1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студирање во Словенија

Дискусија во 'Образование' започната од TeaB, 20 октомври 2011.

  1. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Машки
    Здраво девојки.

    Ќе замолам некоја поупатена феминка да ми даде повеќе инфо околу студирањето во Словенија, т.е. на Универзитетот во Марибор. Ова е студиската програма: https://www.fs.um.si/studij/studijski-programi/2-stopnja/inzenirsko-oblikovanje-izdelkov/
    Утка сум со словенскиот јазик па ако може да ме информирате околу документите и роковите.
     
  2. spingstart13

    spingstart13 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Zdravo, dali za apliciranje potrebno e od 3ta i 4ta godina sveditelstvata ili od celo sredno kako vo drugi evropski univerziteti?
     
  3. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Случајно се навратив тука и гледам темава станала доста популарна. Студирав и живеев во Словенија 7 и пол години, доколку ви треба помош слободно пишете ми порака или пишете конкретни прашања тука, колку можам ќе помогнам. :)

    Од 3та и 4та година беа најважни и мора да се пратат оригиналите (или заверена копија) заедно со дипломата. Пред да се преведат беше важно да се однесат на суд да им се стави апостил (печат) за да се потврди дека се оригинални и после се преведуваат заедно со апостилот (исто и за дипломата од средно). За сведителствата од 1ва и 2ра не се сеќавам дали беа обавезни, јас пратив обична незаверена копија од нив и превод :)
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2021
    На mira.mira и poi им се допаѓа ова.
  4. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    За Македонија не треба апостил печат, само непотребно замарање е.
     
  5. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Можно е да се има сменето во последниве години, мене ми го пишуваше во листата за документи што ја праќаа од факултетот. Ми се чини дека и од некој друг слушнав дека сега веќе не требало :)
     
  6. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Да, порано требало, но последниве години Македонија и уште неколку држави се ослободени од апостил. Го пишува тоа мислам на сајтот за пријавување, ги имаат наведено државите кои се ослободени. :)
     
  7. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Дали некој има некоја книга за почетно учење на словенечки јазик? Било што би помогнало.
     
  8. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Имам јас, пиши ми. :)
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jennz

    Jennz Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2020
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали знаете дали важи сертификат за словенечки јазик од некој јазичен центар?
     
  10. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој од тука живее во студентски дом? Какво искуство имате?
     
  11. Ana2411

    Ana2411 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали од тука има некој кој ќе се запишува или веќе се запишал на студии во Словенија, или пак некој кој е запишан претходните години, да сподели искуство и како оди таа процедура со документи?
     
  12. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Јас живеев 3 години во државни студентски домови во Марибор и бев презадоволна :) Домовите се прекрасни, обично се како станови со 2 до 3 соби за максимум 4ца студенти, со своја кујна купатило и вц. Зборувам за државните, во приватните во поскапите е добро, поевтините не се добри. За разлика од Мк има ред и одржување во домовите. Се е ново, тивко, има доста правила ама најважно од се е што можеш да имаш услови за учење. Се изведуваат контроли неколку пати годишно за дали собите се чисти и неколку пати е потребно генерално темелно чистење. Покрај средените соби имаше на располагање теретана (со доплата, но по многу пониска цена од било каде во градот). Исто така бесплатно можеше да си изнајмиш простор за некој настан како на пример за роденденска забава или било што друго. Единствена негативна работа беше што за перењето се доплаќаше по машина и се изведуваше во заеднички перални (некаде можеби не е така, не знам). Цената за перење беше 1.5 евра за перење и 1.5 евра за сушење доколку сакаш да ги сушиш алиштата во машина. Јас за среќа имав балкон, а и си купив сушара за во собата па плаќав само за перење. За перењето трошев уште приближно 4-5 евра месечно :)

    П.с еве ги страните од студентските домови во Љубљана и Марибор, можете да најдете слики како изгледаат собите и другите простории.
    https://www.stud-dom-lj.si/
    https://www.studentskidomovi.um.si/portal/index.php/nasi-domovi
     
    На eliesaab, stranger2 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. anicka_m

    anicka_m Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    534
    Пол:
    Женски
    Дали има некој/а што студира/л или е запознаен со факултетот за безбедносни науки (varnostne vede) при универзитетот Марибор за да сподели искуство како е со уписи, учење, пракса итн?
    И која е разликата помеѓу високошколска програма и универзитетска програма?
     
  14. Jennz

    Jennz Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2020
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли кога се аплицира за домовите во Марибор и какви документи ти бараа?
     
  15. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Немаше ништо посебно, јас однесов само потврда за упис на факултетот и картичката од визата. И еден формулар исполнив. Ако сеуште ја немаш визата, ќе им дадеш пасош да направат копија па визата ќе им ја однесеш покасно откако ќе ја добиеш.

    Рокот за аплицирање мислам дека е од сега до април, не сум сигурна, провери си по страните сигурно пишува.

    Универзитетната програма е наменета повеќе за студенти што планираат да продолжат со постдипломски студии, магистратура и докторат. Потемелно се изучува теоријата, повеќе се навлегува во истражувања и сл. Високошолски студии се наменети за студенти што имаат намера директно да се вработат по дипломирањето. Повеќе ги спремаат студентите со практични задачи што ќе им помогнат во работниот живот отколку да навлегуваат во теорија што можеби никогаш нема да им треба. Ова општо кажано на некој начин, има разлика и на кој факултет ќе бидете :)
     
    Последна измена: 22 февруари 2021
  16. stranger2

    stranger2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу на сите што споделувате искуства. :l:
    Има ли некој што сака во Нова Горица? И конкретно дали некој има што учел физика?
    Уште немам аплицирано а преплашена сум.(facepalm)
     
  17. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Каде можам да најдам бесплатни е-книги на словенечки?
     
  18. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Девојки ме интересира дали може да се запишат магистерски пример од економија ако имаш завршено друг факултет но има поврзаност?
     
  19. ~Moonlight~

    ~Moonlight~ Активен член

    Се зачлени на:
    27 март 2021
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво сакам да прашам дали за упис на медицински факултет бараат диплома за словенечки јазик?
     
  20. Yo yo

    Yo yo Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2021
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    100
    Neznam dali diploma ili sertifikat ama bitno mora da imaš nekoj dokument da potvrdiš deka znaes slovenski minimum B2
     
    На mira.mira и ~Moonlight~ им се допаѓа ова.