Ако е под универзитетот Неофит, во нормални услови би требало да има и државна, и приватна такса (кај нас квота). Ама мислам дека чуждестранните студенти одат под државна, не знам никој да е во приватна од почеток со мк документи. Ова за државните универзитети, ако станува збор за факултет под приватен универзитет не знам како е. Провери на страната на универзитетот за повеќе инфо.
Дали некој има информации кога ќе има презентација во амбасада околу факултетите во Бг или каде да се обратам за да добијам подетални информации околу истите
Здраво..Ги барам универзитетите по Софија и цело време ми излегува Климент Охридски како најголем универзитет.Дали некој знае дали е државен универзитетот или пак да ми препорача некој друг ?И сакав да прашам дали се исти цените( год. Такси) на државен во Софија и во помалите градови,барав за Софија ама не најдов?Ако може некој да ми прати линк,ако знае.
Точно е, СУ - Климент Охридски е најголемиот и најстар универзитет во Бугарија. Друг е Медицински универзитет каде има 4 факултета: Медицина, Фармација, Стоматологија и еден за други стуки како сестри, акушерки итн. УНСС е универзитет за економски науки. Имаш уште и университет каде се учи архетектура, геодезија и слични. Исто така има и Технически. Не можам да се сетам на други. Се зависи од тоа што планираш да се запишеш. За цените, поскапо е за разлика пд Македонија, но споредени еден со друг овде во Софија не знам дали има разлика.
Otvori na stranata mon.bg I ima lista na site fakulteti na koj mozhat da se zapishat makedonski studenti e spored to otvori na str na univerzitetot sho te interesira I tamu gi pishi site info.
Здраво сакам да студирам медицина во Бугарија но незнам на кој факултет да одам. Каде можам да постигнам високо образование и каде дипломата ќе ми биди ценета сегде во светот,во Англија, Шпанија, Германија. За во Софија знам дека има многу конкуренција затоа ми е страв да аплицирам.
Мислам дека дипломите од сите државни факултети се признаени во сите држави кои се во ЕУ. Каде е најдобро не знам, лично искуство немам за медицина, најверојатно тоа е Медицинскиот во Софија, за Софиски не знам како е. Имам познати во Плевен и Пловдив и тие исто се задоволни.
Дали постои можност да се префрлиш од Македонија во Бугарија сред студии за стоматологија, дали признаваат предмети или мора да се почне на ново?
Мислам дека може и дека повеќето предмети ги признаваат, проблемот е што има разминавање во предметите кои се учат. Може да си поминала предмети кои допрва следат или обратно. Оваа со сигурност е за фармација, за стоматологија не можам со сигурност да кажам но ако мислиш за факултетот во Софија би требало да е исто бидејќи се на исти универзитет.
Ме интересира кога почна прва година во Бугарија, како одговараше на писмените испити ?на бугарски или ?бидејки сепак усно би те разбрале и да зборуваш македонски мислам? а за пишување не ти беше тешко ? и една моја познаничка ја интересира,дали примаат во бугарија со училишна матура или мора да има државна?
Јас зборував на бугарски, секако не многу течно и можеби вметнував некои македонски зборови но никој не прави проблем. Искрено на мене ми беше така полесно, кога цел семестар го читаш материјалот на бугарски, верувај после потешко ќе ти биде да најдеш вистински зборови на македонски, бугарскиот ќе ти доаѓа сам од себе. За матурата не знам, јас бев со државна, а какви им се законите не можам да кажам.
Со училишна матура повеќе неможеш да се запишиш на државен факултет во Македонија , а не па странство, затоа избирајте државна матура не е нешто многу тешко. Поздрав.
Би требало да важи. Најдобро ви е да отидете во деканат да прашате, тие ќе ви кажат најдобро што и како треба.
Здравоо јас сум во бугарија први курс сега ме интересира за по 103 членот шо имате аплицирано колку време чекавте во ДАБЧ за происход ? ( и за личната карта колку се чека отприлика )