Доколку има некој што студирал во странство и сега работи во Македонија, дали имавте проблем со кредити и дали дипломата ви ја признаа тука?
Здраво, сакам да прашам некој што стидира во Бугарија запишан со македонски документи дали е потребно прво да се извади виза за престој или може директно привремена лична карта и која е цената на визата?
https://www.facebook.com/share/p/qFbiieGofTyWZyCq/?mibextid=xfxF2i Започнат е конкурсот за стипендии за студирање во Русија, трае до 15 јануари 2025.
Здраво . Имам голема желба да се запишам и да студирам ветерина. Дали некој има информации или искуства за студирање на ветерина било каде во странство. Какви се условите и слично. Видов дека лани во Словенија примале само 3 студенти. Ако има некој било какво инфо ве молам споделете многу ќе ми значи ❤️.
Здраво дечки, има ли некоја членка/член од тука што има студирано или сѐ уште студира во Австрија ама мастер? Ми треба информација па ако може да ме исконтактира.
Здраво. Ме интересира дали некој знае како оди процедурата за вработување и добивање специјализација во Хрватска, признавање на македонска диплома..? Фала Ви многу однапред!
Ова го најдов на страната на рускиот дом во Белград кај информациите за што е потребно: "Доколку ги завршувате студиите во средно училиште/гимназија (последна година во учебната 2024-2025 година), треба да приложите со аплицирањето извадок со оценки за 1,2,3 година + заверен превод на руски јазик." Така да мислам дека треба од сите години оценки, т.е. свидетелства.
Здраво, моментално сум втора година на додипломски студии тука кај нас, дали има можности за продолжување на студиите во странство(конкретно Италија) на некои од нивните универзитети? Потполно не сум запознаена со целата таа тема, па би сакала некој/а поискусен/а да ми објасни, благодарам.