Дали некој студира фармација во Словенија или планира да студира и дали е морално да се учи на словенечки?
На фармација може да се студира само на словенечки, така да да, морално е, а и треба да се полага јазикот претходно.
Прочитав некоја страна поназад дека треба да се плаќа 4000 евра ако сакаш да студираш на англиски. Дали за сите факултети важи ова? Не сретнав ваква информација на страните од ниеден факултет што ги разгледував, збунета сум.
Сакам да се запишам на факултетот што е за дизајн во Љубљана, која е процедурата, школарината за македонски државјани? Ако знае некој нека ме контактира во ЛП
Кое ниво на познавање на словенечки, а кое на англиски јазик е услов за упис? Дали има програма на англиски јазик?
Здраво Не знам дали е сеуште активна темава, но ми требаат информации околу училишта за изучување словенечки во Скопје. Дали знаете училишта кои нудат летни курсеви?
Братучет ми завршил економски во Словенија и ми кажа дека зависи од факултетот, на него не му давале да работи бидејќи сакале целосно да се фокусира на факултетот. А за другите факултети кајшто е дозволено може да се работи part time а да се добива full time плата. Мислам дека самиот факс ти ја наоѓа работата (обично даваат за конобари) ама сепак не сум студент такада не ме зимај за збор.
Дали запиша постдипломски студии во Словенија? Јас сум 3та година на Правен, се размислувам мастер во Словенија па ме интересира дали може да се оствари тоа?
На фармација не . На англиски може само ако запишеш економија и тоа на одредени смерови дозволуваат, не на сите..
Дали можее некој шо е завршил факс у сло или шо моментално е на факс таму да ме контактира во ЛП pleaase?
Здраво. Гледам многу прашања тука, а малку одговори . Многу сум заинтересирана за студирање во Словенија, би сакала да одам на факлутет по наука можеби медицина или нешто физика/хемија. Како да се информирам и дали е бесплатно за нас Македонците? Колку чини и дали се престојува во интернат или треба стан? Ако некој студира или знае каде има информации, ве молам пишете ми или пратете линк.
Дечки здраво. Има ли овде некој што веќе студира во Словенија и ќе треба од септември да се враќа таму? Ми требаат некои информации. Пишете во ЛП!
Истиве прашања, само јас би сакала нешто поврзано со генетика (молекуларна биологија, биотехнологија). Одлична сум сите години (5,00 просек). Имам и дипломи од државни и интернационални натпревари. Мене ме интересира и како е за јазикот. Другарка ми спомна дека не бараат диплома за словенечки и прифаќаат и англиски, но книгите сигурно се на словенечки. Како се снајдовте девојки?
Истото за јазикот ме интересира, како се снаоѓаат првата година, предавања, испити и слично...Општо каде што се слуша на Словенечки
Девојки, прочитав на интернет дека треба сертификат за познавање на јазикот. Има и опција за студирање на англиски јазик, но само на многу малку факлутети (економски мислам). Читав дека професорите биле љубезни и баш биле фер кон странските студенти. Јазикот брзо се учел. Но, ова е од тоа што го читав. Некој да споделе искуство?
Сертификат за јазик потребен е само на некои програми за тоа сум сигурна...Медицина, новинарство и уште некои мислам. А да англиски само на економски и уште еден смер ми се чини. Ама да ова е се што имам прочитано Некој што има искуство да сподели.