Студентски стипендии

Дискусија во 'Образование' започната од Em4ence, 25 февруари 2010.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас како што знам во секоја банка ливчето со трансакциската што го даваат е пластифицирано. На него пишува име и презиме, трансакциска сметка, број на лична карта ако не се лажам. Фотокопија од тоа треба да пратите, а не картичките што се за банкомат :)
     
  2. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    Епа овде во туттунска не е пластифицирано, но ми рекоа дека тоа е трансакциската и дека тоа треба да го фотокопирам и пратам, веројатно овде е така
     
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Епа штом така ти рекле, тогаш тоа прати го :) заедно со три копии од договорот :)
     
    На heartche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ја завлековме дискусијава и не сакам да испаднам ко некои членови, или досада тешка, ама морам да одговорам, бидејќи имам чувство или дека не разбираш што зборувам или сакаш да испревртуваш зборови, а за тебе ми е тешко веројатно и двете да се причина.

    Значи, сфаќам дека не живееме во Шведска, и сфаќам тоа што цело време збориш дека државата треба во кратки црти да се оправи, да обрне малку внимание и на студентите, бидејќи и јас сум студент и го поддржувам тоа.
    За како функционира една држава и едно општество сум и тоа како запознаена и знам дека како индивидуа не можеш да опстоиш и дека како така луѓе ќе зависат од тебе, и државата ќе има корист од тебе. Само, ми боде очи што цело време упорно тврдиш дека не учиш за себе и свое задоволство, туку за она општо добро, за кое реално никој од тука не учи, мислам не ми се верува дека пред да се запишеш на факултет амбицијата ти беше да и помогнеш на државата, ако ти била секоја чест исклучок си и тоа редок.
    Ме нервира што се жалат луѓе што не добиле стипендија а имаат примања 40 000. Јас сфаќам дека им е малку, ама има семејства со дупло помалку што преживуваат и што сепак не добиле стипендија...дали е заради наместените случаи или не, не знам, само знам дека ако се наместени се околу 10-20%, а не сите како што тврдите повеќето, што, да не дојде со забуна, во никој случај не го поддржувам. Треба да се наградуваат талентираните студенти, треба да има и посебна програма за следење на таленти, ама во државава како и се друго и тоа не функционира. Друг случај е што оценки се земаат со врски па од талентираните ученици добиваме поделба на бубалици и готовани, а од бубалиците со вистински талент не знам колку има.
    А ако веќе толку форсирате хуманоост и добробит за државата, размислете колку сте добри и хумани со размислувањата дека дечички што се потрудиле за 10ка повеќе заслужуваат стипендија од не толку одличен студент со очајни финансиски потреби.
    И мене не ми е сеедно што земаат стипендија колеги послаби од мене, а богами и некои финансиски далеку појаки од мене, ама јас воопшто не ни аплицирав за стипендија бидејќи немам потреба од истата, исто го сакам факултетот и со и без стипендијата.
     
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Незнам како со поинакви зборови да кажам дека факултетот како поим за високо образование е начин на кој што државата еден ден ќе ја влече користа од тебе.
    Ти си одбрала факултет зошто тоа сакаш да го учиш ДА,ЗА ТЕБЕ, но тоа што ќе ти го понуди факултетот како образование утре ти ќе треба да го примениш во пракса, а таа пракса нема да ја правиш само за твоја лична сатисфакција, туку и за сатисфакција на луѓето кои ќе имаат потреба од твоето знаење и искуство.
    Да си доктор не значи да лечиш луѓе само ти тогаш кога сакаш, зошто ти си учела исклучиво за тебе и ќе лекуваш луѓе тогаш кога ти ќе сакаш зошто тоа што си го учела ти си го учела исклучиво за тебе, нели?

    Јас ќе се согласам со Хипстер, треба стипендиите да се поделат за студенти со ниски примања и за талентирани студенти. Така ќе бидат подобро распределени и сите ќе сме таман.
    И со 500 евра месечни примања студент не можи да опстои. Од тие пари да се одделат сметки за дома, јадење за домашните, кирија за станот каде што престојуваш, џепарлак и уште еден тон трошоци наметнати од факултетот.
    Ако правиме муабет за тричлено семејство. А,ако има уште едно дете, тоа не треба да живее?
    Некој ќе речи, па нека не студира.
    Истите што го зборуваат тоа, истите тие децата кои останале без факултет само поради финансиски проблеми ги сметаат за неписмени и идиоти.
    Навистина не е фер таквата поделба ќе те боли кога некој помалку способен од тебе успеал во животот само зошто имал доволно пари да студира.
    За работа за студенти редовни тука е скоро невозможно. Работодавачите ретко кога имаат разбирање за твоите обрвски кон факултетот,а ретко кога би нашол работа за пристојна студентска плата-6000 денари за пола работно време.

    Од старт сме осакатена нација, џабе исправуваме криви дрини. Накратко муабетот ми е, зошто сите од што гледаат да земат плата месецот,а не да си ја сработат работата, за некоја година ќе сме исти како Нигерија.
     
  6. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Во врска со договорот што треба да се потпише и прати во 3 примерока, ми рекоа дека за В стипеднија им рекле на студентите што добија, да почекаат да им се прати нов, ќе имало некои промени.
    Запознаени сте нешто со ова? Дали само В стипендија останува, да нема нешто и за другите.. :)
     
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Leeloo само за В е тоа, бидејќи ке им ја покачуваат стипендијата па уште не се знае новата сума колку ке изнесува а нели во договорот мора да ја има пишано, убаво си пишува на страната, а за А и Б треба да пратиме до 20ти.

    Него до сеа не сум праќала вака по пошта нешто, да го пратам по пошта или банка? Како побрзо стига? И колку се наплаќа? :tmi:
     
  8. cleopatra.a

    cleopatra.a Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    4
    Дали некој од вас доби писмено известување на домашна адреса? Кога би требало да стигне??
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Прати го по пошта, препорачано. Така ти е најсигурно. Околу 80 денари е вака и стигнува за ден, најмногу два дена :) Плус имаш потврда дека си пратила, ти даваат ливче.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Јас кога земав стипендија, и кога требаше така да ги пратам, без проблем ги пратив по пошта - препорачано, и ми зедоа околу 100 денари. Еве сега за сестра ми, исто така ќе ги пратиме. :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.521
    Допаѓања:
    288.750
    Јас учам само за себе и никој друг.
    Инвестирањето во своето образование и истовремено неговата надоградба е од чисто личен интерес, а не за општо добро или доброто на државата.

    Ако најдам работа, ги продавам своите интелектуални услуги за тоа чекче.
    Така да учам за да го задоволам критериумот за да почнам да го добивам тоа чекче, а работата ќе си ја вршам професионално за да го одржам неговото добивање.
    Ако не си ја вршиш работата исправно ќе добиеш казна, отказ, ќе завршиш во затвор...


    Да бев волонтер ќе работев за општо добро, добро на народот или државата.
    Се додека добивам некаква лична сатисфакција од целата таа работа, т.с чекче, само личниот интерес е во прашање и чиста професионалност во пристапот и односот кон работата.


    Јас на времето земав кредит, како за студент ми се наоѓаше.
    Само тешко тој што чека целосно да си подмири трошкови со таа стипендија.
    Не сум запознаена со деталите од новиве конкурси, али од ситуацијата во која се наоѓа државата претпоставувам која е важноста од тие неколку илјадарки во месецот.
    И тоа колку де/мотивирачки може да делува евентуалното не/добивање.
     
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Пак јас :tmi: денес бев во Тутунска и си отворив трансакциска, ми рекоа да одам по една недела да си ја земам картичката, арно ама јас не им реков дека сакам таква и таква картичка, за каква картичка станува збор? Какви картички даваат кога отвараш трансакциска? Не ми се смејте ама стварно незнам како одат рабоитве, прв пат отварам трансакциска :tmi:

    Во врска со тоа што треба да се прати преку пошта, од што треба да направам копија на трансакциска сметка?
    Ми дадоа два листа захевтани на кои пишува договор, и има некои членови и ми дадоа уште 6 листа захевтани од кои пет се повторно некои договори со членови, а првата страна пишува пријава за користење на нлб клик е банкарство за физички лица, има мое име презиме, бр на жиро сметка користничко име некој активационен код.
    Првата страна ли да ја ископирам од овие шест листа? :tmi:
    Пак ке речам не ми се смејте :tmi: можда делувам како падната од марс ама па подобро да си прашам :|

    И уште ова, на договорот горе лево каде што пишува министертсво за образование број 08........ што да пишам? :^) .......02.2013?
    и подоле, склучен на ден.... Која дата да ја пишам?
     
  13. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас само знам да ти кажам дека картичката ти е за на банкомат да вадиш пари.Такви картички даваат на сите,без да те прашаат(барем ја така мислам),а потоа ти можеш да ја откажеш картичката,па на шалтер да ги земеш парите.А за договорот,тоа што пишувало горе лево-не пополнувај ништо таму.Тоа они ќе си пишат бројче.За договорот што ти ги дале листовите со членовите,тоа нема потреба да го копираш,тоа е за тебе.Треба да пратиш документ дека имаш отворено трансакциска сметка.Не ми текнува точно како беше јас кога праќав документи.Ама по логика,што ќе им се нив членовите од договорот за трансакциска?!
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    Нели ти дадоа едно мало ливче на кое пишува име и презиме, трансакциска сметка и матичен број?? тоа треба да го фотокопираш и испратиш
    Тоа горе лево не треба да се пополнува ниту тоа склучен на ден..
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Картичка за која те прашуваат дали сакаш и за која треба да одиш по неколку дена е всушност онаа со која ќе можеш да вадиш пари од банкомат.
    А трансакциска сметка, е едно пластифицирано ливче, на кое има само име презиме, трансакциската сметка и уште еден број/код. Такво нешто имаш?
    Јас си вадев од Комерцијална, затоа не знам дали во Тутунска имаат поинакви процедури, најдобро таму да прашаш. Затоа што мене уште во банка кога им побарав копија од трансакциска, самите ми ја копираа на лице место.

    Туку да прашам друго јас...лани колегиве кога земаа стипендија после резултатите требаше ова договоров да го однесат лично во министерство, а воедно носеа индекс за увид. Ќе треба ли ние да правиме такво нешто?
    И на договоров кој семестар го пишавте? Сега овој, или претходниот кога беше конкурсот?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Јас лани добив стипендија прв пат. Не носев ништо во Министерството оти немаше потреба, ниту индекс ниту ништо. Само договорот и копија од сметката ќе пратиш по пошта, и тоа најдобро е препорачано да пратиш. А индекс на увид ќе носиш догодина кога ќе ја продолжуваш стипендијата :)
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе кај мене нема такво пластифицирано ливче, само овие листови А4 формат, ги прашав дома моите, и они незнаат да ми одговорат. А татко ми има на комерцијална такво малечко пластифицирано, ама кај мене нема, незнам сеа што да праќам :?:

    Единствено логично ми е да го ископирам првиот лист на кој има податоци за имател на сметката ама ни ова не ми е сигурно нема ли некој што вадел на тутунска трансакциска?

    А тоа што ми рекоа да одам по една недела да ја земам картичката да не се мисли на тоа пластифицираното? или па тоа одма го даваат? Ништо не ми е јасно
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    25.752
    Пол:
    Женски
    Тоа пластифицираното го даваат одма.
    А за 10 дена и мене ми рекоа за картичка, ама таа нема врска со ова.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. heartche

    heartche Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    26
    Ако имаш од тутунска, таму не даваат пластифицирано..туку даваат едно помало ливче во споредба со другите листови, каде што пишува име и презиме и трансакциска сметка
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Абе најубаво отиди во Тутунска и прашај, таму најдобро и најточно ќе ти кажат :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.