Студирање во Словенија

Дискусија во 'Образование' започната од TeaB, 20 октомври 2011.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не знам колку сте запознаени со ова. Мене ме интересира многу. Читав до сега на интернет некој вика има стипендии некој вика дека нема, како му текне на човек така си збори. До сега ова ми било најдобро нешто што сум слушнала. Би сакала да студирам во Словенија но ако нема стипендија којзнае колку скапо се плаќа :( Ако имате слушнато нешто ве молам пишете... Фала однапред :)
     
  2. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    И јас би сакала да студирам во Словенија. Имам прв братучед кој студираше таму на словенски јазик (го научи за 2 месеца) и земаше 4 години стипендија од 200 евра. Имам слушнато дека не биле многу скапи факултетите (братучед ми мислам дека плаќаше околу 600 евра на факултет за роботика). Негов другар студираше на економски само 3 години (без магистратура), а сега работи во Словенија и зема плата 1000 и нешто евра. За нивниот стандард можеби и не е толку многу, ама сепак може да се успее :)
    И еден другар од Словенија го прашував за факултетите таму и ми рече дека 95% од тие што завршувале факултет и знаеле словенски јазик се вработувале. Така да подразмисли и можеш да одиш :)
     
  3. lalalala2

    lalalala2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Мој познаник оваа година замина да студира во Словенија, и колку што знам јас не зема стипендија бидејќи државната стипендија ја укинаа ( онаа која ја земаа сите студенти без разлика на просек и слично).
     
  4. Vanesi4ka

    Vanesi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Јас студирам во Словенија, моментално сум во Љубљана... Од најсигурни извори ви кажувам дека стипендија има али вази до крајот на 2011, од 2012 ќе нема стипендија... Школарина не се плаќа, не може да се седи во студентски дом мора да се седи во стан. Јас живеам со уште 3ца и вкупно за кирија и сметки ми доаѓа до кај 200 евра и плус пари за џепарац... има бонови што можат да се користат скоро во сите ресторани за храна и тоа е голем плус зошто без тие е многу скапо... Само процедурата е малку тешка за аплицирање општо на сите факултети во Словенија и треба многу документи и преведување на нив и тоа е плус пари... и тоа е тоа =) незнам што друго да ви кажам
     
  5. lalalala2

    lalalala2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    читав некаде дека можиш да конкурираш за друга стипендија и дека еден од условите е во 4та година да имаш просек над 4,1. да не знаеш кои се другите услови и дали ова е вистина ?
     
  6. maculkaa

    maculkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    70
    има стипендии за словенија,мојот најдобар другар замина сеа годинава да студира во словенија во љубљана еден семестар со стипендија од 1000 Е месечно... мислам дека има аплицирано преку оваа страна http://www.mladiinfo.com/category/schol ... or/page/2/
    кој е заинтересиран нека си побара :wasntme:
     
  7. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА СЛОВЕНЕЧКИ ЈАЗИК

    К О Н К У Р С за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2012/2013 година


    Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за високо образование, наука, и технологија на Република Словенија, Министерството за образование и спорт на Република Словенија за соработка во областа на образованието, потпишан на 15 февруари 2011 година во Љубљана, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува


    К О Н К У Р С

    за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2012/2013 година



    1. Две (2) едносеместрални стипендии за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;

    2. Осумнаесет (18) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 30 годишна возраст.



    Потребна документација за пријавување:

    1.Образец за пријавување;
    2.Мотивациско писмо;
    3.Копија од диплома
    4.Препорака од двајца професори од матичната институција;
    5.Поканително писмо од словенечката институција кое ќе гласи на ваше име;
    6.Копија од пасош;
    7.Писмена согласност од институцијата;
    8.Кандидатите уметници потребно е да приложат свое дело (фотографија, записи, дијапозитиви, ЦД со свои дела).



    Кандидатите потребно е да ги пополнат обрасците, кои се составен дел на овој конкурс.



    Пополнетите обрасци во три примероци се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин б.б. Скопје.



    Краен рок за пријавување е 31 март 2012 година.



    Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин б.б. Скопје, тел. 3140-189, лице за контакт Билјана Василеска и на веб страницата на Министерството за образование и наука (http://www.mon.gov.mk).
     
  8. SokOdGrozje

    SokOdGrozje Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Јас сакам да студирам во Словенија, веќе аплицирав но сега барам цимерки бидејќи не може да се седи во интернат, па единствена опција ми е стан. Се надевам ќе се најдат барем 3-4 луѓе бидејќи стварно е одлична можноста!!
     
  9. alekcoki

    alekcoki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Мене ме интересира за специјализација или постдипломски студии дали имате некои информации јас сум сега 5 т год на фармација , па ако некој знае го молам да пише ;)
     
  10. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    А мене ме интресира правен факултет во Словенија... еден другар ми кажа за тоа па многу се заинтресирав . Иако имам уште една година за размислување би сакала некој да сподели искуство за тоа ако знае... :)
     
  11. Jaca-MKD

    Jaca-MKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Барам цимер / цимерка за во Љубљана. Јас сум студент, па ми одговараат студенти или млади вработени.
    Станот е на одлична локација, многу близу до центарот и 6-7 минути пеш до Економскиот факултет
    (и ФДВ). Двоипол собен - 54 м2, секој би имал своја соба, и е комплетно опремен. Цената е 225 евра / лице + трошоци. Ако има заинтересирани, пишете (jovanka_k@mail.net.mk).
     
  12. Jaca-MKD

    Jaca-MKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
  13. Vanesi4ka

    Vanesi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    како што претходно кажав стипендии нема :) тие стипендии се преку Ерасмус програма и оваа програма повеќе не постои :) има стипендии за просек што е многу тешко да се бркаат... стипендијата ја добиваш во текот на целата година и на крај на годината доколку не постигнеш просек целата стипендија ја враќаш во кеш :)
     
  14. HoNeY93

    HoNeY93 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Има ли факултет за психологија на универзитетот во Љубљана, не можам да најдам на страната ..
     
  15. Sophiee

    Sophiee Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира има ли некој кој оваа година сака да студира во Словенија и на кој факултет. Јас би сакала да се запишам на филолошки во Љубљана.
     
  16. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Стипендии ќе има за нашава генерација, за бруцошите во 2013-2014?
     
  17. mara-popara

    mara-popara Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    jas bi sakala da studiram vo ljubljana,sega sum maturantka i seuste se dvoumam za izborot na fakultet samo znam deka ke bide nadvor od makedonija. ako imate kakvi i da se informacii za studiranjeto vo slovenija od narednava godina dobro bi mi doshle :D
     
  18. saraa.a

    saraa.a Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    I jas isto planiram da studiram stomatologija vo ljubljana . Sega denovive treba da ja pushtam elektronskata aplikacija. Mislam deka rokot e do 5 mart pa posle ne znam so treba(zaveruvanje nostrificiranje prevodi....) ako nekoj go znaj toj proces neka me informira.
    Pozdrav
     
  19. HoNeY93

    HoNeY93 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Знае ли некој дали може од прва година на УГД или УКИМ да се префрлиш во втора година на универзитетот во Љубљана, односно дали признаваат барем дел од испитите ?
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.511
    Допаѓања:
    34.653
    Пол:
    Женски
    Дали има некој кој што студира во Љубљана? Би ви била благодарна доколку ме контактирате преку ПП.