Не знам ништо во врска со тоа како изгледаат дипломи во Македонија, така да не замерувај, ама овде бараат предмети со оценки (opravljenih obveznostih значи положени испити). Значи, документ каде што ќе се видат кои предмети си полагала со оценки - пошто мислам дека не пишува тоа на диплома, така?
Па првото е уверение (колку јас што сфаќам) за завршено високо образование што го издава факултетот и на него освен оценките го пишува и стекнатото звање, а диплома како диплома се уште не ни ги дале од факултетот. Ако тоа е уверение, првото што би било?
Ако идеме по логика за како е за додипломски студии, кај нас за првото ставаме диплома, а тоа означеното за кое ти праша ставаме свидетелства. Така да според мене, прво треба диплома, а за ова другово, како што реков, бараат да видам предмети со оценки, така да уверение.
Кога завршив пред неколку години факултет, мене ми дадоа два документи, не знам како е сега. 1. Уверение за завршена програма од прв циклус студии. (документ дека се завршени студиите, кога, титула, со колку кредити, оцена итн итн.) 2. Уверение за положени испити од прв циклус студии. (тука се наведени сите предмети по програмата заклучно со оценките и кредитите) И имам исто така потврда за успешно одбранета дипломска работа. Не знам сега што ви даваат, ама овие два (во зависност и три) документи се битни при упис на мастер. Тоа дипломата што ќе ти ја дадат на крај е само за да се сликаш пред факултет и да ја урамиш дома.
Приложете Диплома и Уверение. Мене исто ми бараа доказ за траење на студии кога нострафицирав диплома, не се сеќавам индексот дали го давав, ама Уверение обавезно и ќе ви бараат Дипломата.
Епа тоа првото уверение за завршена програма од прв циклус и потврдата од дипломската работа се всушност документи кои ја заменуваат Дипломата, затоа што таа ја издаваат покасно. А уверение за положени испити ги содржи сите положени испити заедно со деталите за нив.
Не знам. Мислам дека секој факултет или универзитет ги издава посебно. Затоа овие три документи по дипломирањето го заменуваат цилиндарот.
Од искуство! Најскап град е Љубљана, потоа Марибор па Копер. Не ги мешајте универзитетите, Љубљанскиот е тој кој е на повисоко место во Европа. -Трошоци во Љубљана: доколку си сам во соба 250-350, со цимер/ка 200-250. Месецот се фаќа од 400-500€. -Трошоци во Марибор до 350€. -Трошоци во Копер 350€ Летниот период во Копер е поскапо, поради туристи. Во Љубљана мора да се користи автобуски превоз бидејќи градот не е мал. Од октомври 2021 виза може да добијат само тие што веќе имаат изнајмено стан од 1 година, покажат на сметка 5000€, на другарка и бараа исто дека нејзин родител прима редовна последните 3 месеци (од искуство). Во врска со студирањето на повеќето факултети во Љубљана бараат јазик да полагате или приемен, има некаде кадешто не бараат ништо. Во Марибор и Копер % за примени студенти од странство е поголем. За повеќе информации може да ми се обратите
Здраво на сите! Дали знаете за колку време се добива повратна информација откако ка се пријавите на evš? Фала ви однапред!
Доколку прашуваш за тоа дали сте примени(основни студии), за во Љубљана(а и Марибор мислам) е почеток на септември, додека за во Копер е јуни-јули.
Да, но сеуште немам прикачено диплома од завршено средно образование.Рокот е 14.07.2022. Каде да ја прикачам?
Kakov e toj n obrazec sto treba da se popolni I dali treba dokumentite da se dostavat onlajn Ili preku postarina?
За Копер мора порано. Знам луѓе што порано кога аплицираа за Копер мораа преку врски порано да ја бараат дипломата...