Дали доколку се запишам Словенија на студии и од Х причини сакам да се вратам во Македонија, можам да си се запишам и тука да продолжам?
Хеу,го пропуштив првиот рок за давање на документи (аплицирањето),ме имтересира кога ќе можам повторно да аплицирам ?
На следниот рок од почеток си аплицираш, секој факултет различни датуми и рокови има. Посебно ако е во Љубљана, мора да се запази рокот..
Какви оценки имаше во сведителства, какви на матура и дали се рангираат само 3 и 4 година? Фала однапред
Не беше официјален. Го променија. До 26 години како студент родител те издржува со документ заверен на нотар, износ од 402 евра месечно. Исто така од следната година ќе бараат и потврда за приходот на родителот која мора да изнесува повеќе од 402 евра месечно.
А тоа со 5000€ секоја академска година? нешто како доказ дека нема да останеш товар на државата така? И на кој сајт ги читате новитетите за Словенија?
Јас прашав во амбасада. Не треба приход од родителите, туку за секој месец што ќе ја добиеш визата треба да имаш по 400 евра на сметка. Факултетите се бесплатни, биле и така ќе останат. Имаат договор државите. Од сигурни извори кажувам.
Дали знаеш, дали секој месец треба да ти праќаат по 400€? На пример ако работиш или ти останат на сметка 100€ од овој месец, следниот би требало 300€ да ти стават или без разлика на тоа тие треба секој месец по 400€ да ти стават на сметка?
Додека си студент, за да добиеш студентска виза, мораш да покажеш документ заверен кај нотар дека родителите ќе ти праќаат по 402 евра на месец. Е сега до претходната година, не бараа доказ за тоа. Пример јас лично го имав тај документ но нормално дека не ми праќаа секој месец родителите толку пари. Законски овде е секој месец да ти праќаат, но како што реков не бараа доказ за тоа. Од следната година кажаа дека ќе барат потврда од месечните примања на родителите кои треба да изнесуваат повеќе од 400 евра ( вкупно на двајцата родители ). И повторно никаде не е спомнато дека секој месец ке треба да покажуваш дека ти праќаат пари.
Повели. https://www.gov.si/novice/2021-06-0...u0BE_8LUy7Uk51rcxYdILYRAcdSn5CjC52HaclPtJ7gAk - Ob tem poudarjamo, da bo moral študent ob izpolnjeni predpostavki zakonske obveznosti preživljanja s strani staršev izkazati, da imajo starši zadostna sredstva za preživljanje zgolj za njegovo preživljanje, torej za preživljanje študenta, ki bo opravljal študij v Republiki Sloveniji.
Освен оценките од 3 и 4 година и матура, што друго може да се приложи и дали влијае? (дипломи,пофалници?)
Здраво, дали ќе може некој подетално да ми ја објасни целата постапката за аплицирање на факултетите во Словенија?