Убаво велиш - со прв веќе завршен. Ако си дипломирала тогаш мораш да плаќаш се. Ама ако си редовен студент, значи уште студираш, не ја плаќаш само партиципацијата, сите други трошоци нормално дека си ги сносиш. Ама ова важи само ако имаш просек поголем од 8. Погоре мислам дека објаснив убаво. Е сега слушнав дека вонредните студенти од оваа година ќе бидат ослободени од плаќање на тие 150 денари од испит, ама не знам дали одлуката е конечна или е само предлог. Ние во септември плаќаме околу 9000 денари (значи 6150 денари прва рата за партиципација плус другите трошоци што се за факултетот, а во февруари 6150 втора рата за париципација плус 200 за заверка на зимски семестар и 500 денари за упис на летен семестар). Значи, како вонреден студент на паралелни студии ми се фаќа да платам околу 3000 денари во септември и 1000 денари да речеме во февруари. И 6000 да ми излезе годината, сепак е доста исплатлива инвестиција, барем за мене. Е сега не знам на кој факултет си ти и на кој универзитет, но на УГД е вака, барем кај нас на економски.
Како работи сега запишувањево? Од сите слушам различно... На економски сум прва година, редовен, сакам да запишам и филолошки, но имам паднато некои предмети. Важи ова дека треба да имаш над 8 просек за да не плаќаш партиципација? И морам да бидам на еден редовен а на другиот вонреден?
мора да бидиш на еден редовен на друг вондреден логички е тоа,од сите слушаш различно бидејќи и сегде различни услоби бараат некаде бараат просек,некаде само една академска година чиста некаде 2 зависи од 2риот фак.кај ќе се запишиш и што услови бара,јас кога се запишував ми бараа од првиот фак.да имам чисти 2 академски години најмалку а за просек ништо не ми рекоја ама бараат дукумент потврда отцени,потврда потоишана од деканката на правиот факултет све така да не е едноставно треба трчање и озбилност голема а и напорно е морам да признам и неможи да не плакаш партиципација мора да плаќаш ак се запишиш на 2 и на него ќе плаќаш нормално...
Јас не сум за студирање втор факултет, одкако ке се заврши еден да се запише на втор. Подобра опција според мене е постдиспломски студии одколку два факултети, барем ке се надоградувам во тоа што сум го одбрала да го студирам и го сакам. Секако дека е поскапо , но јас би се запишала !
Пофални зборови за сите оние кои сте запишани на втор факултет, верувајте не губите ништо само си ги проширувте можностите за работа со оглед на реалната ситуацијата во нашата држава. Ме интересира, доколку имаш завршено еден факултет а се запишеш на втор кој е сроден, дали се почнува од прва година или доколку ти признаат предмети можеш да започнеш од повисока година?
Јас се запишав на втор факултет кој е сроден со првиот. Ќе почнам од прва година, а испитите кои ги имам полагано, а се во програмата на вториот факултет ќе ми бидат признаени, значи ќе имам помалку испити во секој семестар. Инаку студирањето трае 4 години.
И јас сум со намера за следен фалкултет, и затоа ја отворив темава, ама не очекував толку отровни стрели Инаку, работам по струка, завршив постдипломски, поминав 2 курса по странски јазици со највисоко ниво, а зборувам 3, не ме изгржува никој. Ова го кажувам за отровните стрели за „вечни“ студенти и издржувани. Причината поради која сакам уште еден факултет е тоа што сакам да се надградам себе си, со цел уште повеќе да напредувам во работата. Работам таква работа која е поврзана со куп други области, а стекнувањето на стручност е само бенефит и никако губење на време. Сепак, во странство, сите правници учат втор факултет, па се адвокати за информатики криминал, адвокати по финансии, адвокати за малолетниции слично. Само кај нас сите се експерти по се. Затоа сакам да бидам стручна максимално. Сепак, испитите би морале да бидат после 5 часот, а немам намера да давам кеш на приватни факултети за да не добиејам знаење. Целта не ми е диплома, туку стекнато знаење со цел да се примени во пракса. Дали е има некакви олеснувања за ваквите студенти? Дали имаат поддршка од МОН за да се надградат? Како на пример помошта за возрасни? АКо не, сметам дека е добра иницијатива.
Јас незнам одма што дигате прашина и почнувате на некој начин со навреди за тој што студира на 2факултети одеднаш или се запишал на 2факултет незнам вечен студент незнам на грб на своите родители па незнам што незнам како,може ние тука си ја знаеме сите дома ситуацијата како ни е па земаме за право на некој да му солиме памет како прво незнам што некој го боли главата за некој дека бил 10 години студент или дека можел неможел да заврши па се запишал на 2 факултет искрено читам и се чудам не ми е јасно кога некој има можности зошто да НЕ и кога има желба зошто да НЕ...
И мене не ми е јасно зошто толку бурни реакции и исмејување Ако некој има желба за надоградба не ми е јасно зошто се гледа негативно на тоа.. Инаку нема никакво олеснување за запишување на втор факултет ,конкурираш како и сите ,студираш како и сите .. Твоја си е желбата за втор факултет и не добиваш посебен третман .. Сепак и зависи и од факултетот , ако не прима вонредни студенти тогаш студирањето е практично невозможно .Доколку има опција за вонредни студенти тогаш би можело, ама сепак за испитите после 5 часот би требало да одат по договор со професорите а тие не се многу флексибилни .. Би можела да земаш слободни денови од работа за полагање ,сепак се работи за најмногу 10 испита годишно па би можела да ги распоредиш полагањата .. Ако имаш желба и вложиш труд ќе успееш И јас сум во план од септември Тоа е нешто што го сакам одамна и имам афинитети и знаења од таа област а воедно е тесно поврзано со мојата професија .Ќе гледам да го остварам а дали некој ќе ми се смее ,е најмалку важно ...
Девојки јас сум редовен студент но, ова година сакам да запишам втор паралелно да студирам? Кои се документи ми требаат и дали е услов да имаш просек повеќе од 8 ? Ако некоја од вас знае како одат тие работи, би Ви била благодарана ако ми објасните.
Јас првиот не го завршив, па не вториот. Сестра ми е втора година на вториот факултет. Се запиша на втор факултет, бидејќи во нашава мила и прекрасна Македонија не бараат знаење и дипломи.
И јас исто се мислев за втор факултет но ќе видиме што ќе биде. Значи студирам на УКЛО како редовен студент. Дали ако запишам втор факултет паралелно е бесплатно? За студирање на УГД и УКЛО прашувам. Доколку некој е повеќе информиран добро би ми дошле секакви информации.
^Прелистајте малку 7 страни се само пишуват тие што имат искуство глупо е цело време во толку малку страни да се повторуваме... И не не е бесплатно ни паралелното студирање ниту 2риот факултет значи тој е ваш личен избор незнам на кој му текнало дека бесплатно може да биде....
Здраво девојки, апсолвентка сум на медицински факултет на УГД и ми остана уште дипломската за презентирање, сакам да се запишам на втор факултет кој спаѓа во УГД, затоа што татко ми е починат и ми следува неговата пензија, но морам да сум редовна студентка. Дали има некоја од вас некое вакво искуство за да ми објасни што треба да направам и дали е можно да сум редовна на новиот факултет... поздрав
Love 007 не ми е јасно дали сакаш прво да го завршиш факултетот па потоа да запишеш втор? Ако е така, тогаш на сите факултети имаш опција за вонредно со исклучок на медицина, фармација и стоматологија. Доколку сакаш паралелно студирање, тогаш на првоит факултет си редовна а вториот факултет го запишуваш вонредно освен ако не се работи за гореневедените факултети.
Здраво екипо, барав на интернет инфо за втор факултет и ми излезе Фемина Форум, се зачленив специјално за да можам да го поставам прашањето, инаку не би се зачленувал на ваков женски форум, бидејќи сум машко и вашите теми не ми се интересни. Имам дипломирано на Електро, одам на работа, ама сакам да се запишам на втор факс, конкретно ПАК на Електро, ама на друга насока на Електро. Дали познавате некој кој се запишал на Електро по вторпат, кој оди на работа, како се снајдува, дали му признале некои од положените испити од прва тура и слично? Дали можеби се запишал вонредно?
Кога би ја завршил втората насока повторно би бил електро инженер, значи две дипломи од ист факултет само различна насока. Малку ми е чудна комбинацијата. Кога веќе имаш желба за втор факултет зар не е подобро тоа да биде некој сроден факултет, што според мене финансиски и временски е поисплатливо, а со тоа ќе имаш и две професии.
Ќе ти ги признаат предметите кои се заеднички за двата смера, како што знам во првиот семестар се исти за сите смерови предметите... Вонредно нема на електро така да незнам како би успеал... Без разлика дали се работи за истиот факултет смеровите се многу различни, не е исто дали си завршил електоенергетика или телекомуникации и информатичко инженерство, иако се работи за истиот факултет и истото звање сепак има многу голема разлика во тоа што можеш да работиш. За мене е одличен избор пак да се запишеш на електро ама незнам навистина како би успеал во тоа кога не примаат вонредни студенти. Можеби професорите ќе ти гледаат низ прсти за присуството на наставата бидејќи ти е втор факултет, а можеби и не... Тој пак би си гласел како електро инженер меѓутоа во дипломата стои и по што е електро инженер, на пример „Дипломиран електро инженер по компјутерски технологи ...„ итн... И јас сакам да прашам дали е навстина бесплатно да запишеш втор факултет, одкако си го завршил првиот?