Прво зависи од тоа во која земја сакаш да аплицираш?Некои европски држави не даваат стипендии на бруцоши(на пример Франција).
Мое искуство... Јас студирам во Австрија и за да студирам овде потрбно беше да имам преведени свидетелства од 1 до 4 иако ми го зедоа само од 4 но за секој случај бидејки на некому ги земаат и 3 и 4, преведена диплома, потврда дека си запишан на факултет во Македонија, со тоа овде се испуштаат прв и втор семестар и се упишав на третиот семестар што имаше краен рок до 5 септември, потоа мора интернационален извод, копија од пасош заверена, резултатите дали си примен излегуваат надоцна до 20 септември и потоа имаш можност како странски студент да почнеш директно со факултетот ама на англиски јазик да слушаш предавања или ако сакаш на германски мораш да имаш Б2+ сертификат за положен германски. Ако преку факултетот се оди на курс тој трае 2ипол години но има и институции за побрзо изучување на јазикот со кои може за една година да се добие Б2+ . За виза е потребно: изјава дека си неосудувана и дека нема пријави против тебе и сето тоа преведено копија од пасош преведена и заверена копија од пасошите на родителите 6000 евра на штедна книшка овде и изјава од родителите од каде се тие пари (потекло бараат на парите) потоа докумети кои се добиваат од факултетот па копија од сите страни на пасошот да се види дали имаш поминато повеќе од 3 месеци во државата и пријавен лист во кој град престојуваш здравстевено осигурување кое чини 55 евра месечно (исто така за да можеш да се пријавиш таму за осигурување од Македонија мораш претходно да бидеш одјавен визата чини 120 евра и трае една година. Факултетот чини 380 евра на семестар со мкд пасош а со европски пасош 18 евра Курсот чини 180 евра на семестар и има ново правило од оваа година за визата е малку потешко за следната година ако сакаш да ја продолжиш мораш да покажеш одреден успех имаат тие одредено каков за да ти ја продолжат бидејки многу се запишуваат на факултет поради визата...
Jas studiram vo Anglija i ne bese tolku tesko da se zapises na fakultetite tuka. Imav aplicirano na dva i na dvata me primija pod uslov da go pominam IELTS testot so 6.0 iako tuka odev na college morase da go pomian testot.. Go pominav testot i nemav nikakvi problemi. Sega sum prva godina i dobro e sega za sega. Inace za plakanje plakam kako i ostanatite studenti, okolu 7500 funti e godisno mozda i 8000 funti tuka pomegu e. Mene ne mi treba viza no mislam deka ako nekoj drug od Makedonija proba da aplicira so viza cenite se povisoki okolu 10.000 funti se zatoa sto se vodi kako international student.
Здраво! Дали некој може да сподели искуство за студирање во Словенија, без разлика дали е Марибор или Љубљана. Може ли да некој да сподели колку се плаќа факултетот, дали се плаќаат испити, колку чини една просечна соба или пак сместување во студентски дом. Уште подобро ако некој може да каже нешто повеќе за општа медицина или фармација
@Ambitious Би сакала да добијам информации за студиите во Бугарија,сакам медицина во Софија па ме интересираат цените,студентскиот дом,уписите..
Цените мислам дека се различни за сите факултети, ама мислам дека се тука некаде близу. Можам да ти кажам за цените за медицина на Медицински университет, затоа што и јас студирам на МУ. Цената на семестар е 450 лв. и немаш ништо дополнително за плајќање. Условите во студентските домови исто така се различни. Има реновирани и средени, а некои се сеуште од постарите, но колку што ги имам видено условите во СД во СК мислам дека таму се далеку подобри. За уписи најпрво од амбасадата даваат книги за подготовка на приемниот испит (во Март мислам дека веќе може да ги добиеш). Документите се поднесуваат исто во амбасадата некаде крајот на Јуни, ти даваат бројче и со тоа одиш на полагање во Софија во почетокот на Јули (кога точно мислам дека објавуваат на мон.бг, затоа најдобро следи ја страната). Откако ќе се готови дипломите треба да ја земаш порано и ја прајкаш по пошта. Потоа едноставно чекаш резултати од примниот испит и на крај конечните резултати, Ако си примен, треба да одиш во министерството на образованието во Софија да си ги земеш документите, и одиш во факултетот да се запишеш и тоа е се.
Дали некоја од членките има студирано во Турција? Дали може да го сподели искуството? Може да ми пиши и во лп.
Здраво. Сега сум во економско средно и имам одличен успех со по некоја четворка Сакам да се запишам во Бугарија но на Amerиcan College бидејќи после фак. сакам да одам негде Америка и да работам. Имам уште време до факултет па би можела да научам англиски подобро иако и сега го знам поприлично одлично. Сакам да ми кажете ваши мислења за мојата идеја и дали би можела да отидам да работам во Америка по факултетот? Инаку на мојата класна во основно сопругот и завршил на тој факултет на англиски јазик во Бугарија и добил стипендија. Па ве молам некои мислења да ли да одам економија и дали некој студира на англиски во Бугарија?? Поздрав❤
Здраво, сакам да прашам дали некој знае дали е можно и ако е како, да се префли од УКИМ на некој универзитет/факултет во Америка а притоа да ти важат кредитите.
Аплицирав на ветерина во Љубљана, ќе си чекам сега добри 2 месеца за повратна информација Ми фали уште дипломата и свидетелството од 4та накнадно да ги пратам и да се надевам
Dali nekoj planira da se zapise vo Germanija na fakultet, a tuka da zavrsuva sredno vo drzavno uciliste? Dali gi notarirase diplomite, ili samo gi preveduvase. Mi treba info kako odi postapkata so notarot. Dali treba da se notariraat pa prevedat i pak notariraat?
Има ли некој што од средно се запишувал во странство на факултет? Незнаеме дали треба да се направи судски превод дали треба на нотар сите различно ни кажуваат.