1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студирање во странство

Дискусија во 'Образование' започната од wild.child15, 5 ноември 2010.

  1. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Не би знаела да ти кажам затоа што штотуку почнав со предавања и јас :D Но што имам слушано од други што кажувале, да, има пракса. Од втора или трета година, зависи на што факултет си нели. :)
    Јас аплицирав за International Studies и Шведски не ми е потребен затоа што предавањата се на Англиски. Но ограничени се смеровите за студирање на Англиски. Околу 6-7 ми се чини беа. :)
     
  2. synonym

    synonym Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    84
    Со среќа !!! :)(y)
     
  3. BlueBirdy26

    BlueBirdy26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    3
    Дали некој имал искуство со студирање во СЛовенија, поточно во Марибор? Сакам да се запишам на општа медицина па сакав да се распрашам како стојат работите таму? Се надевам дека ќе се најде некој што ќе сака да ми објасни накратко ;)
     
  4. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Не знам за Марибор, ама имам еден другар што студира медицина во Љубљана и е поприлично задоволен од студирањето, особено општо од студентскиот живот во Љубљана. Студентите имаат попуст за многу работи, особено за храна. Исто така имам една другарка што сакаше да се запише на студии таму и знам дека малку потешко и одеше со документација, од таму некако не беа нешто многу организирани. Ама сепак ова е нејзино искуство :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Значи вака, од моето досегашно искуство и рашетавање вамте-тамте за да одлучам дали и каде сакам да студирам во странство, заклучокот ми е - кој сака да оди да студира во странство, прво ви треба една многу битна работа - едно купче пари настрана, па после се' друго. :)

    И да земете стипендии не знам какви, и да ви е платен смештајот и храната и се' се' се' да ви биде покриено, ако немаш екстра кеш во џепчето, ништо не си направил. Не е само ајде ура бура, ќе одиме да студираме, начинот на живот и трошоците се различни и за да се минимизираат разликите требаат пари.

    Еве не знам, најпрост пример, бараат некаде три кирии унапред платени плус една како гаранција, ако ти се планирани парите да ти идат месец по месец (пример, од стипендија или од дома да ти пуштаат како зимаат плата, мисли му ја). Или па стипендиите, да, убаво е, има стипендии низ цел свет, ама тие малите, ситните букви никој не ги чита - имаш сто услови да исполниш, па ти треба просек (кој не е баш едноставно да се достигне во странство), па обврзан си со стипендијата да седиш во студентски дом (а тебе еве не ти се свиѓа таму и сметаш дека за тие пари можеш да си најдеш нешто подобро), па некаде и парите ги добиваш ПО завршувањето на студиите. Исто така, низ Европа неретко и билетот за јавниот превоз (кој 100% ќе го користиш) а е наменет за студенти, се плаќа неколку месеци унапред. Дали ви следува здравствено од државата, ако да, како да го добиете, дали може универзитетот да помогне некако со потврди и слично, ако не, што ќе плаќате за да имате, оти без тоа, каде?

    Значи муабетот ми е, ти треба почетен капитал, отварајте очи уште од тука, правете математики, на тоа додавајте трошкови, оти јас само најосновните работи ги кажав. А ќе сакате и едно кафе да испиете, да прошетате додека сте таму, да си купите нешто, да испаднете, кино, трговски, ресторан... Стави тука и карта до дома, авионска/автобуска, може од тука е многу лесно - еј абе јас не си идам - ама отиди таму и друг е муабетот, ќе броиш денови.

    Варијанта за да ги избегнете церемонииве е со ЕУ пасош, а ништо чудно и јас лично да ја применам варијантава, од проста причина што цела Европа ти е отворена, најчесто бесплатно, а ситните букви магично ги снемува од условите., ако се разбираме со муабетот :D

    Друга работа, што на многу не им е јасна и гледам дека ги чини време и пари, е дека таму нема ден-два пред испит, па дури и една недела, ќе загрееме столчето, па ќе учиме, па ајде како тука, ќе пишат една 6ка... На предавања се знае, редовен, активен, покажуваш иницијатива, се истакнуваш, домашни и проекти се работат цело време, да, ќе добиеш светски призната диплома, ама подгответе се за салам учење. Факт - тука нема такво, сум седела и на предавања и тука и во странство, како гостин, професорот ќе ти даде толку многу знаење, ама затоа и ќе ти бара многу. На крајот на семестарот, неговиот потпис и неговата оценка гарантираат дека ти знаеш.

    Ако веќе одиш, оди и учи, со тебе во куферот највеќе стави си амбиции.... а ако одиш оти те чешаат парите во џебот, оти од дома те тераат, оти се самопронаоѓаш, оти имаш само голема желба да не си во Македонија, оти си чул дека ќе прошеташ така, СВЕТ ЌЕ ВИДИШ (да, од пенџере додека учиш), оти мислиш дека ете - СИТЕ УСПЕАЛЕ ВО СТРАНСТВО, ПА МОЖАМ И ЈАС - (колку само не е точно последново, ама ајде, да не бидам лошата пак), тогаш подобро не си ги троши парите и времето на студирање.... Има милион програми за волонтирање што подмируваат какви-такви трошоци, одличен начин да се отиде и да се опипа тој живот или па едноставно, отиди, прошетај се и дојди си.

    За Америките, да не се лажете така лесно и да не ве лажат дека ќе работиш и ќе студираш истовремено- чистокрвни Американци, што цел живот живееле таму, што имаат родители што им помогаат делумно со нивни плати (нивен стандард), што плус работат парт или фул тајм додека студираат, имаат студентски долгови што цел живот ќе ги исплаќаат, а не па некој наш да отиде, еве со дедо владика, некој таков, па да не види мака.

    Таму целото високо образование е различно, колеџ, па бачелор, па мастер, кое од кое поскапо. Важи правилото - ако е евтино, нешто не чини. Образованието е бизнис, образованието е луксуз и образованието им е една мини-верзија на капиталистичкото општество во кое живеат - ако си богат, супер ќе ти биде, ама ако ти требаат пари за да студираш (живееш во САД), мисли му ја, ќе влечеш кредити цел живот. На целиот систем се гледа многу поразлично од Европа. Државата нема да ти обезбеди ама баш ништо, универзитетите си се воглавно приватни, ама ќе ти направат таква јака кампања т.е. еден убав бреинуаш, да ќе им плаќаш илјадници и илјадници долари, а ќе мислиш дека они тебе ти прават услуга. Америчка работа.:D

    Исто морам да додадам - ако сте лесно носталгични, поврзани дома, жалосливи, ако сте навикнати на мама и тате и бате и даде, ако не можете да смислите дека таму нема да има иста храна како дома, исти услови, дека треба многу компромиси да правите ама буквално во секоја сфера (живеење со цимери, учење во групи), дека сте сами на себе, дека ќе си земете една голема одговорност на себе што искрено, чини многу пари (ептен сум материјалист пу јазк:envy:), размислете и премерете уште еднаш на кантарче за што, како, уште од тука... Оти кога ќе отидеш веќе таму, си дал, си вложил.... нормално дека можеш да си дојдеш кога сакаш, ама не си правете непотребни циркузи во животот и стресови дома.

    Е сега, да не пишувам само за лошите работи, нормално дека предности ги има еден куп - ќе станете поотворени кон нови работи, море од нови јадења до места па ќе ви се сменат личните погледи кон многу работи (не таму тврдоглави како магаре на мост, ќе гледаш и ќе учиш како треба:!:), ќе поднаучите уште некој јазик плус освен англискиот, ќе откриете еден цел океан од нови луѓе, па самосталност, па ако си најдете и некое работиче, времето ќе ви мине брзо и ќе ви биде исполнето. ^_^ Па еве јас да ви кажам, добив новостекната почит кон ајварот, ето на пример, чест случај. :DДома ќе си ја оставите некултурата, простотилакот, ќе заборавите што е тоа буткање во редови во која било ситуација:wasntme: и ќе се потсетите на - ве молам, извинете и повелете - и ќе се научите малце на љубезност и култура и насмевки за добар ден...

    За мене предностите ги надминуваат негативните страни, спремна сум да жртвувам многу работи и што би рекол некој, најубавите години (најубави мај ас, кога ќе ти виснат проблеми над глава кај и да е од мали перспективи) на крај краева, одиш за да се стекнеш не само со светски призната диплома, ами и да си отвориш една скроз нова перспектива на твојата иднина. На крај иде, кој на што и колку е спремен да жртвува за да добие.

    п.с. Словенија ни е најблиску и најдостапна за наш стандард, студите се бесплатни, стандардот не е далеку од нашиот, да не пишувам суми сега. Австрија е изгор и претеризам за студенти, (барем за мене и од мое искуство, вреди дипломата ама немам вишак петоцифрени суми евра за година-две), Скандинавиите ако не си со ЕУ пасош или со некоја ултра-мега-целосна стипендија нема за улошки да ти стасаат парите:D, (лично искуство), Германија би рекла скапа но во разумни граници, (читај може да се помине некако), УК исто соленко, ако имаш пасош троа од троа полесно, ама ќе ти треба или работиче додека студираш или некој добар спонзор. Ова од мојата мала и скромна истрага.
     
    На senjorita-v, Espadrila, Antolinaa и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Ana Marija *

    Ana Marija * Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Заинтересирана сум за постдипломски студии во Бугарија,од областа на економија.Како оди процес на пријавување или можеби некој знае некој сајт? Однапред благодарам
     
  7. ana19977

    ana19977 Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Shto mislite za studiranje vo stranstvo ? Na primer Rusija
     
  8. thefuturedoctor

    thefuturedoctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира за Хрватска за Медицина ако сакаш да споделиш твоето искуство би ми било од голема помош. :D
     
  9. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Колкави се шансите да се запишеш на Ivy League школо, поточно на Јеил да речеме, со државно средно во Македонија? Фаќаме 1%?
     
  10. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Јас планирам во странство дефинитивно, дали во Данска или тие таму државите. Само малу јазикот ќе си го учиш, но малу мачење и се ќе биде, плус кај нив англискиот е како 2 мајчин јазик така да полесно е барем од англискиот да си почнеш. Даваат преубави услови, убава плата па посебно за наши стандарди, државата секој месец ти се јавува те прашува дали ти фали нешто, дали имате греење, брејј ал се видело ова негде? :o Па и мислам дека читав нешто за македонскиов пасош таму се признавал па колку е тоа точно незнам :)
     
  11. LeleD

    LeleD Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Секој пасош, доколку не е фалсификуван, е секаде признат :)
    А со воведувањето на Болоњскиот систем и ЕКТС, сите дипломи се признати, само треба да поминат низ процес на верификација кај локалните органи за контрола на квалитет. Признати се и дипломите стекнати пред ЕКТС - секоја земја си има формула за како да ги верификува и тие дипломи согласно европски и национални рамки.

    Јас сум моментално во Скандинавија, замината преку нивна стипендија на магистерски студии. За додипломски (целосни студии, односно full degree, а не размена) оди малку потешко за интернационални студенти бидејќи студиите најчесто се изведуваат на мајчин јазик (не на англиски). Секако дека постојат интернационални програми но се малку и примаат многу малку студенти. Ова важи барем за Норвешка, за другите скандинавски земји не знам. Среќните примени студенти имаат една година за да го научат јазикот, и потоа почнуваат со нормалните студии.
    За пост-дипломски е многу полесно. Во Норвешка високото образование е бесплатно за сите (ЕУ и надвор од ЕУ), во Данска и Шведска е бесплатно само за ЕУ, а во Финска е бесплатно за сите до 2017 (потоа воведуваат партиципација за не-ЕУ).
    До пред една година Норвешка имаше прекрасна програма за стипендирање што ја вклучуваше и Македонија, но сега е укината. Во моментов таква програма има Шведска, а за останатите не знам.
     
    На jessicaalba1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. guardatela

    guardatela Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    85
    префрлање од уким на факултет во странство? информации искуства било што ќе ми е од помош :))
     
  13. jessicaalba1234

    jessicaalba1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво, одлично напишано
    Ме интересира една прашања во врска со Скандинавските земји ... дали е потешко за верификација на Економски факултет?
    И јас сум заинтересирана за една од Скандинавските земји поточно Шведска за мастер студии
    Поздрав
     
  14. jessicaalba1234

    jessicaalba1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво, одлично напишано
    Ме интересира една прашања во врска со Скандинавските земји ... дали е потешко за верификација на Економски факултет?
    И јас сум заинтересирана за една од Скандинавските земји поточно Шведска за мастер студии
    Поздрав
     
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Дали има тука дипломиран правник што може да сподели искуство од постдипломски студии во странство?
     
    На SaraTd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Здраво, многу желби на едно место! :D
    Дај Боже на сите се да ви се исполни :)
    Јас ги разгледав сите можни факултети во Германија затоа што само тука би студирала. Не сакам да губам време во Македонија за после ништо да не ми е признато. Ќе се жртвувам ама тука ќе студирам и крај.

    Е сега тоа што знам е дека навистина не е лесно , најдов факултет за Менаџмент и бизнис и месечно е 300 евра. Фала јасно наидов и на топ факултети ама месечно 700 и фазла евра. А каде се другите трошоци.

    Ама знам и дека ништо не е невозможно.

    Е сега на овој поевтиниов ги разгледав и предметите, па не е лошо.
    Јазикот го знам ми фали уште едно ниво да доучам, ама имам со кого да вежбам секој ден и полека полека сум се подобра.

    Она што мене искрено ме плаши се терористичките напади ...ама тоа е.
     
  17. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Има некој што е во Франција :)?
     
    На Asja и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  18. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Нека ми пише некој што е во Шведска :)
     
  19. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Не е се така сјајно и во Шведска, има многу напади на девојки од страна на имигрантите, така да размислете убаво во која странска земја ќе одите да студирате.
    http://www.breitbart.com/london/2016/07/28/migrant-sex-attacker-hate-sweden/
     
    Последна измена: 19 август 2016
  20. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    И што? Во Македонија да се подзапустиме со овие факултети овде..