѓа стипендијата, ама, дека стипендијата треба да те мотивира за да учиш, нема смисла и не може ни да има, бидејќи стипендија како стипендија, не се дава за награда, се дава за помош.
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Никоја не слушна ништо за покачувањето? Само за новите е или и старите ќе бидат покачени? И лани кое време ја пуштија првата рата од продолжените?
     
  7. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Колку голема заблуда е дека ќе дадеш пари за испит , ако си научиш нема потреба за ништо да даваш , ако не можеш да научиш и треба да платиш за испит не треба ни да студираш ... ( а и настрана тоа што е кривично дело )

    И тука е маката , која е потребата сите да студираат , па родителите крв ќе поплукаат ама ќе го запишат детето , ако немаат пари а детето го бива зошто да не студира на државен ? :?:

    Тие со минимални примања на приватен најчесто не ги бива за учење ( не зборам за тие што добиле стипендија ) , па ќе врзуваат крај со крај само да има диплома оти со учење не може да ја добие ...

    А за муабетот за оние со висок просек и високи приходи .. Не знам што е спорно тука секаде во светот се наградуваат талентирани ученици без разлика на приходот дома ..

    Јас не велам дека не треба да им се помогне на тие што имаат мали приходи ( може да ги ослободат од партиципација ) . Впрочем нели си има В стипендија таму просекот не игра улога голема .А многу од тие да не речам 50% што добиле стипендија врз база на приходи се успешни во прикривањето на истите , ај да не се лажеме :D

    И студент кој постигнал висок просек , се утепал од учење никој нема да ме убеди дека не заслужува стипендија ( без разлика на приходите )
     
    На TheKiketoo и simoncelicius им се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Тоа е реплика на претходните твои тврдења дека државата нема никаква корист од твоето учење.
    Студентските домови и останатите попусти се дополнителна тема за која нема што да се дискутира зошто и онака сите ќе се согласиме на истата.
     
  9. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Малку касно Ви пишувам, ама честитки до сите феминки кои зедоа стипеднија. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Моите тврдења не се дека државата нема никаква корист од твоето учење, туку дека нема обврска да те наградува за студирањето бидејќи првенствено тоа е твој успех, а после на државата, тоа е твоја лична желба, факултетот не е задолжителен. Или можеби ти си некој исклучок што учи за доброто на државата, не знам.
    Ако не нека ни платат на сите што студираме, со или без просек, на приватен или државен.
     
    На SnowWhite91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ме замисли ова просек vs. финансиска состојба.

    Според мене треба да има два типа стипендии, едната за оние со добар просек, другата за социјалните случаи, и да изнесуваат исто. Затоа што ако В ја направат на пример 4000, а А и Б помалку, сите ќе лажираат документи за колку им се примањата и пак нефер ќе бидат доделени стипендиите, така одат работите во нашава државичка. За моменталната состојба и тоа што стипендијата тип В е најниска, сметам дека е во ред, но на семејствата со студенти кои се социјално загрозени не треба да им се помогне со студентска стипендија, овде треба да се ангажираат социјалните служби и да добиваат некоја дополнителна сума како социјална помош, па така сосема ќе ги разграничиме финансиите од стипендијата и стипендија ќе добиваат оние со висок просек без разлика на примањата. На крајот на краиштата стипендијата ја сфаќам како награда за трудот, па затоа и реков дека студентите кои финансиски стојат послабо треба поинаку да се решат, односно да им се додели некоја дополнителна социјална помош.

    Да се надоврзам на муабетот од погоре, јас не учам за стипендија. Да, супер е да земаш стипендија, ти дава поттик да држиш просек, парите се мотив, тоа е факт, но не се најважната работа. Јас не се запишав на факултет да и удоволам на државата, ако веќе сакав да и удоволам ќе се запишев на факултет каков што недостасува кадар, на некој од техничките можеби, а јас се запишав на она што сакам да го учам, тоа е мое знаење и понатаму можам да го искористам како сакам, ќе размислам дали во државава или некаде надвор. И стипендијата не е никаква гаранција дека понатаму ќе продолжам да учам и да се залагам за мојата држава, всушност стипендијата што ја добив е единствената работа што државава ја направила за мене како студент досега. Не сум добила никакви поволности, попусти, учебници, ништо! Доколку започне повеќе да се вложува во студентите, да не се повторувам со девојките погоре, ако на оние со висок просек им се обезбеди работа по завршувањето на студиите, би останала овде без размислување. Да се потсетиме дека стипендијата ќе ја земате 3 години, што е понатаму, кој понатаму ќе ве финансира? Џабе е и стипендија и се’ ако откако ќе завршите дипломата ќе ви го краси ѕидот, 10ките индексот, а работа ни за лек.

    За крај да кажам дека добив стипендија тип А и честитки на сите што добија стипендии, а останатите обавезно да се пожалат, а и секогаш има нареден пат (наредната година) :)
     
    На Hipster и Springy им се допаѓа ова.
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    http://www.heysuccess.com/
    Еве една страна која неодамна ја открив каде што даваат стипендии за додипломски и постдипломски студии, исто има повици за летни школи, конференции и натпревари ширум светот, може ќе се заинтересира некој. :)
     
  13. jovankad5

    jovankad5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Подобро испратете си на време затоа што на една другарка не и стигна ништо и таа се двоумеше дали да го чека или да прати бидејќи на нејзини колеги им стигнало. Среќа, ги испрати на време, а документот и стигна дури неколку дена откако помина рокот.
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    2.449
    Значи не игра голема улога, тоа би било како писмено известување дека сум добила стипендија
     
  15. jovankad5

    jovankad5 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    3
    Да, така нешто е мислам. Битно договорите да се испратат на време. :)
     
    На Isabel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Девојче, во Македонија живееме да се разбериме не во Шведска или Норвешка.
    Оние со средно, освен ако не се пикнат со јаки врски на работа, немаат апсолутно никаква перспектива. Не учам јас само за мене,учам и за општото добро, бидејќи од моето знаење корист ќе има и државата и сите граѓани што ќе ја користат мојата услуга благодарение исклучиво на моето образование.
    Ти не можиш да учиш и да се вработиш во јавна установа, исклучиво само поради себе,а од тебе ќе зависат луѓе.
     
    На Hipster и Doozy им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се јасни двојниве стандарди за стипендија.
    Бараат просек, ама ако не дај боже твоите заработиваат за достоен живот, енмој некој денар поше да дти дадат.
    Мене не ми дадоа а имав скоро 8.9тогаш кога аплицирав.
    И да им вратија одговор, и знаете колку беше двосмислени или подобро да кажам тросмислен?
    Баш и една професорка и го дадов да го прочита се крстеше.
    Океј сваќам едениот родител ми заработува поише од 10 000 иљади, па иам пари, нема проблем.
    И муабетот ми беше друг, тука не наградувате на успехот што сме го постигнале или се сожаливете дека родителите имааат ниски приходи?
    Никаде во светов нема таква двојна класификација.
    Се знае ако имаш просек над тој и тој имаш стиендија.Ако имаш финансиски проблеми земаш друга стипеднија, да точно треба да имаш просек, ама среден кој треба да го оджуваш а не 9 или над 9.
    Јас знам случај девојка на еконоски сите 3 години беше 10.00 просек.
    И погодувате нели не зема стипенија, ни А ни Б.
    Некој со просек одвај 8 ќе земе, а она со 10.00 нема.
    Toчно секој учи сам за себе за свои цели и мотиви, ама демотивира кога ќе видиш дека некој со многу помалку знаење и друд од тебе за со дебели врски ќе си земе стипедија.
    Колку само документи се исфалсикуваа за стипеднија, тоа чудо.
     
    На Simonna7, Doozy, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    Некој од старите корисници од тип Б да не има нешто пари на сметка? Прочитав дека на тип А му префрлиле 12000 уште пред 2 недели и поќе нас не заборавија или што е проблемот?
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Тип А ги пуштија уште за нова година, а не пред две недели :) Ама ќе си чекаме, тоа е :D
     
  20. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    Тоа што треба да се прати копија од трансакциска сметка, во Тутунска банка даваат едно како ливче, а во другите изгледа картички, исто е тоа, нема да има проблем???