Мене ми пратија 20 000 ден уште пред недела време, од новите стипендии тип А. И договорот ми стигна на домашна адреса, потпишан примерок за мене.
Ми стаса образложението за тоа што сум одбиена. Листата за „Б“ е затворена заклучно со реден број 922 со 65,00 бодови, а јас имам НЕВЕРОЈАТНИ 64,40000000000006! ИЧ да не ми го праќаа ова. Подзаборавив дека сум разочарана и сега пак ме дотолчија.... Ајде за „А“ подалеку негде сум демек, али ова е суперче. И хејтам пак од денеска. И си го пишав ова овде оти сама сум дома и немам кредит за да се жалам на друг. Едно гооолемо ’ХХХХХК ПЛУ за министерство со најмала „м“ за образование и наука.
Абеее ???? Ова важи и за старите корисници ??? Па уствари што прашувам Избори се, нормално ќе пуштаат
В од новите? Де бре луѓе тие уште ги немаат примено догоцорите од сите... Ќе ви дадат кај и да е... Не бидете нестрпливи... Реално,, знам дека на некому тие пари многу му значат, ама некако... не знам... и на онаа групата за стипендиите само за В се збори, досадно станува
Последен рок за праќање на договорите беше 1 април затоа толку се збори за овие стипендии Јас мојот договор го пратив уште коа излезе договорот и сите пишат затоа што на старите корисници од В кат. пратиле а нас слабо не фермат и втор круг од избори ќе помине...
Епа први април ама што мислете, колку време им треба на нив да ги разгледаат договорите, да видат кој пратил, а кој не... Пред 2 дена и стигна на една другарка дека не им стигнал договор, по итно да го однесе... Значи работат, ќе стигне... Ја отупевте... Ако сакате стипендија само пред избори, тогаш наредната година воопшто и не мора да ви дадат, а
Прочитав нешто за втора исплата во мислењата, ама не бев сигурна дали важи за сите или само за Тип В. Јас имам Тип Б - а, првиот дел ни го пратија недела-дена пред изборите и не очекував толку брзо. Баш ќе проверам утре, се надевам дека веќе пратиле пари. Две рати, мислиш на два месеци, така?
Леле каснам со одговоров, извини, можда веќе си проверила ама да, за два месеци, стигнаа уште минатата недела, неколку дена пред вториот круг избори.
Едно прашање, дали можам да ја извадам најслабата оцена од годината? Имав само 7 предмети, доколку ја извадам, ќе биде помалку од 90% положени. Имам просек над 8,5 ама ме интересира за отфрлање како оди работата
Уверението за положени испити колко време се чека,дали е можно за еден ден да ми го издадат ? Хитно ми е,ограничена сум со време?
Ако сакаат тетките од студентски прашања ќе го извадат веднаш и услов Деканот да го потпише веднаш. Замоли ги учтиво.