Некој што студира во Германија? Кое ниво на јазик треба да се знае, и колку траат економските и правните факултети? Дали има шанса за успех, кога почнуваш сам без никој од нула, или слабо..?
Здраво дечки Дали ќе може некој што веќе студира или е запишан во Словенија да ми пише,бидејќи ми треба помош за работи кои не сум сигурна
Здраво. Сакам да аплицирам за стипендија од програмата „Фулбрајт“ (за магистерски студии), дали некој има информации за следново : Која е постапката за аплицирање за оваа стипендија и кои трошоци ги покрива таа? Кои се критериумите за избор на кандидати? Кога треба да полагам TOEFL тест (пред аплицирањето или подоцна)? Благодарам
И мене ме интересира подетално за ова, или доколку знаете некоја друга програма што овозможува стипендија за мастер во Америка.
Можеш да ми пишеш во лп. На сите кои студирате или планирате да студирате во Русија можам да ви помогнам. Да ве упатам со документи што како и слично.
Ти треба минимум C1 или DSH 2 и положена државна матура за да те примат на факултет. Додипломски студии на економски или правен опфаќаат најчесто 6 семестри, а мастер 4. Имаш шанси за успех, сѐ е многу слично како студиите во МК.
Zdravoo Sega sun treta godina sredno i razmisluvam da odam na fakultet vo Slovenija. Dokolku ima nekoj tuka sto bi mozel da mi kaze kakvi se uslovite tamu, prestoj, rabota, prevoz i slicno ako moze da mi kaze. Blagodaram
Има агенција што посредува ама реално само за да ти поднесат документи бараат околу 2000 евра (што не вреди да фрлаш толку пари). Има група на фб каде можеш да се додадеш, да се поврзеш со некого што студира па така да добиеш информации од прва рака. Јас ти препорачувам да размислиш за други земји. Пс. Бугарија не ти ја препорачувам. Франција можеш преку амбасадата со положен delf/dalf B2 (со стипендија). Германија со DAAD стипендија.
Здраво, дали некој може да ми каже подетално во врска со студирањето во Словенија? Добив информација дека ги гледале оценките и ги рангирале само од 3 и 4 година и марура
Точно, ги гледаат само од 3 и 4 година и матурата. Од 1ва и 2ра година не ни ги бараат да ги пратиш воопшто (барем годинава не ги бараа).
Фала ти☺️ А дали за матурата гледаа кои предмети си ги полагал? Дали секок факултет таму бара што да полагаш?
Секако. Не може да се запишеш на информатички ако си полагал филозофија пример. Ама и понекогаш зависи од конкуренцијата. Секој факултет прима само одреден број странски студенти. Ако има пријавени помалку од квотата, се примаат сите, без разлика што си полагал, ама тоа ретко се случува.
Здраво!! Оваа година завршувам со средното образование и би сакала да се запишам на Правен факултет во Словенија, Марибор или Љубљана. Па, би сакала да прашам дали некој има кој студира Правен во Словенија, и дали прават проблем со јазикот?
Јазик мора да знаеш ако планираш да се запишеш на словенски. Почни да си го учиш одсега. Ако не, можеш да се запишеш на програмата лето плус, тоа ти е уствари како воведна година (прва година) каде што го учиш јазикот, после таа година почнуваш пак од прва, со тоа што не се рачунаш како да си паднала година. Супер е лето плус за да научиш да се снајдеш, секако ако не ти е проблем тоа што ќе студираш една година повеќе. Прогуглај, ќе најдеш многу информации, или ако сакаш пиши ми па ќе ти објаснам подетално и ќе те упатам.
Здраво на сите. Доколку има некој што студира биологија или пак е на магистерски студии на Biotehniška fakulteta во Љубљана би Ве замолил да ми пишете лп. Фала однапред <3
Јас за во Копер знам дека може и да ја повториш прва, со тоа што нема да се рачуна како да си паднал година. Можеш да продолжиш, ама нема да имаш баш знаење од првата година пошто во лето плус се учи најмногу словенскиот јазик и плус introduction по другите предмети што ти се задолжителни, со најмногу акцент на словенскиот, стручни зборови и слично, не се учат баш целосно. За други градови искрено не знам, мислев секаде е исто.