Ако има некој/а што студира или судирал/а во Германија, нека ми пише лп ако може. Имам некои прашања.
Здраво, дали можи да ми кажите мислење каде е подобро да студирам медицина во Македонија или Бугарија?
Здраво, јас сум на економски у русија, ама знам многу македонци што учат на медицински тука. Пиши ми, ќе ти дадам контакти
Здраво , би сакала да ми кажете нешто повеќе а студирањето во Словенија. Дали сами баравте смештај или преку некоја агенција ? Како се снајдовте со јазикот , дали пред време почнавте со изучување или како шт видов има 1 година плус за изучубање ? Секој одговор би ми бил од корист .
Здраво , дали може некој да ми даде информации за студирање во Словенија . Сакам додипломски таму да запишам , Информатика, но сите факултети кои ги најдов се по 3 години? Некој помош и искуство да сподели
Здраво. Од наредната година планирам да започнам со учење во странство, но една работа ме замисли. Гледајќи ѓи условите за добивање студентска виза, пишува дека треба да имаме 10000+€ на сметка како еден од условите (конкретно гледав за студии во Норвешка, Австрија и Германија). Дали е ова точно и дали е баш така? Затоа што јас планирам да работам таму и со тоа да се оддржувам.
Да точно е дека некои земји бараат да се има депозит во банка, не знам колкава сума точно, ама неколку илјади евра сигурно.
Дали по завршување на студии остануваат да работат во истата држава или си идат назад повеќето студенти? Или во МК да завршиш факултет и да одиш на мастер во др држава , освен лично надоградување што добиваш? Се мислам одгодина да аплицирам на факултет каде што имаат ставено дека покриваат повеќе од трошоците.
Здраво, дали некој има искуство со Еразмус програмата за студирање во странство? Како оди процедурата и што се е потребно за истата?
Одиш да разговараш со одговорниот на програмата на вашиот факултет/универзитет и ќе ти објаснат се. После пандемијата. Или ако имаш контакт можеш да му пишеш после правниците.
Овде можеш да го најдеш конкурсот (најгоре, каде ти е објаснето кои документи ти требаат), како и документите што треба да ги пополниш (во делот ЕРАЗМУС+ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТСКА МОБИЛНОСТ; под број 6 ти е листата на координатори по факултет, во случај да не знаеш кој е координатор на твојот факултет). Процедурата е следна: 1. Одбираш на кој универзитет (факултет) сакаш да одиш и разгледуваш на нивната страна дали ги има предметите кои треба да ги слушаш (го имаш тоа во истиот дел под број 8 - билатерални договори - каде се наброени сите универзитети со кои сои соработува нашиот универзитет, односно со кој факултет од нивниот универзитет имаат соработка). 2. Аплицираш/ги поднесуваш документите кај тебе на факултет. 3. Ако има многу пријавени на твојот факултет, факултетот прави селекција меѓу вас. 4. Ако го поминеш ова, одат твоите документи во одделот за Меѓународна соработка за УКИМ, каде и тие прават селекција. 5. УКИМ ги пушта твоите документи на странскиот факултет, од каде треба да добиеш потврда дека си примена. И тоа е тоа во кратки црти. Јас објаснив за УКИМ; не знам на кој универзитет си, ама овој е процесот. Во секој случај, со оглед на ситуацијава, разгледај сега сè сама, па потоа оди кај/пиши му на координаторот за дополнителни нејаснотии. Многу е важно пред да одиш да се осигураш дека предметите ќе ти бидат признати откако ќе се вратиш, бидејќи имало случаи кога не биле, па студентите требало дополнително да ги преполагаат тука.
Дали има некој што студира во Словенија? Како оди процедурата на запишување? Кои се трошоците? Ако има некој што студира нека ми пише ЛП.