Дали може некој да ми каже за кои факултети треба да се знар словенски? И дали може на англиски да се студира? Фала многу
Здраво, сакам да прашам доколку некој има информации.Колку студенти од Балканот примаат на медицинските факултети во Словенија, или во Љубљана или во Марибор?
Здраво на сите ) Сакам на факултет да се запишам во Словенија. Се обратив до SloveGo- mentorski upisi na studii vo Slovenija и разменивме неколку пораки, но не можам да определам дали е некоја измама. Ве замолувам ако некој имал некое искуство со нив или знае нешто за нив да ми помогне. Благодарам однапред
Дали има некој на постдипломски или што завршил мастер во словенија, ако може да пише како е задоволен?
Здраво. Дали некој има било какво искуство или информации за виши школи за програмирање во Марибор? Сведителства 3год и 4год (МК и превод на СЛО и заверено на нотар) Диполома (МК и превод на СЛО и заверено на нотар) Хронолошки опис Пасош скениран
Јас. Многу сум задоволен. Единствено што почувствував огромна разлика во квалитетот на образованието и ми требаше баш многу време да се привикнам на тамошното ниво. Но, тоа можеби било така само во мојот случај. Се чувствував уназадено кога ќе се споредев со колегите, едвај ги стигнав за да одржам чекор како што треба. За сите други нешта сум презадоволен. Многу научив и сфатив дека Словенија, за три години, ми даде многу повеќе од што ми дала Македонија за цел живот.
На какво високо ниво било порано образованието во македонија, многу ми е мака што се сведовме на ова што е сега. Благодарам за одговорот. А за снаоѓање со јазик како е? Или има програми и на англиски?
Мојот мастер е малку... Посебен. Музичка Академија, јазикот ни е ноти. Ми беше малку чудно, но немав многу групни предавања. Прво на англиски, постепено се ослободував и на словенечки, за кратко време го „научив“. Не е тежок јазикот, а и таму кога си, сакаш-нејќеш ќе го научиш.
Познат ми е и тој јазик Да, малку е поразлично. Секако не ми е проблем за учење на јазикот за секојдневна комуникација, туку за учење на материјалот што бара повисоко ниво на разбирање. Благодарам за одговорите.
Некој да знае како оди процедурата за нострификација на диплома од наш факултет(медицински) во Словенија? Дали воопшто има таква можност, односно дали го признаваат нашето високо образование?
Сакам да студирам во Словенија,па ако може некој што знае каква е процедурата да ми пише имам неколку прашања.
Zdravooo Dali nekoj se ima zapishano na Criminal justice and security, vo Ljubljana (pod univerzitetot na Maribor e fakultetov)? Mi treba nekoja info
Ве молам доколку има некој што планира или веќе е запишан факултте Фармација во Словенија да ми пише. Благодарам однапред