Девојки да ве прашам ,доколку вгодина се конкурира за стипендија а јас ке сум 3 година ,се гледаат оцнките само од 2 година или и од 1 ? затоа што сега конкуриравме со оценките од 1 ,вгодина би требало со од 2 година , Искуство ?
Не, никаква врска немаат кредитите. Просек пресметуваш кога збирот од оцените го делиш со број на предмети.
Луѓе дали сте запознати со владиново стипендирање и како можам да аплицирам и дали има за во странтво можност да се аплицира за медицина се надевам дека ќе имам можност да си го остварам сонот
Му стигна на некој писмо од министерството, решение некое или примерок од договорите што ги пративме? Кај мене сеуште не, а по обична пратка го пратив писмото, се надевам дека не залутало негде
Здраво феминки Дали некој знае кога ќе ги пуштат стипендиите на старите корисници? Знам дека на тип А им имаат пуштено одамна, а што бидна со останатите? Доби ли некој пари на сметка? Ако имате некоја информација, кажете. Благодарам
Ме интересира за оваа стипендијава што е за талентирани информатичари дали некој ја има добиено од вас? Се уште нема стигнато на сметка, а од министерство ми велат дека веќе се префрлени до трезорот. Некој да не знае нешто?
Сите слушнавме дека на А им пуштија уште пред НГ, ама има ли некоја овде што зема тој тип да потврди? И стварно, ова е веќе бесмислено, кога планираат да ни исплатат? Лани првите 3 рати ни ги пуштија во февруари, сега абер немаат. А ете и избори се ближат, се надевав дека до сега ќе пуштеа некој денар.
Информатичките стипендии кај некои биле веќе префрлени на сметка. Кај мене нема сеуште, а кога се јавив ми одговорија најкасно до утре треба да се на сметка во завистност од банката. Така да, со здравје да си ги трошиме
Ставревски на својот фб профил кажа дека во понеделник ќе бидат пуштени 3 рати од тип Б, од продолжените. А до среда ќе се исплатат и 3 рати за продолжените стипендии од тип В. Да се надеваме дека не лаже!