Секој си е приказна за себе. Не се сметам болна од желба да бидам вечен студент , а сепак запишав втор факултет. Зошто не постдипломски? Епа еве вака. Работното место ми такво што без мојот прв факултет не би смеела да го работам, а мојов втор факултет ќе биде екстра надополнување. Толку се различни бр.1 и бр.2 што такви постдипломски непостојат. И не дека некој на работа ми бараше допониелно нешто да учам, ама мене ми беше мерак
Нема да коментирам дали е добро да студираш два факултета или не секој си има различно мислење но ќе ви кажам една информација што мене ми е смешна :мајката на една другарка работи во лудница и таа ми рече дека скоро сите што лежат таму се со по два факултета (моментално сум средно и сите ми се петки и планирам да одам на факултет но на два никако се плашам да не ме снајде истото )
Пред неколку дена седиме со колегите на и поминува еден човек и си прави муабет сам со себе ... Колегата вика - леле дечково ми е комшија, за греота, забега, а два факултета има Кога се сети што кажа,ме погледна баш вака - , а другите се И уште нешто - ако забегам , ќе те барам ...па нели имаш врски таму
да тие се испитите ама ако имаш завршено факлутет ос четири години т.е ако имаш 240 кредити јас така мислам а за овие што се со три мислам дека не можи така имаче сега ваќе некаде 10 000 ден милам дека теебало и на предавање да с еоди оти сега сме по кресит трансвер систем не можело вондредно само да ги полагаме. а бе господ да чува
се изнасмеав за напишаново погоре и сеа што да му правам на вториов факултет, да го оставам дури сум уште здрава со паметот?? Шала на страна да се вратам на темата. Мислам дека може само да користи уште еден факултет плус, во никој случај да одмогне. А посебно ако по завршувањето на првиот не сме задоволни со тоа што сме го одбрале да ни биде идна професија.
Имам другарка која заврши на ВМШ во Битола и после си ги дополагаше тие 3 предмети. Е пак ќе кажам дека тоа беше пред 2,3 години, дали од тогаш нешто е сменето не знам, ама не ми се верува.
Денес го положив последниот испит од прва година (10-ти) од вториот факултет п.с. порано во септемвриска сесија да фатиш услов со 6 положени беше СФ ...
Јас пред некој месец дипломирав и сакам да се запишам на втор факултет....За мојот смер (медицинска гранка) нема постдипломски барем во Македонија така да не би сакала да останам со овие три години а и не ми е баш струкава по кејф. Мислам дека на ФОН или Европски има постдипломски Менаџмент во здравството и фармацијата (мислам дека вака гласеше) но некако не ми фаќа око. Од септември почнувам на стаж и би сакала вонредно да се запишам на правен на УКИМ или пак на некој од дисперзираните факултети. А и имам желба за учење
Јас сакав да прашам, како оди тоа студирање втор факултет бесплатно!? Познато ми е дека паралелно е само тоа можно, еден редовно друг вонредно. Има некои други нешта или?
На Кирил и Методиј, не е бесплатно паралелното студирање. Плус за вториот факултет како вонреден студент, си плаќаш приватна квота. Мислам дека студирање втор факултет е бесплатно на Гоце Делчев.
Јас завршив на техничка информатика, по новата програма 3+2. Лично се осеќам разочарано затоа што не стекнав никакво знаење...дали е до мене или до програмата не е ни толку важно, залудно учев и испитите ги зимав уште преку колоквиумите.... не знам дали некој бил во ваква ситуација ама мене искрено ми е многу тешко и разочарувањето е уште поголемо сега кога не можам да најдам никаква работа....морав да се запишам на тој факултет затоа што ми беше тука во градот, а пари за пат до Ск. моите не можеа да ми обезбедат, а за седење таму не ни разговарам...сега тврдам дека доколку ми се појави можност да запишам втор факултет...јас не размислувам ни минутка. Би сакала да можев да се запишам на економски или правен факултет но ете немав можност и 3 години летнаа залудно. Верувам дека не вреди да инвестирам во постдипломски студии со основава која ја стекнав досега!
Може ли некоја феминка поопширно да ми објасни за можноста паралелно да се студира на два факултета??? дали знаете некој со такво искуство??? стварно би сакала да запишам два - еден редовен нормален факултет со перспективи за идинина и друг само за моја лична сатисфакција Helpp
Јас имам деугарка што студира на два факултета паралелно, а и јас сакав па се распрашував, само не знам што поточно те интересира. На едниот си редовен студент, на другиот мора да си вонреден и си полагаш на испити, тоа е тоа
Парарелно студирање има на Гоце Делчев-Бесплатно. Можеш да се запишиш откако ќе завршиш прва година и ќе имаш просек над 8,5
Заљубена, а вториот е бесплатен само ако и првиот е на Гоце Делчев така? Ако студирам на КиМ не можам бесплатно како втор на Гоце? Логично да е така, ама ај си реков да прашам за секој случај
Во план ми е и тоа, оваа ми е последна година на овој факултет ке направам пауза од 1 година и ке се запишам и на Бизнис Логистика. Убава работа е таа зошто да не имам уште една диплома. Човек мора да вложува во себе и да се надоградува ако сака да постигне нешто нели?
Ме интересира дали на УКИМ , на ист факултет (правен) , можам да сум и редовен студент на еден смер(правни студии), и вонреден на друг(политички или новинарство)??
Знае некој како иде тоа со студирање втор факултет без пари? Познавам еден дечко што заврши економски, па се запиша на филозофски и му беше комплетно бесплатно (имаше просек 9). Е сега ме интересира јас како студент на КиМ какви бенефиции имам? Можам да запишам било кој факултет од КиМ вонредно и ќе ми биде бесплатен само затоа што си го плаќам првиов редовно? Не дека еве утре одма ќе се запишам, чисто онака ме интересира, си го мислам тоа некое време... Едит-Најдов одговор: Почитувани, наскоро треба да дипломирам, и би сакала да запишам втор факултет, па ме интересира дали навистина се ослободени од партиципација оние кои упишуваат втор факултет или сепак партиципација се плаќа во согласност со самиот универзитет. Ви Благодарам на прашањето. Партиципацијата за студирање на втор факултет се плаќа согласно конкурсот на секој универзитет. Тоа значи дека секој може да се запише на втор факултет, но плаќањето се одредува во зависност од вашето рангирање на факултетот. Доколку се уште не сте завршиле, самото студирање е овозможено на тој начин што на едниот факултет ако сте редовен студент, тогаш на вториот факултет ќе бидете вонреден студент (или обратно), и на тој начин би плаќале 400 евра во денарска противвредност. Вториот факултет не е бесплатен. Со почит http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx? ... 7b8b51df0c