Здр девојки,сакав да прашам ако некоја има искуство за студирање во странство за моден креатор и дизајн,нешто во врска со модата? инаку јас имам многу голема желба за моден креатор,знам дека овде во Македонија нема големи услови за тоа,и добра сум во цртање и дизајнирање.. позз...
Студирање во странство-Моден креатор,дизајн. За моден дизајн имаш многу добра програма на ФОН, на Дизајн и мултимедија. Декан им е Ношпал и се гледа дека човекот студирал на St. Martin's во Лондон, ептен добро ја средил и програмата, и физичките услови, работилници, лаборатории.... Брат ми е таму и презадоволен е, се што треба одма се средува, многу работат, екстра од факултетот нон стоп имаат пракси, чуда...
Студирање во странство-Моден креатор,дизајн. Како прво и основно девојчето прашува за странство а не за тука, и искрено фали го колку сакаш јас не сум слушнала добри работи за ношпал, кога сака се појавува, ги заебава за испит! И каква пракса жити се на идол што ги облакаа и тоа не сите студенти само тие од 2ра година.. и ова го немам слушнато само од една личност туку од мноооогу !! Башка ФОН?! каков сака нека биде оделот добар кога е на ФОН а многу добро знаеме како се учи и колку на ФОН !! Можеш да разгледаш на интернет за школи за дизајн во странство, имаш многу посебно италија, има многу добри школи можеш да аплицираш за летен камп и послем можеш да видиш дали ке ти се допадне па да се запишеш на факс .. позз и со среќа
Студирање во странство-Моден креатор,дизајн. Има и во Бугарија, ако веќе се нема услови за подалеку. Сестра на мој близок пријател студираше таму и многу ја фалеше праксата, си заврши и сега си има модно ателје колку што знам. Убав факултет е, ама јас лично не би се запишала на таков. До душа, секој со желбите. Имаш време за до факултет, ќе смениш уште сто ума - ова гарант.
Студирање во странство-Моден креатор,дизајн. На моја другака сестра и е втора година сега во Љубљана и тоа со стипендија, не плаќа ни евро партиципација. Aма да занете какви премни испити имаа, 3 дена по ред се одржуваа по 3 саати-цртаа и што се не, и она беше прва од 100 во конкуренција и еве ја презадоволна е. Словенечки не знае многу ама се снајде, башка и многу многу не и треба неа, цело време цртаат, кројат, шие на машина уште од 2 семестар. Презадоволна е, да не ви кажувам колку е ефтина Љубљана за студенти. Мислам дека се работи за државниот факултет.
Студирање во странство-Моден креатор,дизајн. Фино е да сакаш да си дизајнер но во Македонија вистинската реализација за моден дизајнер е тешка, од причина што пазарот е катастрофален, а и буџетот не дозволува да се прикажеш во вистинско светло. Разгледај си на интернет пред се кај би можела да земеш стипендија. Едни од најдобрите дизајнерски факултети се во Италија, а пред се во овие земји се има можност за пракса и работа во светските дизајнерски имиња. Дипломата вреди таму, тука тешко. Младиве дизајнери кај нас сите имаат факултети во странство од Париз, Милано, Лондон, ама пак се познати во премал круг на луѓе. Кај нас се се сведува на шиење за матури и свадби, тоа е реалноста. А дипломата ти се изедначува со некоја одлична маалска шнајдерка, дури може и таа/тој да има и поголем број на клиенти и да зима пари од тој со диплома. За да си имаш колекции и ревии ти треба голем буџет, буџет кој треба да го полниш од продажба на своите колекции, а тоа е претешко. Чест на секој дизајнер е да има свои колекции и ревии, а во Македонија ќе платиш за материјали, ќе шиеш, па плати манекени, па ревијата плати ја, за на крај парчето да неможе да го продадеш зашто нема народот пари, мож некој ќе штеди за попознат бренд, ама ретко кој купува од колекциите на непознат млад дизајнер кои си чинат доста. Така да размисли колку сакаш и колку имаш средства за да опстоиш како дизајнер тука. Ако планираш да се преселиш во странство и да работиш во некој бренд тогаш супер.
Студирање во странство-Моден креатор,дизајн. Hие имаме во фамилија будучи моден дизјнер, ненормален талент,од цртање, до замисла,до шиење,абре роден за оваа професија. за некоја година ќе биде доста познат верувам Hајдобар си е во генерација, ете кај кого ќе ми се шијат фустаните има и кај нас не знам зашто одење до странство однапред, прво видете си дали ве бива, па после на покрупни чекори
Се согласувам со сево ова,ама јас секако планирам да си живеам во странство и таму да работам,да имам свој бренд и така,зошто овде слабо..
Се согласувам со сево ова,ама јас секако планирам да си живеам во странство и таму да работам,да имам свој бренд и така,зошто овде слабо.. Ako mozes da go napravis toa OK ama mislam deka ke ti trebat nenormalni finansi da bides moden dizajner so svoj brend vo stranstvo plus studiranje.