Ништо ке морам пак да се измалтретирам утре и да одам да прашам, нема ни помало ливче ни ништо незнам што е проблемот Ма да и дечкото се пожали му било преку глава од отварање на трансакциски поради стипендии и јас отанав ваква WTF? Може и забораил да ми даде такво малечко ливче, смотле бе
има некој информации за доделувањето на договорите на информатичарите? ќе се одржи тоа воопшто? шо како? оти никаква информација не кажаа освеј тој мејлот што го пратија во декември, а кога се јавувам тетките таму везе немаат за шо им зборам
За поднесување ви бараат ли од УЈП нешто? Ај ако може линк каде пиша кои документи се потребни, и има ли некои додатни кои не ги пишува таму а после испаѓа дека и тие требаат?
Од Тутунска Банка не даваат таква пластифицирана картичка кај што стои бројот на сметката, така да копирај го она ливче каде што е напишана сметката, без разлика какво е. Сигурно ти кажаа која ти е сметката, каде го пишува тоа? Епа тоа ливче копирај го. Тоа напишаното 08- и датумот на кој е склучен договорот оставете ги празни, не треба вие да ги пополните. Најново што прочитав во групата на фб - во договорите за А и Б стоела погрешна адреса, сега имало нова, и денес или утре ќе излезеле нови договори со новата адреса, така да не ги праќајте ако се’ уште ги немате пратено. Јас денес го пратив Секако, што функционира како што треба кај нас, секогаш има некоја грешка, збунка, промена во последен момент, веќе се навикнав...
Ц,ц,ц, па нека почекаат до 19ти да ги извадат новите договори ако не. Бог да чува. Нека извести некој тука кога ќе излезат новите.
Ама што се глупираат бе па сеа? Ај јас не сум пратила уште ама тие што пратиле? Кај не го истакнаа списокот на време, кај го поставија ланскиот список, сеа и ова ли? Погрешна адреса? Или финта им е ова да излезе дека пола од оние што се на список не пратиле договор на време. Глупаци.
^ Фала за ова, баш сега ги испринтав старите и убаво ми текна да влезам тука за да прочитам на време. А, дали знаете кој семестар треба да стои во „запишан/а во _______ семестар“ .. ? Парниот или непарниот? Се двоумам кој да го напишам.
Треба да стои непарниот, односно семестарот во кој си била кога си ги поднела документите за стипендија, се јавив и прашав Но како што читам и оние што го пишале парниот и оние што го пишале непарниот добиле стипендии, така да не е толку важно.
само малку како нова адреса? ова е истата адреса која што ја пишуваше и предходно, а постов што ти си го постирала линков, е напишан на 7ми февруари, значи ова не е нова адреса истата си е Едит- мислите на адресата во договорот така? На едниот пишува ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин" ББ, 1000 Скопје а на другиот ул. „Св. Кирил и Методиј" Бр.54, 1000 Скопје. ние треба да го пратиме овој договор што е на ул. „Св. Кирил и Методиј" Бр.54, 1000 Скопје, на оваа адреса, добро разбрав нели?
Јас ги имав испратено документите со старата адреса, и сега се јавив и ми рекоа дека нема проблем и тие ги прифакале...и сеа нз со да правам дали пак да испратам...
Во врска со ова, се јавив и ми рекоа да се пише семестарот кој сме сега, значи парниот месец. И ми потенцираше таа за договорот, да се прати тој договор со адресата што ја пишав погоре.
Зна4и јас денес бев да си направам трансакциска сметка ..и на крај ми дадоа една карти4ка со пишува име презиме број на сметка мати4ен број..Тоа ли е тоа со треба да го имам.Пошто со другарката шо бевме она 4ула како таа тетката со работеше у банката рекла да дојдеш за 10 дена а ја тоа не го 4ув .ПЛИСС кажете дали тоа е тоа со треба да го иам и да го пратам копирано или треба па да одам по друга карти4ка кој се разбира во овие раб нека пиш обавезноо
Тоа треба да го имаш и тоа треба да го копираш и да го пратиш заедно со договорот. Во која банка отвори сметка?
Too late now. Моите се веќе испратени на новата адреса и со непарен семестар. Новата адреса ја пишува и на страната од министерство, нели? Ќе се водам според тоа што го пиша Оксиморон, дека прифаќале било-како. Читав и на други места дека требало непарниот, плус сите што зедоа стипендија од кај мене на факултет, непарниот го пишале. Нема гајле. Either way, на домашна адреса сите ќе бидеме известени за стипендиите, колку што сфатив од извештајот.
И јас лани го пишав непарниот семестар и немаше проблем, парите ми стасаа на сметка, како и една копија од договорот на домашна адреса