Сертификат изваден од филолошки факултет проверњно знаење т.е. Б2 степен Словенечки е потребен за медицина а Ц2 за медицина во Марибор Словенија што е преетешко мислам и нема смисла јас не знам Ц2 македонски хаха. Иначе за молекуларна биологија нема факултет стручен туку на Универзитот по биологија имаш после втора година да одбериш таков смер и стварно е прејако. Прашајте ме во порака се што ве инт.
Ме интересира некој кој што студирал или моменталоно студира во Словенија за сместување од колку до колку се движат цените ? и за превоз до Словенија?
Дали некој знае дали Словенците при упис на студенти од странство (поточно еве од нашата земја) ги земаат предвид средните каде кој завршил? Нели, појаки/послаби..
Валјда оценките и гимназиско/стручно. Ни тука не гледаат слабо/јако училиште при упис, туку оценки и матура.
Абе да ама пак не е исто да завршиш 5.00 Панче Арсовски и Корчагин пример. Ми кажувале дека треба да се земаат предвид и дека ги земале, знаеле наводно кое какво училиште е , ама којзнае..
Нема врска, не може секој да си дозволи да учи во некое јако училиште, не заради учењето, туку финансиски, сместување и други работи. Плус немаат друга работа, ќе се замараат од кое училиште доаѓаш.
Во Корчагин позлатени дипломи да не им даваат у споредба со тие од Панче Арсовски, па предност имале? Во Словенија ќе се замараат со Скопските гимназии, немаат друга работа. Кој ве лаже вака, или самите си праите филмови некои?
Во Македонија не го гледаат тоа, а не пак во Словенија. При упис се битни оцените, а не е битно како се тие добиени и дали се реални (за жал)...
Дечки честито на сите кои ги примија Мене ме примија во Љубљана на Економски Но гледам дека Македонија им е на црвена листа и дека мора 14 дена карантин. Ако планира некој да оди, како ви е планот за патувањето и карантинот?
Heyyy, и мене ме примија на Економски во Љубљана! Со сѐ срце чекам и сум превозбуден Инаку за одењето таму, прво барамре стан со другар ми (тој е на психологија) па ќе видиме како ќе биди со превоз и слично. Слободно пиши ми ДМ ако сакаш да покомуницираме во врска со факултетот или било што Со среќа!
И мене ме примија на компјутерски науки во Љубљана. Имав поднесено документи и во Скопје и ме имаше на прелиминарната листа. Дали треба да ги известам некако дополнително дека не сакам да се запишам или доволно е што нема да отидам на ден на запишување? Инаку како барате станови, дали во стан ќе го поминете карантинот или во некое привремено сместување? За помалце од две недели ќе треба да заминеме за да ни помине карантинот пред октомври, но знае ли некој дали можеби и порано ќе треба да завршиме со карантин ако треба пред октомври да се запишуваме?
@Mr. Midnight @Boxty123 честитки, нека ни е со среќа Јас дефинитвно ќе одам со автобус ама не знам каде ќе престојувам за карантинот. За престој за време на студии, барам веќе неколку дена и не можам да се одлучам каде . Многу е глупаво што не можеме во државен студентски дом
Ме примија да студирам во Словенија, поточно во Марибор Има уште некој од Македонија што ке студира таму? Ако има некој заинтересиран за делење на стан, ве молам пишете
Јас ќе седам карантин во станот каде што ќе живеам цела година. Ама многу ретко го дозволуваат тоа така да како друга опција можеш да истражиш кои мотели и хостели дозволуваат да го прелегаш карантинот. Тоа беше мојата втора опција. Во студентски домови карантин не може. Побрзај си за да ти заврши изолацијата пред 1ви октомври.
Здраво, брат ми е исто примен во Љубљана на машински. Но, цимерите што требаше да се со него откажаа и уште нема најдено друг стан/ цимери. Ако некој е заинтересиран, нека ми пише лп да ве поврзам.