Јас мислам дека не е бесплатен вториот факултет откако си го завршил првиот, но можеби во меѓувреме нешто се сменило, јас прашував пред три години. Тогаш беше, ако запишеш два факултети во исто време - на едниот се водиш како редовен, а на другиот како вонреден студент, тој вториот ти е бесплатен, ама не сум сигурна дали за да ти биде бесплатен факултетот треба да одржиш некој просек, мислам дека и такво нешто имаше. Јас лично би се одлучила на втор факултет доколку имам услови; како викаат - од многу глава не боли, а како што и сакав вториот факултет да ми биде сроден со овој, мислам дека и те како би ми бил од корист и барем во мојата околина не познавам некој со тие две звања. Но, факултетот кој сакам да го запишам нема опција за вонредни студенти, па баш штета.
Јас баш се решив да се запишам на Технолошки факултет на Неорганско инженерство и заштита на животна средина се предомислувам заради екстерново, инаку е добро што имаат вонредно... Па и магистерски да упишеш пак треба да се полага екстерно и незнам да не упишувам за џабе па да неможам никако да завршам и да се изнадавам пари...
Мене не ми е чудна комбинацијата со два Електро факултети, затоа што иако е Електро Факултет, има многу разлика од насока до насока. Јас лично сметам дека мојата насока е промашена на Електро и сакам да одам на поперспективна насока. затоа сакам да одам пак на Електро.
Mims-89 погоди целосно зошто сакам да одам пак на Електро - мислам дека мојата насока е чисто промашување, бадијала сум електро инженер - насоката не е атрактивна, веќе три години не работам за тоа што студирав, туку работам во сродна проблематика. Не би одбирал ниеден друг факултет, туку строго Електро и тоа на атрактивна насока. Ко се запишував појма немав на која насока се запишувам, само знаев дека сакам електро струка. После откако дипломирав сфатив дека сум ја промашил насоката. Дали ќе можам да студирам бесплатно - мислам дека не, не ги интересира што ме фатиле бесови и одам по втор пат да дипломирам. А предметите од прва мислам дека ќе ми ги признаат, по ЕКТС студирав, барем да не се мачам со математиките.
И јас мислам дека не е бесплатен вториот факс, а доколку продолжуваш со втора тура додипломски на факсот на кој претходно си дипломирал, ќе ти признаат некои од испитите од прва тура додипломски. Јас тотално оправдувам втор факс, дотолку повеќе што ако не планираш да правиш фамилија за брзо, можеш комотно пак да се запишеш на факс за да имаш подобар живот.
Во тој случај само напред. Не дозволувај небитни работи да те спречат во остварување на целта. Се бориш за поубава иднина, затоа оствари си ја желбата за покасно да не ти биде жал што не си ја искористил шансата. Не си ни прв ни последен што сватил дека направил грешка во изборот на факултетот затоа што работите не се гледат на ист начин на 18 и 25 год, само што некои се помируват со грешката, а некои продолжуват да се борат.
Феминки ве молам за помош...Пред 3 години дипломирав економски и дури сега сфаќам колку не сакам да го работам тоа што го завршив.Од секогаш сум сакала да бидам професор по некој јазик(англиски,германски или италијански).Затоа ве молам да ми кажете колку е добро да запишам втор факултет на Уким или ќе морам на постдипломски ?И дали може со судски печат да работиш и како професор или не е можно тоа? Знам дека немора да си дипломиран на филолошки за да бидеш судски преведувач можеш и со друг факултет.позз
Порано размислував за тоа да завршам една факултет па после него друг, но поентата е да работиш а не да учиш, така да ако успеам и овој да го завршам добро ќе биде, после тоа веднаш работа барам, не мора да е поврзана со струката.
Колку се плаќа доколу се водиш како студент со неколку останати испита и запишеш втор факултет? И колку се плаќа доколку запипеп втор факултет доколку првиот ти е завршен?
Jas imam zsvrseno pedagoski za oddelenska Sega posle nerolni 7-8 godini zapisav preducilishna. 400 evra godina studiranje 2 godini zatoa sto del mi se priznaa
Здраво Моментално студирам економски факултет (смер за сметководство) и сум прва година, но во последно ми се роди силна желба за студирање на англиски јазик. Некои ми велат да се презапишам, но не сакам да го оставам овој факултет недозавршен (не мразам економија, но повеќе сакам англиски). Сега во дилема сум дали паралелно да се запишам на втор факултет како вонреден студент или прво овој да го завршам па следната година да преминам на другиот?
Втпр фaкултет мoжеш дa зaпишеш aкo си нa УГД требa дa е бесплaтен ..имaше нештo тaквo тaму,не сум мнoгу упaтенa. Бaш прaшaј нa студентски прaшaњa кoјa е нaјдoбрa oпцијa. Пa пиши и oвде инфoрмирaј Сo среќa. Кaј ти е желбaтa тaму oди.
Ако студираш истовремено не можеш на двата да се водиш како редовен студент, туку на другиот ќе си вонреден, во тој случај чинам дека партиципација не се плаќа, а ако си завршила еден, а сакаш да запишеш друг, во тој случај не си ослободена од партиципација, информацијава ми е стара од 2012, ако во меѓувреме се сменило нешто, нека ме исправи некој
Јас имам слушнато и не знам колку е точно дека ако запишеш втор факултет на ист универзитет било бесплатно. Поточно дека си ослободен само од партиципација, а сите останати давачки си ги подмируваш. Е сега ако е стварно точно би било убаво и со задоволство би си запишала втор факултет.
Пријателке,во ист проблем сме.Јас дипломирав економски ама ете тотално го утнав факултет,не се гледам како економист.Сега на мои 29 години се гледам само како професор по германски јазик ама сите ми велат касно е веќе возот отишол.Ама сигурна сум дека го сакам тоа и ќе успеам,така да догодина ако запишам втор факс ќе се дружиме...ако навистина сакаш јазик запиши се,еднаш се нуди таква можност ...позз
Исти случај сум и јас со завршен економски факултет а сакав и сеуште сакам да студирам нешто сосема друго, но се плашам дека ми е предоцна.
Медицина. Насјсериозно размислував да запишам , иако многумина ме обесхрабруваат најмногу во однос на годините, а имам 27.