Здраво. Ме интересира дали е можно студент на општа медицина да се префрли од Македонија во Бугарија. Дали познавате некој што се префрлил? Ако е возможно, колку би изнесувала партиципацијата за тој студент?
Ако може некој да ми каже како оди аплицирањето, тежок ли е приемниот?Планирам да се запишам на ренген
Запишувањето мислам дека треба да е во јули, а приемниот испит викат дека бил лесен сите го минат а ти во кој град и на кој факултет планираш да се пишеш?
За аплицирањето ќе бараш на сајтот на бг МОН, а приемниот не е тежок. Бугарски јазик и историја се во прашање, писатели дела и општи работи и за двете. Барајте материали и читајте да минете што подобро сите што планирате да студирате во Бугарија.
Совет и од мене, матурата е навистина битна.Јас на пример, имав подобри резултати на приемниот за разлика од повеќето што аплицираа по мојот член, па на крај не ме примија.Сигурна сум дека беше заради 4та од матура, затоа што сите други оценки ми беа 5. Приемниот не е тежок, можете да поминете и со лабаво читање низ книгите, а секако ви оди во прилог да се спремите повеќе и да си ги зголемите шансите за подобра оценка. Ќе има средби во амбасадата во Скопје некаде во април и жената која што е одговорна за ова сѐ ќе ви објасни што како треба, а на mon.bg исто сите информации, сите формулари кои треба да се печатат, како и слободните места за аплицирање на факултетите ќе бидат објавени таму некаде во мај.
Јас отворив ама ич не се снајдов, ќе сакаш ли да ми пратиш директен линк до сајтот кај што пишува што се' е потребно за пријавување, кај може да најдам материјали за спремање на приемниот исто и за евентот во амбасадата
https://mon.bg/bg/173 Еве овде ќе пишува ама уште е рано , моментално известувањата се од 2019 а на истото место ќе има и за 2020. Е за средбата во амбасадата стварно не знам кај известуваат, јас од другарка дознав, ама следи ја страната на бугарската амбасада во мк, може ќе објават.
Dali nekoj znae kako e priznat Farmacevtskiot fakultet od Skopje vo Bugarija i dali ima moznost za specializacija tamu ? Fala viii <3
Во март месец е средбата во амбасадата, секоја година е во март, само не знам кој ден би било годинава. Ќе ти го пишам бројот од бугарската амбасада во порака. Јави се и тие ќе ти кажат точна дата.
Здраво,дали може да ми пише некој во порака што веќе учи се запишал општа медицина во Бугарија,сакам да добијам повеќе информации околу тоа. Ви благодарам
Имам една другарка што се запиша во Бугарија,и да бидам најискрена секој трет ден плачи на телефон најмногу поради хемија физика а сега и биофизика и не знам и латински јазик имаат,кажува дека не ја послушала мајка и да си учи нешто друго бидејки многу сака медицина и не знам не само таа ,таа кажува дека претешко и е ,професорките ништо не им објаснуваат ,материјал преобемен,али хемијата е посебна приказна,јас кога видов...врска нема со ние што учиме на медицина во скопје сега,аналитичката хемија им е многу застапена мошне тешка и комплетно изедначена и за приемен со факултетот за фармација таму.Не ги интересира што ке учиш медицина,иста тежина им е испитот по хемија и на медицинари и на фармацевти.Не е во Бугарија она што било пред 20 години.Таму сега студирањето медицина е многу тешко.Не е да те обезхрабрувам,за секој е индивидуално,само пренесувам мислење од моја позната што во моментов е таму.
Воопшто не е точно. Медицинарите минуваат прелесно на хемија, од друга страна пак, на фармацевтите им е доста полесна анатомијата. @Sweetgirl200 Не можам да ти дадам детални информации за медицина, не сум на тој факултет. Се надоврзав само за да кажам овој коментар дека медицина е претeшко да не те обесхрабрува. Секако, тешко е, секој факултет бара учење, а медицината еден од оние кои бараат најмногу. Сепак не е невозможно, доволна е само желба и труд.
Не знам за каде и кажуваш дека поминуваат прелесно-можеби некои со врски во Скопје али во Бугарија не.