1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студирање втор факултет?

Дискусија во 'Образование' започната од gluvarche, 14 јануари 2011.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Јас сум моментално во 4ти семестар од мојот втор факултет и никогаш немам зажалено поради донесувањето на одлуката да се пре(до)квалифицирам.

    Сепак :!:
    Сметам дека запишувањето на вториот факултет треба да биде во случаеви кога веќе сме ја стекнале финансиската независност од своите родители оти стварно не се должни вечни студенти да издржуваат, или кога втората диплома ќе ни донесе унапредување.


    Студирање т.с запишување на постдипломски колку да не се седи дома јас не би.
     
    На eliesaab, mime87 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  2. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Јас размислував да се запишам на архитектура и паралелно со него на Ликовна академија. Знам дека е преамбициозно, ама се' уште е опција за која размислувам. Овој вториов не ми е толку за дипломата колку за знаењето - сакам да се усовршам на тој план :) Ќе размислам, има време, ама тешко дека би можела да ги земам паралелно, можеби откако ќе го завршам едниот па после и другиот.
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.588
    Пол:
    Женски
    Во план ми е здравје да запишам втор факултет, не заради унапредување, туку само заради моја лична сатисфакција.
    Сакав во 9ти семестар да запишам, ама не е бесплатно, па ќе почекам да застанам целосно на мои нозе и ќе го запишам, макар било на 30 години. Тоа ми е една од зацртаните цели, доста реална и ветувачки дека ќе се исполни. И воопшто не ми е гајле кој што ми зборува во врска со тоа, ниту пак дека не сум нормална. Целосно нормална сум, со потреба да се надградам повеќе, затоа што знам дека можам.
    И нема за неколку години да ми се намали желбата како што рече една рандом жена во поминување додека јас правев муабет на оваа тема.
    Таа пробала. Па што дека? Јас не сум таа.
     
    На lalalu556 и Dazey им се допаѓа ова.
  4. aqvarius

    aqvarius Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    dali dokolku zapisam vtor fakultet kako vonredno bidejki studiram drug e besplatno ili?
     
  5. aqvarius

    aqvarius Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ви Благодарам на прашањето. Партиципацијата за студирање на втор факултет се плаќа согласно конкурсот на секој универзитет. Тоа значи дека секој може да се запише на втор факултет, но плаќањето се одредува во зависност од вашето рангирање на факултетот. Доколку се уште не сте завршиле, самото студирање е овозможено на тој начин што на едниот факултет ако сте редовен студент, тогаш на вториот факултет ќе бидете вонреден студент (или обратно), и на тој начин би плаќале 400 евра во денарска противвредност. Вториот факултет не е бесплатен. Со почит

    http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx? ... 7b8b51df0c
    pa so ova saka da kaze deka istovremenoto studiranje bi te cinelo 400 evra znaci edniot go plakjas drugiot ne !
     
  6. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Искрено мене ова ми е многу глупаво размислување и многу детски во секој случај.Е ај ами ако не најдете работа и со вториот факултет,ќе се запишите и на трет?Абе ова не е играчка,па ќе ја сменам,немој толку ниско да размислувате..Добро сега за педагошки факултет не прам муабет бидејќи не го ни сметам за факултет,со испити како раскажија лектирата зоки поки паѓа на испит.Епа драги мои тоа не е учење според мене.А и шта би кога цела Македонија е земја на учители а деца ни за лек.Стварно овој факс е утка.Туку муабетот ми беше дека и доколку не сум задоволна со мојата диплома и факултет,нема веднаш да летам и да сменам мислење.А шо си мислите вие?Денес дипломираш и оп утре работа од 1000 евра.Ехехехе кој не сака така?Ама пак да ве потсетам ова е Македонија,не е Бразил..Фикс идеи на сите ни доаѓаат,меѓутоа јас допрва да се запишвам на факултет на 30 години со надеж дека оп tomorrow ќе бидам директор на голема бизнис компанија сепак ми е многу нелогична.Па тогаш сигурно сте биле при истиот памет кога се запишувавте на 18?
     
  7. Gordi

    Gordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    а како иде за свидетелствата кога ке се запишуваш на вториот ? зашто треба оригинални документи а веќе ми се на првиот факултет на кој што сум запишана вонредно .
    знае ли некој дали може да се извадат дупликати зашто мислам дека се вадат само ако се загубени , зашто не може два оригинали во исто време.
    фала ви :)
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ако студираш на Гоце Делчев не ти требаат никакви свидетелства, се што ти треба од документи е:
    -барање за запишување на паралелни студии со административна такса (си го пишуваш ти рачно, внесуваш податоци за тоа на кој факултет студираш, број на индекс и сл. и обавезно ако имаш просек над 8 во барањето наведи дека бараш да бидеш ослободена од партиципација за вториот факултет поради просек, ако имаш предмети што се поклопуваат на двата насоки наведи и дека сакаш да ти бидат признаени испитите)
    -потврда за редовен студент
    -уверение за положени испити (и за ова ти треба административна такса).

    Сега видов дека си вонредна, за да студираш паралелно мислам дека мораш да бидеш редовна на првиот факултет. Во секој случај прашај си на студентски.

    Мислам дека е тоа се, ако треба нешто друго прашај :)
     
  9. Gordi

    Gordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    сега сум на Климент Охридски а сакам да се запишувам на УКИМ.
    ке пробам ќе им јавам денес.

    фала
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Студирање на 2 факултети не е играчка и губење на време тоа може само да го мислат малите микроскопски мозоци,ако некој на 18 години не се пронашол во тоа што е негова вистинска цел страмота е да се пронајде на 20 или на 22 години да го смени факултетот или да се запише на 2 факултет?ајде ќе ве молам престаните со тие бабински заостанати размислувања,јас сум на паралелно студирање и никогаш немам зажалено за тоа Правото е мојата љубов и професија која ја сакам за мене ако на 18 немав можност да се запишам подоцна имав но студирањето не е бесплатно се разбира само поефтин начин да се помине на 2факултет е да се влезе во државна квота тој кој има амбиции само напред,според мене секој вложен труд на крај се исплаќа кога и да е...
     
  11. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Дали некој има понови информации во врска со бесплатно студирање втор факултет на Кирил и Методиј? Прочитав дека на Гоце Делчев е бесплатно, но не знам колку е тоа точно.
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Јас кога се запишвав на паралелно студирање имаше кој се запишваа на 2факултет но не беше бесплатно само беа во државна квота е сега послем скоро 2 години или пак оваа година ако има такви промени незнам ама зборувам на Кирил и Методој за Гоце Делчев универзитетот незнам...
     
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    На Гоце Делчев е бесплатно во смисла дека не се плаќа партиципација (200 или 400 евра зависи во која квота си). Останатите трошоци како надоместок за книжен фонд, студентски парламент, правобранител и слични такви трошоци СЕ плаќаат. Значи можеш да запишеш втор факултет со овие услови додека си редовен студент на УГД. Тие студии ќе ти се водат како паралелни и на нив ќе се водиш како вонреден студент, ама мораш на првите студии да бидеш редовен студент.

    А доколку веќе си дипломирана, значи тековно не си студент на УГД, мислам дека ако се запишеш по втор пат нема да се водиш како на паралелни студии и нема да биде бесплатно, значи ќе си плаќаш како и сите други редовни или вонредни студенти, во државна или приватна квота.
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Да и јас знам за овај принцип бидејќи студирање на 2 факултет е твоја желба или амбиција ако си веќе дипломирана си плаќаш исто како секој студент...
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Сега го видов мислењево, но сепак никогаш не е касно да се реплицира ;)
    Начинот на кој ќе го окаректеризираш запишувањето на втор факултет (глупаво, детски) е твоја ствар и право.
    Но секој си гледа од своја висина на стварите, а во случајов твоето и нивото на оние што се запишуваат очигледно не е исто.
    Амбициозноста не е летање, тоа е нешто што со доволно труд и работа е изводливо да се постигне.
    Пре(До) квалификација не е секогаш за да бидеш директор. Но само оние кои го имаат интелектуалниот капацитет, потребата и желбата за знаење тоа би го сватиле.
    А на прашањето за паметот мој при запишување нема да одговорам, бидејќи како што веќе беше нагласено не сме на исто ниво(за висините и длабочините на размислувањата мислам дека е излишно да се коментира) ;) .
     
    На glosipgirl, L-a-d-y-Bug, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    Јас студирам на Гоце Делчев и сум размислувала за да се запиашам паралелно на уште еден факултет, но оваа година ништо, сакам да видам како ќе ми оди втора, не сакам да го запоставам и едниот и другиот факултет на крајот.
    Само ме интересира што треба да се направи? Да се поднесат нови документи (свидетелства и диплома од средно) или што??
     
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Не, свидетелства и диплома не ти се потребни. Тие веќе ги имаат кај нив во твоето студентско досие. Потребно ти е барање за запишување на паралелни студии кое треба да го напишеш ти самата и да го доставиш до студентски прашања, заедно со потврда за редовен студент и уверение за положени испити. За да не ја плаќаш партиципацијата од 200 евра мораш да имаш просек поголем од 8. Во барањето напиши ги твоите основни податоци, факултет, насока, година и не заборавај да го напишеш просекот и да бараш ослободување од плаќање партиципација поради просекот што го имаш, како и да бараш да ти се признаат веќе положените предмети (ако имаш такви што ти се поклопуваат на двете студиски програми).
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ослободена од плаќање нема да биди само нема да плаќа онолку пари колку што се плаќа во привата квона сите трошоци околу факултетот треба да бидат платени на почеток на година мене во прва кога се запишав на паралелно студирање ме фатија околу 100 евра и во февруари околу 50 евра платив значи идат некаде 9000 илјади денари сигурни годината што ќе ги дадеш ако сакаш и на 2 факултет да студираш горе долу тука е сумата за трошоците за цела година...
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ова ослободување од плаќање важи само ако паралелно се студира, или?
    Јас веќе имам завршено факултет и сега завршувам втора година на вториот факултет и плаќам се.
    Треба ли некаде да реагирам?
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    не не сме ослободени од плаќање никој не те ослободва од ништо студирање на 2 факултет или паралелно студирање е лично наша желба и сето тоа кошта и се плаќа нормално тоа не е морално образование ние се надополнуваме со тоа така да нема што да ургираш никаде да не се плаќаше уште при самиот упис ќе ти кажеа на мојот факултет има 8 души студираат 2 факултет со прв веќе завршен и сите си плаќаат нормално само што се во државна квота значи нема ослободено плаќање од ништо секогаш овај систем кај нас така функционирал...