Ako veke si za Canada togas samo citaj program i ako bendisas nesto javuvaj se na free tel. broevi. Tie ke ti kazat ponataka sto kako. Jas isto bev mnogu zbuneta i mislev deka nikogas nema da razberam , ama tuka sistemot e napraven da te vodi. Samo ti kazi za sto si zainteresirana i tie step by step ke te odvedat do sakanata diploma. Vaka jas rekov, toj rece nisto nepravis. Treba da prasuvas i tie sami ke ti se javuvaat i nudat. Znam deka i edna nedela ke ti dadat free vo dom, da dojdes da vidis dali ke ti se bendisa smestuvanje, campus, uslovi, moznost za rabota kako part-time, osiguruvanje,viza, plakanje...... Toa oni se ke zavrsat za tebe. Ne si ni prva ni posledna, godisno so iljadnici doagaat. Eve koristi ova kako za pocetok https://www.bachelorsportal.com/ Eve kako nie doma imame barano na istiov site. Znaci biras drzava i pisuvas program. Ti gi pokazuva site fakulteti vo Canada. Odi posle poedinacno na web site kaj sekoj fakultet i citaj koj se entry requirement. Ako bendisas nesto mozes email da napisen na academic chair ili program conrdinator. Posle e lesno. Za diplomite treba da se izvrsi evaluacija. Toa go pravi drzavna sluzba (mene taka posto sum drzavjanin). Dodusa na stranata na institucijata imase stranica kade mojte oceni mozev da gi trnsferiram vo ovdesen GPA i da vidam koj mi se moznostite. Toa e samo kolku za tebe inace za da te primat treba soodvetna institucija toa da go pravi. Eve uste edna strana kade mozes da probas sama http://www.icascanada.ca/home.aspx Jas veke bev drzavjanin i rabotev full time taka da sama si se finansirav. Preku taxsa godisna mi vrakaa na kraj mi izleze samo 1/3 od prvicnata cena.
@toogood Благодарам, и ти посакувам многу среќа во иднина ! Многу ми е мило што си имала позитивно искуство со студирањето во Канада
Фала за сето ова, ама не сме се разбрале. Снајдена сум јас Веќе работам со интернационални студенти и admissions и тематиката ми е добро позната. Ме интересираше да ми покажеш каде се доделува undergraduate degree за завршено средно образование како што имаше погоре напишано, зашто undergraduate degree e де факто диплома за завршени додипломски студии на универзитет или колеџ секаде во светов. Рака на срце не сум имала студенти од Канада и затоа се заинтересирав.
Девојки и момци имам неколку прашања во врска со постдипломски студии надвор од земјава, поточно ме интересира за Скандинавските земји и евентуално Италија. Ме интересира тоа во кои земји има целосно стипендирање во смисла на платено сместување во студентски дом и самото студирање (со можеби некаква мала доплата од страна на студентот) ? Исто така ме интересира кои се условите за добивање на таква стипендија во однос на тоа колку треба да биде просекот (отприлика) и кои документи треба да се поднесат? Идната година треба да запишувам постдипломски па би ви била благодарна ако некој сподели било каква информација во врска со прашањава
Норвешка имаше до пред некоја година програма за стипендирање што ја вклучуваше Македонија - сега веќе ја нема. За Данска и Финска не сум сигурна. Шведска мислам дека се уште има програми за стипендирање: https://studyinsweden.se/scholarship/si-scholarships-for-the-western-balkans/. Следејќи инфо од линкот ќе најдеш инфо за просек и потребни документи. Од искуство: свидетелства и диплома за завршено средно на мк и превод или на англиски или на јазикот на земјата кадешто аплицираш. Диплома за завршено високо со транскрипт на положени испити на мк и во превод. На дипломата стави си апостил - кошта 300 денари и се добива или во Министерство за правда или со Основен суд (сум заборавила). Апостил се става на оригинал документ како потврда дека не се работи за фалсификуван документ. Нотарска заверка само како потврда за копија што е веродостојна на оригиналот (доколку се бара да испратиш документи по пошта) а на преводот последен печат треба да е печатот на преведувачот (нека не те лажат нотари дека треба и преведувачкиот печат да се завери - не треба). Следи си информации според линкот. Уписите за 2017 се завршени, уписите за 2018 се отвораат сега во септември и траат обично до декември. Помага ако имаш препорака од барем еден професор. Доколку немаш студирано додипломски студии на англиски јазик мораш да имаш положено Тоелфл / Иелтс. Ова беше за Скандинавија. Исто разгледај какви можности се нудат преку Еразмус Плус: http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/node_en.
@LeleD а во врска со полагањето Тоефл / Иелтс дали знаеш колку пати во текот на една година може да се полага, дали само еднаш или може повеќе пати?
Не сум сигурна, најдобро да се обратиш во Британски совет и евентуално во Американ корнер. Британски совет знам дека го администрира ИЕЛТС (https://www.britishcouncil.mk/exam) а за ТОЕФЛ сум заборавила...
Јас оваа година ќе дипломирам овде на приватно, понатаму сакам да продолжам во Канада, е сега дали има некој такво искуство, со средно овде па факултет таму и ако може да ми каже кои се условите и што е потребно. Јас гледам по сајтови одприлика нешто ама друго е кога некој ќе ти каже од тоа што го знае и што го видел
Планирам да аплицирам во Словенија на следните уписи, меѓутоа дознав дека треба да изберам три факултети. Па ме интересира ако на пример не ме примат на психологија, а ме примат на вториот дали подоцна можам да се префрлам на психологија? И случајно да не знае некој колку години е психологија таму?
Префрлувањето не оди на тој начин. Ако веќе си примена на еден факултет, можеш да аплицираш за место на друг факултет ама во иста насока. Па ако сакаш да студираш психологија, аплицирај на повеќе факултети за психологија или нешто повразано со таа област. Инаку не знам колку време се студиите.
Имаш право да аплицираш на 3 факултети. Може да е Љубљана, Софија и Белград на пример. При апликацијата секој факултет ти нуди три гранки а приоритетната ја ставаш прва. На пример прво ти е психологија, втора гранка може и ликовно да ти биде. Ако не те примиле на психологија а на ликовно да, нема ниту понатаму да те примат.
Сакам да аплицирам за факултетот во Словенија, сега завршувам 4та година, ако може некој подетално да ми објасни како иде се процедура ве молам да ми пише Благодарам однапред
Јас сакам да студирам во Германија на државен, но предавањата да бидат на Англиски...ми треба совет од некој кој веќе има искуство, било каква информација би ми помогнала. Доколку има некој искуство ве молам пишете, фала ви
Сега сум 3та год средно.На лето ќе почнам да учам словенски јазик бидејки сакам да студирам стоматологија во Словенија но ми рекоа дека малце време ми е за да го научам јазикот. Читав дека може да аплицираш на три факултети,прашањето мие дали знаете конкретно за стоматологија каде е најдобро за студирање финансиски и оптшо кој факултет е најдобар дали Љубљана,Софија или Белград,тие ми се трите опции.
Имам познаничка која се запиша во Словенија, мислам дека беше медицина ако не се лажам. Заеднички пријатели ми рекоа дека не го учела јазикот или барем многу малку пред да замине, е сега колку е точно, не знам. Колку се снаоѓа, колку е тешко/лесно исто не можам да кажам, но еве ја, неколку години е таму. Јас студирам во Бугарија, фармација сум, на истиот универзитет е со стоматологијата, па претпоставувам дека се тука некаде условите. Јас сум задоволна, но мислам дека образованието во Словенија е на повисоко ниво.
А како се условите Бугарија? Дали има убави услови за студендите колку е кирија колку се плаќа факултетот?