Девојки доколку има некоја што сака да студира во Благоевград, пишете ми ако ви треба некоја информација дали за факултетот, дали за стан, што и да е.
Здраво..планирам да се запишам но проблем е што сите различно ќе ми кажат за се по нешто..ме интересира кои документи ми се потребни и кои треба да ми бидат заверени на нотар и преведени на бугарски..и ако знаеш кога отприлика се уписите..фала
Јас сум 3та год медицина во Скопје. Дали некој знае дали во Бугарија можам да продолжам во 4та год т.е. дали ќе ми ги признаат испитите?
Дали оваа година има кандидати за медицина во Бугарија, и доколку нема некоја од феминките што студираат или завршиле на истиот факултет нека пише, сакам да се информирам околу некои работи . Ќе ви бидам благодарна за помошта.
Може некој да пише нешто повеќе околу престојот во студентски? Што треба за почеток? Како оди чистењето на собите? Студентите ги чистат или има чистачки? Задоволни сте од собите? Опште сѐ што може да се каже, пишајте.
Јас искрено не бев задоволна, живеев 3 месеци, сами си чистевме со цимерките. Но, колку и да чистевме секогаш имаше бубулечки. Моето прво добро утро во студентската соба беше од лебарка веднаш до перницата. Сега сум си под кирија сама си живеам, си имам и кујна и тераса, не делам ВЦ...
Здраво..матурантка сум годинава и планирам да се запишам на медицински факултет во Бугарија..Како што разбрав, оценките од матурата не ги гледале, туку успехот од 4те години средно по хемија и биологија..Сакам да прашам, дали би можеле да направат проблем зошто сум запишана математички А смер и не изучувам хемија и биологија во 4та? Или нема врска тоа, битно е да ги полагам на матура..