Едно прашање. Доколку не го задржам просекот годинава и ја изгубам стипендијава, ќе можам ли веднаш на есен да аплицирам за тип В? Значи, да замислиме ја губам оваа стипендија и наместо документи за обновување на истата, да однесам целосно нова документација за тип В?
Да, да можеш, знам една колешка така направи. Само што она не ја изгуби стипендијата ради просек, туку поради тоа што не ги однесе документите на време за продолжување. Секаде на интернет пишуваше до крај на Октомври, а во договорот пишувало крај на Септември. Ама по вториот пат ја одбија ради тоа што не и беа исти податоците од електронската апликација со документите, нешто за приходите мислам беше...
И јас сакам нешто да прашам. Дали оценката по изборен предмет влегува во просекот? Би благодарам однапред.
Јас сум речиси сигурна дека оценките од изборните предмети влегуваат во просекот, без разлика дали се работи за еден, два, n предмети.
Влегуваат сите, без разлика дали се изборни или задолжителни. Просекот се пишува вкупно од сите претходни години, а не само од една
Девојки ќе ве замолам ако може да ми помогнете во врска со прашањава мои со студентските стипендии. Јас сум студент на Факултетот за туризам и бизнис лостика во Скопје, имам просек над 8,5. какви се шансите за стипендија, која е сумата за одобрената стипендија, и како се собираат поените. Ако не му е тешко на некого од вас да ми пише , бидејќи навистина врска немам за овие работи . Фала однапред
Дали може да се аплицира за два типови на стипендија? На пример, да аплицирам за А и за Б? Имам просек и повеќе од доволно, мислам дека имам шанси за оваа од тип А, но некако ризик ми е, па ме интересира онака информативно дали постои таква можност да се аплицира за два типа и колку овие студенти имаат шанса да ја земат едната стипендија од тие две - во смисол, да не ме одбијат уште од старт и да не ме сметаат како „грешка со документите“ ако направам така !? Или пак, да аплицирам за Б и да не му ја мислам толку.
Можеш да аплицираш и за сите три типа ако сакаш. Јас аплицирав за повеќе од една, со тоа што кај едниот тип ќе ги дадеш оригинал документите, а кај другиот копии од истите. Ете јас конкретно се плашев дали ќе земам А, и за Б ги дадов оригиналите, а за А копиите и сепак добив А што значи нема врска. Само битно е кон копиите да додадеш и писмена изјава дека оригиналите ти се поднесени за друг тип од истата стипендија која сама ќе си ја искуцаш во Ворд и после само потпишеш рачно. И уверението за положени испити се двоумеа многумина дали може да е копија, па излезе дека може така рекоа од министерство, а многумина даваа дупло пари за да извадат две. Јас направив фотокопија и од него и немав проблем. Мене ме интересира ние што втора година по ред треба да земеме стипендија отприлика кога треба да се носат документи за продолжување, тогаш кога излегува новиот конкурс или порано, и кои документи од досегашно искуство се потребни?
Провери си на договорот, пишува до кога е продолжувањето. Инаку, ти треба потврда за редовен студент, уверение за положени испити, УППИ образец и индекс на увид.
Заинтересирана сум.Но не знам баш многу.Баш сега разгледував на интернет за стипендии.Значи од наредната академска година треба да бидам 2 година.Имам просек 8.27 За дали со овај успех ми следува некоја стипендија ? Поздрав и многу ви благодарам ( ако ми следува. кога треба да аплицирам и нешто повеќе за тоа )
Мислам дека не ти следува стипендија (од А или Б тип), зашто за да фатиш услов за истата, просекот треба да ти биде над 8.5 ако си на некој од техничките факултети или над 9.0 ако си на некој од другите. Нека ме поправи некоја ако грешам или ако нешто се сменило, но мислам дека тие беа условите. Можеш да аплицираш за стипендијата од В тип, таа е без некои предуслови за просек.
Се убаво,стигна стипендијата,ама мене договор не ми стигна.Незнам дали некој од глупавиве комшии ми го зел и скинал договорот или е некаде заскитан во пошта Ај некој ако не го мрзи да пише кога ќе се продолжува стипендијата и што документи ќе треба да се пратат. Однапред благодарам