Здраво феминки,нова сум на форумов. Сакам да прашам дали мора сите 4 години во средно стручно да ти бидат петки,всушност дали е тоа услов за да те примат на Универзитетот во Љубљана и дали стручните предмети играат голема улога?Инаку сум ученичка која сега ќе е прва средно ама сакам да студирам во Словенија.Колку што знам студиите се бесплатни бидејки имаат договор државите.Е сега,да прашам колку е сега цената да се седи во студентски дом и колку е стан ако се дели со две цимерки(мислам колку пари би требало да плаќаме),друго колку би чинело трошокот за книги,превоз,храна итн.И дали е вистина дека само еден матурант од Македонија или пак два примаат на тој универзитет таму.Ако може некоја феминка што учи таму да ми каже за Медицинскиот Факултет,колку е тежок,кое познавање на словенечки јазик треба да имаш за да ти биде читлива материјата.Мојот изборен е или Медицински или Хемиски за хемиски инженер.Плус да прашам кој универзитет е најдобар Љубљана,Марибор или Копер?И дали факултетиве тука во Македонија се исплатливи и пример дали се признаваат дипломите надвор?Ако има некој Ве молам нека ми објасни сакам да знам.Фала однапред
Misl deka kraj na avgust pocetok Septemvri.Ke ve molam pomos.Seuste nemam odgovor od domot Koper .Site koi apliciraa so mene imaat veke.Kade moze da sr obratam?
Ви треба Потврда за упис на фах Потврда за здравствено осигурување Потврда за сместување Потврда за доказ дека ќе бидеш финансирана во текот на цела учебна година Уплата за виза Потврда за неосудуван Мислам тоа беше
Дечки за вадење на виза сите кажуваат различно.. Ме интетесира дали треба родителите да имаат минимални примања од 1200 евра, дали само се потпишува дека можат да финансираат или треба да се има 5000 евра на сметката за да се извади визата? Никаде не пишува точно а не се јавуваат од амбасада... Фалаа ви многу
Ништо од тоа,2 години со ред добиена е виза само со потврда на нотар од родители дека ќе те издржуваат до одредена сум,во случајов кај мене лани со цифра од 500 еур,помина
Дечки дали некој е запознаен со виша школа во Љубљана? Ако сте, ве млам пишете ми ме интересира нешто..И дали знаете резултати од втор уписен Копер кога стигнуваат?