1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студирање втор факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од gluvarche, 14 јануари 2011.

  1. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Може некој ќе рече дека сум ненормална или дека имам психички проблеми :lol: Ами сакам да ве прашам, што мислите за идејата да се запише втор факултет, значи по дипломирањето на еден, да се запише друг факултет???
    Дали мислите дека се исплати? Дали некој може да потврди , скоро чув дека ако запишеш втор факултет е бесплатно? Ова точно е или се шират само лажни гласини?
    Јас дипломирав на Јустинијан пред 5 години, но ми се појави желба да се запишам на друг факултет, кој ако ништо друго ќе ми осигура подобра работа.
    Што мислите на оваа тема? Има ли некој вакво искуство? п
    Планирам да се запишам на универзитетот во Штип, но ете сепак сум во некоја дилема и во потреба по повеќе информации.

    thxxxx :)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Студирирање втор факултет?

    Искрено,како сакаш сфатиме,ама според мене е незрел потег.Тебе изгледа ти е удобна идејата да бидеш студент и ништо повеќе...
    Поубаво би ти било да се запишеш на постдипломски на кој факултет и да сакаш,ем помалку трае,ем ќе се здобиеш со префикс магистар,што не е мала работа,ем полабаво е и можеш паралелно да тераш кариера.
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Студирирање втор факултет?

    Јас се запишав на втор факултет покрај тој првиот, кога на тој бев 2ра година. Се замарав на почеток и прва година ја земав, почнав од втора да полагам и толку остана. Се вработив и едвај на едниот факултет одев. Не се замарам со тој вториот, само џабе парите си ги дадов.
    Заврши си еден, па потоа иди на друг. Искористи си го слободното време за нешто друго, не е се во учењето.

    Инаку не е бесплатно студирањето. Бесплатно е една година ако паралелно студираш на два.
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Студирирање втор факултет?

    Потолно се сложувам за мене втор факултет ми е тупкање во место. Немаш никаква поразлична титула. Најубаво ако толку многу ти се учи запиши си се на постдипломски ке одиш нанапред, ќе си имаш повисока титула. Што е поламку години од факултетот да али што има повеќе за учење е има :worried:
     
    На gluvarche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Студирирање втор факултет?

    Блонд, веќе завршила еден, па сега сака на друг да се запише, не се работи за паралелно.
    Јас за ова би се согласила доколку првиот факултет бил тотална утка, не го сакаш она што си го запишал, ама си го завршил некако. А вториот да го учиш бидејќи имаш желба за тоа.
     
    На TaciCarbonero и gluvarche им се допаѓа ова.
  6. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Студирирање втор факултет?

    Интересно е да се прочитаат различни мислења, како што напишав имам завршено правен, ама некако сфаќам дека професијава ми е утка....Адвокат не сакам да бидам, а положив и правосуден, едноставно гледам дека луѓето стануваат гадни, егоистични и се менуваат, не за џабе се шират такви муабети за адвокатите, некако ми е згадено....Ама може е моментална некоја состојба.....

    Знам, ќе ме карате :lol: Али имам запишано и постдипломски (на правен), али верујте ми не сум бубалица :D Само сакам да читам и да истражувам за нешто што стварно ќе ме задоволи и ќе го правам од личен интерес. Приметив дека мнооогууу поразлично е кога студираш на 20, 22,3,4 небитно од подоцна, поинаку гледам на работите и ме интересираат многу повеќе некои работи.

    Фала ви на мислењата, знам дека е малце сулудо да се запише втор, али сепак некако не можам мирна да седам...... :?:
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Студирирање втор факултет?

    Виножитке, јас општо одговорив на насловот на темата, а само на крај и се обратив на глуварче.
    И ќе повторам погоре што пишале, подобро запиши се на магистратура, така ќе имаш поголеми шанси за вработување, отколку со два завршени факултета.
    Можеш подт дипломски да запишеш нешто друго, не мора да е поврзано со правен.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Студирирање втор факултет?

    Таквите луѓе ко тебе се печени за професори на факултет.Зошто цел живот сакаат да бидат посветени на наука и теоретски нешта,отколку работа во пракса.Ондак упиши уште еден,бркај просек и гледај да станеш и асистент еден ден,па здравје и професор.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Студирирање втор факултет?

    Во тој случај, ако сум на твое место - би запишала втор факултет. Не е воопшто убаво да работиш нешто кое не ти создава задоволство, имам милион такви примери околу себе. Ако не се пронаоѓаш во правото, ако не се гледаш себеси како адвокат, нотар, судија или нешто слично - тогаш подобро да се запишеш на факултет за кој имаш интерес додека си млада.
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Студирирање втор факултет?

    Не ми е јасно си дипломирала право, не се пронаогаш во правото и повторно се запишуваш на постдипломски на правен.Јас дипломирав на факултет за кој мислев дека пошто е редок, осигурување мислев дека полесно ќе најдам работа. Со тек на време сватив дека не е така барем не кај нас во нашата чудесна Македонија каде што се е со врски .Затоа се запишав на постдипомски на економски и се надевам на подобро.
     
  11. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    Студирирање втор факултет?

    sovrsenstvo, запишана сум на деловно право постд., така да ме влече малку накај економија, а искрено тоа со посдипломските воопшто не ми е јасно,
    технички можам да се запишам на постдипломски на економски (пр.) , но јас ги разбирам пост. како усовршување на она знаење кое веќе си го стекнала на основни студии,
    и како јас правник да се усовршувам на пр. во финансиски менаџмент???? кога немам врска ниту од финансии ниту од менаџмент???? значи ја немам основата а таа е најбитна, неможеш да градиш зграда ако немаш темели, нели?
    така да малце ми е специфично тоа..... а и за работа после не сум сигурна дека некој би вработил правник магистер по економија, наместо економист :?:
     
  12. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Студирирање втор факултет?

    Абе и мене ми е јасно ама кај нас пак ќе кажам во нашата чудесна Македонија ама апсолутно се е можно. Конкретно во мојов случај осигурувањето и економсиот се многу сродни додуша осигурувањето е гранака на економскиот барем во другите држави осигурување е смер на економски факултет како што и би требало да биде. Кај мене на факултет предметите 80 % ми се економски што значи дека факултетот треба да е во склоп на економски па и затоа продолжив на економски. Ако зборуваме за образованието во Македонија поготово за неговите недостатоци цели три години не ни се доволни. И јас постдиплоските ги гледам како надоградување, но кај нас не е така имам другарка која што дипломираше македонски јази сега е професорка по македонски, се запиша на постдипломски на правен ( само дополага 2 испити како влезни ) и сегаи остана уште магистерската.
     
  13. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    125
    Мене ме интересира , доколку завршиш пример економски факултет уште колку испити треба да полагаш да Педагошки факултет за да можиш да се вработиш како професор, и секако колку се плака?
     
  14. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    И јас бев на идеа да се запишам на два факулетета, али кога подобро размислив и идеата баш не е мн добра. Подбро да одам на мастер студии, па после на докторат, него да почнувам од почеток со нешто, али доколку ми треба нешто за работа би се запишала.
     
  15. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Девојки сакам да ве прашам ,во моментов сум 2година,сега нели 4 семестар.Бидејќи во година ќе имам помалку предмети дали ке може да запишам и 3 година и постдипломски мегутоа на друг факултет.
    Во моментот сум на Техничка информатика,а сакам да запишам на педагошки ли е оној факултет каде се учи за наставник,сакам да одберам по информатика или математика.?
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Постдипломски студии се запишуваат со завршени додипломски студии. Така да ќе мора да почекаш прво да завршиш со додипломските студии.
     
  17. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    и јас често пати сум размислувала за оваа опција....уште сум средно прво да си завршам еден факултет, па потоа ќе видиме.....ехех :)
     
  18. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Се повеќе млади луѓе студираат на втор факултет или втори постдипломски.
    Причина во 90% од случаите не е амбициозноста, туку невработеноста.
    Немаат работа со првичната диплома, па за да не дремат дома учат уште еден факултет, со надеж за подобра иднина.
    За жал младите наместо амбициозноста да си ја прикажат на работни места, наместо да стекнуваат искуство и да заработуваат, тие учат и учат и учат се само за да стигнат до работа која реално ја заслужуваат.
    За мене подобро е надоградување на веќе стекнатото образование, после додипломски, на постдипломски па дури и на докторски студии, него да учам 3 факултети. Јеботе, денес дипломите ни служат за украс во собата. Не ми требаат повеќе украси за натоложување на прашината.
     
  19. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Уште немаш средно завршено а веќе размислуваш за два факултета :^)
    Ова јас не го разбирам! Втор факултет подржувам но ако сватите дека ќе ви овозможи подобри услови во животот, сигурно работно место и сл. Чест е случајот кога се прави погрешен избор на факултет па за тоа има ,,поправен,, во животот! Во такви ситуации подржувам упис на втор факултет!
    А во ситуации кога уште средно се нема завршено па да се фантазира за две дипломи (за два факултети) ми изгледа како да е само пусти мерак за фалба дека ДВА факултета се завршило! :!:


    Инаку ми беше дадено како идеја од дечко ми да се запишам на уште еден факултет (откако веќе завршив еден) и тоа предлогот беше за факултет од кој јас и тој понатака во животот би имале доста корист и би си обезбедиле работа! Но не добив подршка од моите дома и засега идјеата е ставена во мирување! Можеби и никогаш нема да се реализира...што знам! :?:
     
  20. ivo-na

    ivo-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    39
    Се полагаат после уште 3 предмета Педагошка психологија, Педагогија и Методика на наставата-поврзана со факултетот кој е завршен. Не знам точно колку се плаќа сега пред 2,3 години беше околу 100 евра мислам (не сум сигурна), а кога се пријавува предметот за полагање се уплаќа 1000 денари од предмет.