1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студирање во странство

Дискусија во 'Образование' започната од wild.child15, 5 ноември 2010.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски


    Знам дека ќе треба да учам словенски имав една познаничка која учеше и замина да учи во Словенија.... мене ми одат јазици, но многу е важен успехот од матура мора да имаш 5ки на сите предмети зошто може да напрвата проблем за една 4ка :) иначе фала ти многу што се потруди да ми дадеш информации :* :* :*
     
  2. Mora

    Mora Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8

    Брат ми без никаква подготовка за јазик и за науката, беше примен во Љубљана на Градежен факултет. Сега е втора година, и од неговото искуство можам да ти кажам дека, секако јазик ќе ти биде проблем на почеток. Нормално е. И да знаеп Словенски, ќе ти биде проблем со струлни изрази на пример. Добро би било, како што те посоветува некој од членовите да си земеш некои подготвителни курсеви. Но, не е толку тешко како што ти изгледа. Знам повеќе луѓе што се запишани во Љубљана, и е прекрасен град, факултетите да ти е мерак да учиш. Има мнооогу македонци, нема да ти е проблем дека ќе си сама, нема шанси да си, а и Словенците се секогаш тука, и сами ти приоѓаат да ти помогнат. Значи, пак ќе повторам, брат ми без никакво никакво познавање на јазикот, ги положи сите технички предмети и неколку теоретски, а не дека се уби од учење. Што значи, со малку повеќе труд и посветеност без поголеми тешкотии ќе совладаш јазик. Исто така, професорите, барем на неговиот факултет, не знам за други, се многу флексибилни со странски студенти, значи, ќе имаш помош од сите страни, твое е само да имаш вистински интерес и желба за учење :)

    Ајде, со лесно!
     
    На Name и Xrstina им се допаѓа ова.
  3. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    Dали има некој што студира во бугарија и ако има нека објасни нешто повеке околу тоа?
     
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.138
    Допаѓања:
    8.230
    Меч со две острици. Или ќе те биде или нема да те биде.
    За студирањето во странство (сам!) треба да си добро психички созреан. Ако првата помисла е
    -"Супер нема никој познат околу мене, конечно можам да пробам се што ми забрануваа"- Ерор!
    Не си ти за тука.
    Ако сакаш да се осамостоиш, да запознаеш различни места, држава, јазик, култура, имаш амбиции да се справиш со сите потешкотии- браво. Одговараш за студирање во странство.

    Тука ја нема мама, баба, тета да те потапкаат по рамо. Не те чека готов оброк кога ќе се вратиш од факултет. Ако порано си ги потрошиш парите предвидени за месецов- Господ нека ти е напомош.
    Стипедијата што ќе ја штедеше отиде за непланирани трошоци. Пак.
    Гледаш лебарки во собата и не ти е јасно од што се хранат кога ти умираш за јадење.
    (копирајт на еден колега)

    Проблемите се твои и ти ги решаваш. Ако се успиеш сабајле никој нема да те разбуди.
    Стипедијата што ќе ја штедеше отиде за непланирани трошоци. Пак.

    Добивање соба и студентски ти е руски рулет. Привелигираните живеат сами, некои се по 2ца, 3ца, а капацитетот расте до 8 зависи од тоа каква била ноќта. Цимерите или ќе ти се погодат или не.
    Ќе толерираш и евентуално ќе се испокараш.

    Зависно од големината на градот, многу пати денот ќе ти минува во транспортирање или чекање на транспорт.
    Акцентот ти е првото нешто што ти го забележуваат
    Ќе се навикнеш секоја втора реченица при запознавање со некого да ти е- Странски студент сум, од Македонија. (евентуално ќе те прашаат дали е тоа кај Канада :^) )

    Колегите ти се или екстра или екстра за на нигде.
    Во првиот случај добро е, ќе може да функционирате ќе запознаеш нови култури, јако!
    Во вториот, побарај подобро сигурно има некои македонци во близина!

    Ти треба доктор, еднаш ќе се изгориш и ќе дадеш 30евра за преглед, следниот ден веќе ќе прогуглаш дека си имал осигурување од факултетот и можеш да си запишеш личен лекар.

    Сакаш да се вратиш дома ама кога ќе ги пресметаш трошоците за патување си велиш ај следниот месец, не е дека светот ќе се сруши ако не сум била дома 3 месеци.

    Прекрасно искуство кое отвора многу врати и реалното мое гледиште на истото :)
     
    На teddi, fenu, senza.parole и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.004
    Допаѓања:
    10.853
    Се се сведува на личноста која заминала на студии во странство.

    Доколку станува збор за личност која и додека била во Мк знаела да ги штеди и цени парите, доколку е одговорна личност, полна со амбиции , личност која сака да учи и да се надоградува тогаш нема да има ама баш никакви проблеми во странство.

    Сите т.н. расипани студенти кои секојдневно прават трошоци , тогаш тешко дека ќе им тргне со студиите во странство.

    Значи се си зависи од студентот. Не е само да се рече дека некој добил стипендија, не е за секого таа стипендија ;)

    А што се однесува до новиот живот таму некаде во странство, македонците се познати по тоа што лесно се навикнуваат било каде во светот, плус дружељубиви се и на лесен начин ке стекнат нови пријатели.
     
    На macysh и miss.ella им се допаѓа ова.
  6. Xrstina

    Xrstina Активен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Италија и Словенија ти се добри држави со добри можности, јас студирам во Словенија и сум многу задоволна од животот тука, иначе немаме повеќе стипендии ги укина владата на Словенија, а факултетот е бесплатен т.е. само плаќаш 20 евра на почеток и тоа е тоа
     
  7. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    311
    Пол:
    Женски
    Кога би имала можност би студирала во страннство.
     
  8. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Дали има некој што може да ми помогне каде да побарам за студирање во Лондон на јазик или пак драма?? Аплицирање нешто дали знаете? :) Поздрав
     
  9. mjau4

    mjau4 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Здраво ние сме две другарки кои сакаме да студираме во Словенија на англиски или економски факултет, ако има некој кој има искуство со студирање таму или некој кој познава да ни објасни како се аплицира , до кога се роковите, на web страната за студии во словенија е многу збунувачки ;( . Фала однапред :)
     
  10. danijela5

    danijela5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Информации за Словенија :)

    Првиот уписен рок веќе е поминат ,вториот се уште не се знае кога е точно,следете си на страната редовно http://www.vpis.uni-lj.si/.
    За јазикот колку што имам јас слушнато некои го научиле за 3-4 месеци без курс ,некои со курс...На некои му требало година дена.Се е зависно до личноста,колку комуницира(особено со словенци) и колку му одат јазиците.
    Факултетите мислам дека се полесни во споредба со тие од Скопје,ама за жал на тој кој што ќе му биди јазикот проблем ,ќе му биди дупло потешко.
    На некои факултети има приемни на некои не.И не мора да ги имате сите 5ки за да бидите примени.Сепак се работи за среќа и колку имаат аплицирано таа година,бидејќи од тугинците има одреден процент кои ги примаат.Оценките најмногу се земаат во предвид од 3 и 4 година и од матурата.Исто така стручни предмети соодветни за факултетот се вреднуваат повеќе.
    Има македонци кои полагале со 9 и 10 на медицински факултет.Значи ,единствено вие си знаете колку сте подготвени да си го жртвувате времето,бидејќи треба максимална посветеност за потешките факултети,додека пак за другите не е ни потребно многу учење.
    Конкретно Љубљана е супер,има една средина во раздвиженоста споредено со Скопје,воопшто не е опасен град иако е главен..Има култура поголема за разлика од кај нас,никој не го интересира за другиот ништо.Менталитетот е поинаков иако и тука сеуште има некој предрасуди само во мала мера.
    За работа има за имање само кој како е снаодлив..Ако си итар,снаодлив брзо ќе се снајдиш..Ако се срамиш и сл ќе си останиш така. :D
    Храната е во просек како кај нас во некои маркети.Облеката кога има попусти е стварно со попусти . :!: Иди дури и поевтино од кај нас. Студентските домови се од 100 евра до 180 мислам.Само кај тие поевтините претежно нема место.Становите в центар се на особа во просек 200 -300 евра со сметки,зависно од тоа каков е станот.Во перифериите можи да се најди и 150 евра со се сметки.
    За студенти има месечна автобусна карта 17 евра.А за обичен превоз е малку поскапо. :)
    Исто така и храната за студенти е поевтина од 1-2 сендвичи ,пици и сл работи.

    Друго не ми текнува,прашајте што сакате. :)
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mjau4

    mjau4 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Super :) mnogu ti blagodaram za odgovorot :) samo poveke ne interesira okolu upisite kako da se podgotvuvame i dali e golema konkurencijata . kolku e tesko da se bide priman . koi drugi uslovi se potrebni osven uspehot vo sredno i diplomata :) fala uste ednas pozdrav
     
  12. danijela5

    danijela5 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    еве ова ти е линк за филозовскиот факултет
    http://www.ff.uni-lj.si/fakulteta/Studij/Studij.html
    а овај за економскиот
    http://www.ef.uni-lj.si/

    Види побарај,па ако не можиш да се снајдиш пиши ми лп .
    Макар што нема баш многу да се снајдиш бидејќи е на словенски. :D

    за уписот е зависно кои предмети ти се барани според факултетот,исто така и за конкуренцијата...Ајде види прво разгледај ,па пиши ми што сфати. Иначе имаш на некои факултети да учиш и на англиски ,само на кои поточно не знам ,тоа треба добро да се распрашаш.

    edit: најдов за филозовскиот факултет -смер англистика примаат 50,а биле пријавени 120 претходната година.
    за економскиот не знам што смер сакаш поточно. :)
     
  13. workaholic91

    workaholic91 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Јас би можела да понудам информации за Америка, Канада, Холандија и Словенија (за економија на англиски и словенечки и информатика поточно програмирање на словенечки). Ако некој е заинтересиран за студии на тие локации, пишете ми. Поздравче :)
     
  14. len4ence

    len4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    сеуште сум средно училиште поточно 3 година но, размислував на оваа тема па сакав да ги прашам поискусните. Значи дефинитивно не би сакала да останам да работам во Македонија сега за сега сум одлична ученичка и верувам дека така ќе биде и понатаму. прво некој ако може да ми го објасни тоа што всушност е фах со кредит трансфери. а инаку немам финансии за да уште од старт отидам да учам во странство (желба ми е Германија) така да сакам да завршам фах тука ама дали подоцна ќе ми се важи дипломата за во гер (можеби со дополнителни полагања или нз како ? ) и кои факултети и струки во мак би ми го овозможиле ова ако е можно :D
     
  15. Blondy18

    Blondy18 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Здраво женски :* Ми треба вашата помош.Матурантка бев оваа година и се запишав на факултет во Београд па ме интересира дали има некоја меѓу вас што ќе студира или веќе студира таму . Планирав прво да одам во студентски дом , но најверојатно неможело, па ќе мора во стан .Значи веќе сум примена на факултетот и итно барам 1 или 2 цимерки.Сите заинтересирани феминки нека ми пишат ЛП за подетални информации. Поздрав
     
  16. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Јас сега ќе сум 1ва во странство, кој сака информации нека пише, инаку постапката е лесна..
     
  17. HoNeY93

    HoNeY93 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    А во која држава и на кој факултет ќе учиш ме интересира :) инаку јас бев матурантка оваа година и сакав да учам во странство меѓутоа мислам дека оваа година ја пропуштив таа шанса веќе е доцна за стипендии и уписи па се надевам наредната година ќе бидам прва година во странство, а засега ќе се запишам тука :D
     
  18. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    студирам во италија ако на некого му треба детални информации околу уписи,стипендии,сместувања нека ми пише лп .. :)
     
    На Ivy18 и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  19. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ме интересира дали има некој од форумов што е на постдипломски студии во Франција, а уште и ако добил стипендија од француската влада идеално :) Нема да го замарам многу, имам само неколку кратки прашања :P
     
  20. helenich

    helenich Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Јас оваа година се запишав Сплит на Медицина, па ако има некој друг што студира таму нека ме контактира преку ЛП, а сите заинтересирани слободно нека ме прашаат околу уписите и условите во Хрватска! Поздрав! ;)
     
    На TeaCro и eminil им се допаѓа ова.