1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студирање во Франција

Дискусија во 'Образование' започната од Kicky, 22 февруари 2011.

  1. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Сакам да студирам во Франција..дали некој знае какви се условите,како се добива стипендија за дипломски 
    или постдипломски и дали може да се префрлиш од втора година,дали ги признаваат испитите,
    каков е животот таму,колку е скап животот и сите подетални информации....
     
  2. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Од она што јас го знам ќе ти кажам дека стипендија за додипломски студии нема.
    Евентуално за Мастер.
    Доколку сакаш да се префрлиш во втора година , ќе треба да го контактираш самиот факултет пред се.
    Но , шансите да те примат на факултет се поголеми доколку аплицираш директно во прва година отколку во втора.
    За животот, зависи многу од тоа во кој град се наоѓаш.
    Отприлика со 500-600 евра можеш да поминеш. (минус Париз и Лион)
    Најдобро ти е да одиш во француски културен центар таму ќе ти објаснат се.
    Ако евентуално имаш други прашања можеш да ми пишеш :)
    Колку што можам ке ти одговорам
     
    На Kicky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    мислам дека од тука да се префрлиш таму втора неможе. предметите воопшто не се исти ниту пак начинот односно методологијата на полагање. јас ти препорачувам ако сакаш да се запишеш од прва да се вклопиш полесно. има цела процедураааа не за тоа што ќе напишеш на испит туку како ќе напишеш. али сепак оди во француски културен центар и прашај. стипендии за додипломци нема евентуално за постдипломски може да добиеш.

    за преживувачка ти се потребни 500 евра месечно така да рачунај 5000 евра минимум годишно. плус транспорт да одиш до таму и да се вратиш летото.

    за процедурата за запишување треба со наставниците да видиш ако си во средно нормално тие ќе ти помогнат со сите формулари и како да одбериш град.

    животот таму како е ? хм па зависи како ќе си го направиш, зависи на кој факултет сакаш да се запишеш итн. мн е тешко да знаеш првата година и треба мн да си психички спремна и пред се да имаш борбеност оти жива ќе те изедат :D

    но искуството е прекрасно и незаменливо. значи ќе повторам зависи што бараш од таму, кажи ми , па ќе ти кажам што да очекуваш ;)
     
    На peperutka20, Kicky и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Најпрво ,ви благодарам..Да и јас се распрашав стипендии нема за додипломски што значи..ќе морам да чекам да завршам факултет овде. |( за да одам таму.Сакам да студирам економски факултет, Руан (бидејќи имам братучеди )или евентуално во Париз бидејќи имам многу голема желба.Ќе се распрашам во француски центар во секој случај.Но,дали е можно да се најде некоја парт-тајм работа и колку може да се заработи??? Свесна сум дека ќе биде тешко на почетокот...А како се однесуваат Французите со странци ,значи дали се пријатни или..не баш (сите луѓе се различни,но во глобала) и дали професорите се однесуваат исто кон сите студенти?? и да ќе заборавев значи во врска со сместувањето дали се сместуваш во самиот универзитет или пак бараш приватно сместување??
    :hai:
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не знам актуелно како одат постапките околу добивање стипендии, но во секој случај распрашај се во францускиот културен центар или на катедра - ако студираш француски.

    Стандардот им е повисок, секако. Јас би ти препорачала да се сместиш во студентски дом. Јас кога бев некои луѓе згрозени од животот во студентски уште од старт си побараа станови.
    Јас што од финансиска што од друга причина не можев и не сакав тоа да си го дозволам, и до ден денес сум пресреќна што можев да живеам во студентски.
    Како прво во соба си сама. Обично така им се средени студентските. Додуше собичето ти е скромно но барем си сама.
    Ко второ во студентски секако имаш поголема шанса да се дружиш и запознаваш со секакви луѓе од секакви земји - и тоа е голем плус ;)

    Французите би рекла дека се доста националисти, во смисол, дека премногу се горди со тоа дека се - Французи. Дури и на живци ми идеше едно време таа нивна националност. Ретко се опуштаат со странци, до толку што тоа веќе граничеше со игнорирање на истите. Од сите мои колеги на факс ако останав во контакт со две Французинки - и тоа е многу. Многу повеќе затоа се дружевме тие што бевме странци едни со други.
    Исто така се на некој посебен начин внимателни околу тоа како го владееш нивниот јазик. И мала грешка да направев, ама онака минијатурна - веднаш ме поправаа :) Тоа само го забележав како интересен факт кој воопшто не ми пречеше бидејќи затоа отидов таму - да го усовршам францускиот.

    Професорите затоа, барем таму каде што бев јас, беа многу толерантни кон нас, фини, едноставно природни и опуштени. Они се општо сите опуштени. Не се замараат со ништо и тоа ми се допадна бидејќи потоа јас се чуствував како риба во вода :)

    Ако ти е сон да одиш во Франција, оди, истражувај, барај можности, и не се двоуми! Ќе видиш како ќе ти помогне ако ништо друго барем за јазикот. Јас дотогаш си мислев колку само јас супер стојам со францускиот.
    Е шипки на скара! Додека не стапив во контакт со луѓето таму особено со сленгот. Потоа глава ме болеше, си викав цело време - што? Овој ми рапува или што е работава? Па јас ништо не го разбирам. Ај создравје студирањево толку години. Но постепено научив многу - што значи тоа е огромен плус ;)

    Сума сумарум, тој семестар во Франција ми е останат во спомен како едно прекрасно искуство, полно со дружење, квалитетно студирање, живот а ла Такси со сите нивни скутерчиња со кои разнесуваат пици, многу рап, многу коли кои рипаат, многу култура, дури и на модерен танц одев и си исполнив уште еден сон - едноставно богат и исполнет живот со се што му прилега. Франција нуди навистина многу од секоја област. А студентскиот живот таму е едноставно привилегија.
    Мислам дека и ти нема да зажалиш ако отидеш ;)
     
    На glosipgirl, peperutka20, babylove123 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Ти благодарам,многу ме охрабри,и сега за ништо на светов не би се откажала од Франција...навистина ќе се обидам да дадам се од себе :* :* Merci beaucoup!!!
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Je t'en prie ;)

    Ако ти требаат уште информации, на располагање сум, слободно пиши :)
     
  8. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки...
    Доколку има некоја од вас што сака да студира во Франција слободно нека ми се обрати.Јас сум студент таму па можам да ви одговорам на секое прашање во врска со тоа...
    Позз :)
     
    На Peaaarl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Winterborn77

    Winterborn77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Здраво :)

    Јас имам неколу прашања,
    Би сакала да се запишам на постипломски во Франција(Париз), ако знаеш да ми кажеш какви се условите, дали примаат студенти од други држави или малку потешко, во кој период се уписите...? јас сум била во Париз предходно на подолг период па отприлика знам каков е животот таму и имам гооооолема желба да живеам таму. :$ :$ :$

    Фала однапред,
    Позз :)
     
  10. VanessaCool

    VanessaCool Активен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    9
    На Wintergirl162 му/ѝ се допаѓа ова.