Здраво Ме интересира дали и мастер студиите во Словенија се бесплатни за македонски студенти? И дали некој што веќе студира, или аплицирал/планира да аплицира, може да ми пише порака ?
Дали може да се аплицира на и во Љубљана и во Марибор како резерва, или мора само на еден универзитет?
Можиш да аплицираш на 3 универзитети со по 3 факултети, значи можеш 3 пати слободно да испратиш пријава
Здраво Сакам да прашам колку се битни оценките од прва и втора година средно за Словенија затоа што гледам дека ги спомнувате само од 3та и 4та =)
Здраво Дали некој знае дали и кога ги објавуваат резултатите за тоа колку души се примени на некој конкретен смер и дали има слободни места за да знаеме ние што ќе аплицираме на вториот рок зашто јас не аплицирав на првиот? Конкретно за Љубљана прашувам за смер лабораториска биомедицина на фармацевтски факултет. Фала однапред
Мислам дека од трета и четврта треба да се заверени на нотар и да имаат Апостилев печат, а прва и втора не мора
А дипломата? И во translation of the certificates се прикачуваат преводите на свидетелствата. или на дипломата?
Аплицирав во Љубљана и Копер, во Копер се стигнати резултатите, а од Љубљана не. Бидејќи прв избор ми е Љубљана, а од Копер бараат да се пополни пријава и да се уплати, дали имате совет што да направам?