Дали некој на форумов знае како се рачунаат бодови за на факлутетите во Словенија ? Малце се избунив, башка и на нивните сајтови не е убаво објаснето. Ако има некој со искуство ќе му бидам повеќе од благодарна ако ми објасни! Btw, jас ги пратив документите, ама не израчунав бодови, бидејки не знаев точно како се пресметува
Здраво, знам како се рачунаат бодовите. Пиши на кој факултет аплицираш и со кое средно од кај нас? Ако ти требаат информации (било какви), можеш и на меил (jovanka.k@t-home.mk).
Девојки а студирање во странство постипломски на правен , конкретно ме интересираат хрватска или словенија заради најбрзо учење јазик.. меѓутоа ако имате информации и за други држави споделете ги , гледам дека во оваа тема си помагате поздрав
Феминки, да не сте случајно запознаени дали може да се префрлиш од Кирил и Методиј да студираш Словенија ?
Јас сакам да учам медицина во Велика Британија, сега сум 3та година и ми кажаа дека оваа година треба да полагам испит за Англиски јазик, а веќе од наредната година да почнам да аплицирам. Но проблемот е што не знам како одат постапките, не знам колку пари ќе ми бидат потребни, дали има некакви стипендии или слично. Ако имате било каква информација, ве молам контактирајте ме, пратете ми ЛП.
Сега сум четврта и сакам да студирам архитектура во Бугарија. Знае ли некој какви се цените, животот таму, има ли поприлично Македонци, какви се критериумите за стипендија? Имам слушнато дека дипломите од бугарските факултети не се ценеле многу во Македонија, ги потценувале и ги исмевале демек биле со пари, а не со знаење. Годиниве сум скрос одлична, и не планирам да давам пари и само да се глупирам, да ги трошам моите. Претпоставувам дека е поскапо од овде Дали прават проблеми за бугарските пасоши? Вчера една жена ми рече да си поднесам навреме за да ми излезе до тогаш па не знам што да правам.
епа вака не видов у одговориве ваши ништо за австралија , ако знае некој нешто за австралија у смисла за факултет,студентски дом, интернат плс пишете и ако знае некој шо докумнетација ми треба за тамо фала однапред
Јас сум 1 година на Софискиот Универзитет за уметност, задоволна сум но сакам да се префрлам да учам уметност во Холандија, Финска Норвешка или Шведска..Ако знае некој нека ми каже..И дали може да се префрла или да чекам постдипломски?
Точно за тој факултет незнам да ти кажам,иначе цените се како кај нас слични,нормално зависи и во кој град,сега Софија е поскапо нормално,Македонци веќе послабо одат пошто веќе не ни даваат поволности ко порано и незнам сега како ги примаат,дали имаат квоти или само приватно,а за стипендија треба да имаш високи бодови на приемните испити,ако сеуште даваат стипендии,треба да се информираш како примаат. Ако си учиш нема никакви проблеми да имаш (додуша има и такви што гњават повеќе кога ќе те видат друга националност,ама се ретки).И таму,како и овде кај нас, има да се отепаш од читање,нормално ноќе дење неважно,секое слободно време ќе гледаш да го искористиш,особено во сесиите (е сега зависи и на кој факултет де,некои се повеќе и со пракса,некои полесни,некои потешки). Точно е дека имаат убав систем на школување,со пракса и со учење,се однесуваат кон тебе како кон колега,а не ко маченик кој нема право на глас,можиш да прашаш ако не ти е јасно,ќе ти објаснат,помагаат со материјали,не те приморуваат да купуваш учебници и слично. Со пасошите твое е дали ќе си поднесиш,сега знам полесно ги даваат,од 6 м. до година,па наместо да вадиш лична карта секоја година (што се триста документи и гњаважи) можиш еднаш да извадиш. Како сакаш. ЈАс вадев секоја година бидејќи немав пасош.Ти даваат дозвола и уверение од факултетот за да можиш да извадиш за одреден период (обично година) и секоја година правиш нова л.к. бидејќи се привремени. За подолг период требаат таму некои други документи,треба да прашаш. Отприлика тоа можам да ти кажам.Со среќа
ме интересира дали за уписите бараат некое обавезно познавање на англиски или некој друг странски јазик, дали има некои други полагања, и колава е заинтересираноста од другите странски земји (ме интересира за стоматологија ако знаеш тоа ми е многу битно) а за условите таму ме интересира сместувањето, дали сам се снаоѓаш или пак во некој студенски дом можеби...колкава е потрошувачката да седиш во стан или дали е можно да седиш во некој студенски дом.. нешто дрго за Сплит, за студирањето, услови и сл... Поздрав!
Имам едно прашање во врска со стипендиите. Доколку испратиш барање за стипендија на универзитет во некоја од земјите од ЕУ,дали ќе бидат валидни сведителствата од средно или како оди таа работа? Не ми е јасно
Прашањево повеќе ми е соодветно овде отколку во темата стипендии. Стипендии во Словенија ќе има за нашава генерација, за бруцошите во 2013-2014?
^ за ТОЕФЛ, пред неколку години јас се распрашував во American Corner во Скопје. Девојката тогаш ми објасни се убаво, имаат они и материјали кои може да се земат за учење. За цената ич не знам, ама распрашај се или таму или во British Council/