Ако си во студентски навистина не се многу големи трошоците. Годишно таксата за факултет е 500 евра, студентските се плаќаат околу 35 евра месечно. До факултет мораш да патуваш со автобус, па дури и да менуваш неколку, но и тоа не е проблем зошто имаш месечни карти за само 10 евра што многу корисно. Искрено јас сум доста задоволна, не би менувала ништо, освен тоа дека понекогаш посакувам да сум во стан (не бидејќи е многу лошо во студентските, но едноставно ми треба повеќе простор), но е прескапо.
Здраво Ако има некој што има искуство со постдипломски студии во странство(Европа и Америка) во областа на економски науки со претходна диплома од УКИМ, ако сака нека ми пише ЛП бидејќи ѓи требаат информации.
Знам дека постдипломските во Словенија се многууу комплицирани, доста тешки и се многу голем предизвик. Но, сепак доколку ги завршиш си некој и нешто.
ne e taka voopsto ne e tolku teshko naprotiv ti e olesneto vo odnos sto uslovite i materijalite za studiranje se podobri vo odnos na makedonija
Еве ќе ви ја пишам вистината за Економски факултет во Љубљана. Сурова вистина што нема да ја слушнете од друг. Претешко е луѓе, значи претешко. Доколку не знаете интегрални, двојни тројни интегрални, изводи, графици лн е или корен оф график, оптимизации, матрици, и ако немате појма од микро и макро не одете, или одете ама бидете спремна на многу многууууу препреки и непреспиени ноќи. Бидете спремни дека во мк 10ка тука ти е 6/7ца и треба да си презадоволен со 6/7. ЗОШТО? Затоа што Словенското средно обеазование е пекол, секој словенец во средно 3та година ја паѓа. Ги убиваат до хемија физика математика к економија во средно. И нив на факултет им е прелесно. А, ако иде македонец од средно ПМА смер, ќе положе математика ќе ги падне другите предмети, ако дојде македонец од економско средно ќе положе се освен математика. Ви го кажувам ова како совет, бидејќи во мојот клас само словенците поминаа математика и никој друг, и сите словенци се скоро една год поголеми од мене бидејќи имаат паднато математика. И не, не се лажете дека словенскиот е сличен со српскиот. Доколку имате можност учете на англиски ќе поминете полесно. Размислете два пати, бидејќи не е баш лесно, т.е не е ни малку лесно. Доколку некој сака подетални инф нека ми пише.
Знаеш колку субјективно ти е мислењето? А овде читаат идни студенти кои сакаат да знааат како е навистина. Точно дека кај нас образовниот систем е капут, ама дека на нашите факултети 6ка е во странските 10ка, не е точно. Нема толкава разлика. Тоа што на појаките факултети летвата е повиско крената и конкуренцијата е појака, е дел од пакетот. За тоа треба сите да бидат свесни. Па ти требало да мислиш кога си аплицирала дали можеш да се носиш според очекувањата, или според тоа колку си способен навистина да се носиш со предизвикот. Кога веќе се решавате да продолжите на факултети од сферата на природните науки и математиката, посоодвето и полесно би било кога претходно сте биле ПМА во гимназија, или во некое друго училиште каде предмети од вашата струка биле форсирани. Нема поента од празни жалби и сожалувања. Секогаш ќе има некој на кој му е пружено подобро образование. Што не е причина за изговор дека некој друг не може подобро. Мој совет е само добро да бидете информирани пред да почнете со апликациите, и да бидете запознааени со сите можни зае*анции попатно. Погледнети ги програмите на факултетите, видете како функционираат. Размислете дали ви одговара. Разгледајте ја и можноста за останување по студирањето, затоа што минимум 60% од студентите остануваат во градовите каде што студираат, или тражат подобри опции. Па замислете се дали би сакале да живеете каде што ќе студирате, и што сѐ ви нуди градот/државата додека студирате и после. Ова е една од најважните одлуки на секој човек во животот, затоа внимателно ги донесувајте.
Не биди дрска и не се прави како да знаеш се а не си го доживеала, зборувај за нешто што го знаеш и што го живееш во моментот. А да зборуваш лаги е лесно зарем не? И нема што ти мене да ми кажуваш да сум си мислела на време, и онака се ми е положено нема што да се замараш ти за тоа. Кажав тоа што е вистина, цимерка сум со тројца словенци и сите се прва факс а една година поголеми од мене бидејќи паднале 3та средно. И не споредувај наше образование со нивно, затоа што тоа ако го кажеш во словенија ќе ти се исмеатмво лице и ќе те понижат. Затоа што они тоа што го улат во средно ние го немаме ни на факултет. Поздрав информирај се подобро пред да дадеш одвратен коментар
Не сум дрска, зборувам за тоа што го знам. И добро сум информирана. Тоа што ти се најде засегната во мојот пост во дел кој беше општ за сите, не за тебе конкретно, е твој проблем кој очигледно тебе те прави дрска и те тера да внесеш сегменти од твојот живот за да докажеш поента, кои во принцип се ирелевантни кога се субјективни. Најмалку ме интересира дали си положила и со што си го направила тоа, за тебе е. На таа карта, ти не знаеш "што јас знам и што живеам во моментот". Не си единствена која студира во странство, и првата во Словенија па успори малку. Не можеш да кажеш дека на некој факултет прелазна е на нашите 10ка. Па какво сака нека им биде образованието, средно или високо. Поздрав4е и до тебе
@Kacikakacika и ти не си доживеала да студираш и на двата универзитети. Друго, вистина е дека ти е субјективно. Да сум ги слушала и да сум потпаѓала на влијание на сите што ми викале деке некој професор е ваков или таков, дека некој предмет е досаден, тежок или невозможен да го поминеш ќе требаше три пати да паднам две математики мои ги положив со 9 и 10, ќе требаше да мразам два предмети кои уште ми се омилени и исто ги положив со 9. Такви совети не се даваат на студент. Јас кога отидов да студирам на електро бев една од ретките што немаше ниту ПМА, ниту електротехничко, па не ме спречи да бидам од почеток до крај цело време помеѓу најдобрите. Ниту интеграли имав видено, ниту изводи, ни графици, ни матрици. Ништо не знаев, НИШТО. Со многу труд се сѐ постигнува.
Некој што студира или ќе студира во Русија или Полска нека ми се обрати слободно. Можам да ви помогнам што и да ви треба освен пари. За во Полска може да ве упатам и поврзам со пријатели, за во Русија можам лично бидејќи и јас таму студирам.
Здраво дечки. Сакам да прашам дали има некој што има студирано или работено/престојувано во Белгија со студентска виза, или пак доколку знае некој што има? Ми треба итно да го/ја прашам пар работи. Ви благодарам!