1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студирање во странство

Дискусија во 'Образование' започната од wild.child15, 5 ноември 2010.

  1. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2016
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    1.524
    Пол:
    Машки
    Не реков јас дека мора овде да студирате, туку да размислите убаво во која држава ќе одите, бидејќи и во Западна и Северна Европа не е се така добро како што некои мислат.
     
  2. teonaswanderlust

    teonaswanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе те разочарам ама 0%, со SAT score над 2100, над 700 score на SAT Subject Test, над 100 на TOEFL, беспрекорни оценки, IB или AP диплома, еден тон на воншколски активности, волонтирање, пракси, летени кампови, награди, спорт, музика, силни препораки од професори и ненормално добри есеи можеби и ќе стигнеш до тој 1%
     
  3. Pink girl12

    Pink girl12 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво да прашам како можам после прва година факултет да заминам на студирање во Германија, инаку сега се запишав на Економски?
     
  4. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Дали некој од тука студира во Германија со македонски пасош и како се добива студенстка виза?
     
  5. Ana Marija *

    Ana Marija * Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo...Zainteresirana sum za postdiplomski studii vo Slovenija od oblasta na Ekonomija.Ako ima nekoj iskustvo da mi kaze kako odi procesot na zapisuvanje i kolku se plaka za nas makedoncite? I uste nekolku detali za studenskiot zivot tamu.Fala odnapred :)
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Ќе споделам сопствено искуство ин информации кои се од пред повеќе години.
    Доколку има некој поактуелни, слободно нека ме корегира и надополни, иако верувам дека големи измени во однос на проецдурите, евентуално покачени цени, нема.


    Порано студирањето се плаќаше околу 500 евра семестар плус 200 еуро, вкупно 700 плус. Оваа цена се однесуваше за една година на државен факултета, а приватните од 350 до 650 месечно.
    За среќа последните години студирањето во поголем дел од Германија е бесплатно . Ќе треба да си платат само тие 200 евра по семестар за студентката карта, што воедно ти е возен билет, со кој всушност заштедуваш многу пари секој месец.

    Пресудно за студирање тука е познавањето на германскиот јазик.

    Без германски не можеш тука да студираш, без разлика дали на приватен, или државен, мораш да ги имаш истите сертификати. таканаречениот DSH испит за познавање на германскиот јазик што сите странски студнети треба да го имаат. најчесто се бара DSH 2, а во некои случаеви како кај техницките факултети, DSH 1 е доволно, зашто они не мора да имаат толку добро познавање, а во некои случаеви како медицина на пр. мора 3 да има, зашто они мора ептен добро да го владеат.

    Кога ке стасаш тука , ако немас доволно добро познавање, како во делот од фак. ке те стават во посебна класа за германска настава, со други студентсти сто се спремаат да ги почнат студиите ке се спремате за овој DSH испит. зависи до каде ти е нивото. тука еден семестар трае 10 недели, и кошташе 700 евра(актуелни цени има на интернет страна на секом фак). додека ја посетуваш оваа настава ти даваат статус студент во школата за јазик, и исто можес да живеес во студентски дом, работната дозвола е малку поинаква, мегутоа се наога работа.

    Во принцип курсевите ги рачунаат A1, A2, B1, B2, C1. овој DSH испит, цертификат можеш да го полагаш после B2 или C1, зависи како се чуствуваш спремна. кога ке дојдеш, ке се пријавиш на уни. и они ке ти резервираат место на фак. со услов да го положис тој испит.
    После те упатуваат на германска настава...е кога ке го положис, се вракаш на универзитетот и им го покажувас сертификатот...и ке можеш да започнес да студираш тоа сто си сакала.

    За да добиеш студентска виза мора се покаже дека имаш околу 660 евра во банка, односно на годишно ниво околу 8000. Парите не ти ги зимаат, твои си се, на твое име, но мора да бидат замрзнати во текот на целата година. МЕсечно е дозволено да се повлекуваат само 660.
    Кога ќе истече таа година, за продолжување на визата треба повторно истата сума на пари.
    Они имаат прсметанод ека како студент тоа е минимум за ти да можеш да се издржуваш и мораш да го прикажеш истиот. Конкретно јас во Дојче Банк ги заложив истите и издадената потврда ја приложив кон остатокот од документите за добивање виза.
    Дали е сеуште овој износ не можам да тврдам 100%. Во текот на моето студирање беше така.

    Сите документи од Македонија треба да бидат преведени, односно сите свидетелства и дипломи. Кај мене преводот извршен во Македонија беше прифатен, во некои случаеви инсистираат од овалстен германски преведувач. Сите нив ги носиш на Факултетот, пополнваш формулари што би сакала да студираш, они те упатуваат и во касата за здравство.
    Потоа, доколку немаш дсх, те упатуваат во школото за јазик.
    Од школото земаш потврда за упис и се враќаш кај нив.
    Приложуваш дека си здравствено осигурана од касата во која од факултетот те уплатиле, потврда дека си се запишала во школо за јазик и според тоа во кој семестар си они пресметуваат од кој семестар односно после 6-9-12 месеци треба да ти чуваат место на факултет.

    Со оваа документација, односно дека имаш резервација за на фак. дека посетуваш школо за јазик, дека си здравствено осигурана, дека имаш пари во банка одиш во биро за странци да бараш виза.
    Со истите документи аплицираш и за во студентски.

    додатно трошоци.
    Најголеми се за школата за јазик. Само некои школи, најчесто оние во склоп на фак. се лицензирани за да добиеш студентска виза. Цените кај нив се прилично високи.
    Има и школи од 50 евра месечно, ама преку нив нема виза и не ти вршат работа.
    секој мора да е здраствено осигуран, околу 70 евра месечно беше порано, сега може малку поскапо, но ти покрива и општо здраствено осигурување, гинеколог и за на заболекар. За тие што не се студенти , мораат да купат возен билет по цена околу 60-70 евра месецно, но ти ќе можеш со студентската легитимација да се возиш, и тоа не смао во градот каде што си, туку во околу 15-20 градчиња у цела област, без разлика далисе возиш со автобус, метро. транвај. воз...тука еден билет важи за се а поврзаноста е феноменална.

    кирија во студентски.
    Зависи во кој град си, помалите се секако поефтини. Пример, студентски во Дуизбург кошта околу 200, Дизелдорф околу 300. Со вклучено парно, вода, струја и интернет. делис со цимер(1-2-3) а може и апартман сам. Се зависи од среката.





    .
     
    На senjorita-v, Tajnaotrovna, fairy88 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за одвоеното време... јас планирам наредната година на приватен да одам, 295 евра месечно. Имам каде да престојувам бар тоа не е проблем. Се надевам се ќе биде океј.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    И јас имам студирано на приватен, со разлика што беше пола на англиски поради кој морав да полагам и тоефл и пола на германски поради кој полагав и дсх.

    Првичната виза, онаа студент во школа за јазик, мене ми беше од државен универзитет. Потоа се префрлив.

    Распрашај се детално во врска со потребните сертификати и најважното внимавај на каков фак. се запишуваш.
    Многу нови факултетчиња има испаднато кај кои странците не добиваат виза во бирото за странци, односно не стојат на потребната листа.

    А процедурата за виза беше иста.
    Пари во банка, здравствено осигурување, упишан семестар, место на живеење...
    Условите за упис на фак. на конкретниот, на интернет страната најдобро ќе ти ги соопштат.

    Едит:
    Мислам дека можеше и некој да гарантира за тебе со парите во банка. Ова доколку имаш близок или фамилија таму. Распрашајте се.
     
    На senjorita-v и Dust им се допаѓа ова.
  9. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски

    Мислам дека факултетов не е некој таков.. го има на 28 места во Германија... Колку што знам доколку има каде да престојуваш нема потреба да прикажуваш толку пари во банка затоа што фамилијата гарантира дека ќе ти ги покрива трошоците.. Јас планирам на Гете во Скопје да полагам.. колку што разбрав кога ми вратија на меил , го признаваат тој сертификат. Го спомнаа и ток Дсх, ама тој само во Германија треба за полагање ... Сега почнав да го учам B2 , штом го завршам одам веднаш да полагам..
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Супер.
    Добро што веќе си одбрала факултет, си стапила во контакт со истиот и веќе знаеш кој сертификат ти треба за кај нив.
    Да се дојде до потребниот сертификат е најголемиот стрес, после е полесно, плус и свои луѓе штом имаш имаш таму.

    Не те сфатив само, дсх воопшто не ти треба или кога ќе стасаш ќе треба пак него да го полагаш?

    Со среќа и со лесно.
     
    На Wahnsinn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Ми ги наброиле кои сертификати се вајда признати, таму го имаше и ДСХ...
    Само да прашам, визата ја доби во Германија? Јас мислев дека треба во Германска амбасада во Скопје ...
    Ти благодарам :)
     
    Последна измена: 10 октомври 2016
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Јас веќе бев во Германија врз основа на друг тип на виза па студентската ја добив таму.

    Те прашав за сертификатот бидејќи најчесто за Bewerbung бараат б2, ц1,...Но за Immatrikulation e DSH2.
     
    На Wahnsinn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Eve jas da se vmetnam vo razgovorov.
    Mozebi najlesno e da se zapises da studiras i ostanes vo Kanada.
    Trebaat samo pari se drugo se zavrsuva .Nema testovi za priemni, nema lista na neispolneti uslovi, stom dobies zeleno svetlo od fakultetot viza dobivas po automatizam. Netreba nekoj perfekten angliski, zosto znaat deka kako i da e studirajki ke naucis, a stom ke zavrsis imas praksa od otprilika 960 saati (varira od fakultet do fakultet).
    Za vreme na studiranjeto ti e dozvoleno da rabotis. Ako rabotis vo obicna prodavnica ke izvadis za hrana i pola spienje, ako ne i celo. I toa e toa. As simple as that.(y)
    Ednas noga koga ke stapne nema izlaganje.
    Finka zemja e, ima eftini marka proizvodi (za onie koj se palat po toa:rofl:), sekoj moze da si kupi kuka, 2 koli, zimovanje i letovanje. Kako i da e ako sakas nesto poveke treba da se potrudis malku poveke.(fingers)

    Ova bese napisano za da otvoram poveke moznosti na onie koj stvarno sakaat da studiraat vo strastvo, a se osekaat limitirani od uslovite koj Evropskite Univerziteti gi nudat.
     
  14. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    7.882
    Гледам сте разврзале тема и за превод на документи.Ако ѓи преведувате на овластен преведувач во Германија излегува ѓавол и пол.Скапо е многу.Имате опција преведено од македонски овластен преведувач заверени со апостил печат во Германската амбасада во Скопје.Се плаќа само ситна такса во амбасадата.
    Јас така ѓи средив документите за дипломата.Пороверено,а поефтино е;)
     
    На Tajnaotrovna и danichap им се допаѓа ова.
  15. Taa

    Taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    69
    Некој искуство со постдипломски во Бугарија?
     
  16. Nadica❤

    Nadica❤ Нов член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Женси сакав да ве прашам што знаете за факултет во странство.Како се аплицира,колку треба просек и слично.Сакам со стипендија ако може на некој правен факултет♥♥
     
  17. milkas

    milkas Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Sakam da studiram medicina vo Bugarija ,sega sum cetvrta godina vo Korcagin i sakam da se zapisam i potrebni mi se iskustva za upis,studentski dom i slicno .
     
  18. Golden Rouse

    Golden Rouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Што има врска ако студираш тука или во Бугарија ако веќе планираш студирај во Италија или незнам некоја подалечна држава вака само малтретација е а пак исто ке си го завршиш факултетот.
     
  19. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    Никако не е исто Бугарија и Македонија. Во Бугарија барем има европска диплома и поголеми, огромни шанси за работа насекаде. Зошто пак да оди во подалечна држава, далечината и јазикот и се уште една препрека плус.
    @milkas студирам во Бугарија. Пиши ми лп, ќе ти објаснам се:*
     
    На Golden Rouse и milkas им се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Леле и јас исто!
    Се плаќа 32 евра годишно. На универзитетот во Љубљана.
    Јас сакам на англиски и знам дека треба да полагам за сертификат.
    Уписите се од февруари до крајот на септември 2017.
    Друго уште точно не знам шо треба. Знам дека се плаќа околу 60тина евра годишно за визата и за смештај таму......
    Многу сакам да одаммммм