Ме интересира дали има некој кој што студира медицина во странство или планира да се запиши оваа година некаден во друга земја? Знаете некои стипендии? Било што?
и јас барав кога требаше да се запишувам и се разочарав зашто сите се за од втора год натаму кога ке се запишеш на факултетот и за постдипломски и за докторски . ако имаш финансии да се запишеш и ако покажеш добри резултати можеби и ке добиеш. а за запишување за прва година нема. и ке те сметаат како интернационален студент што ке биде прескапо во другите европски држави освен во бугарија или некоја друга од поблиските . најдобро ти е да побараш сама, јас кажувам дека не можев да најдам . можеби ти ке си најдеш . со среќа
Знам дека многу одат во Русија да студираат, и од тие што ги знам имаат само пофални зборови. Мислам дека полагаа пред да одат некакви испити и малку потешко е да те примат. а за стипендии незнам дали има. Освен тоа,мораа да го учат јазикот една година. Но исто така важно е, од сите што учат таму никој не планира да се врати.
Има и во Бугарија, во студентскиот град. Еден мој школски таму дипломира па отиде на специјализација во Германија. Многу е задоволен од таму. И таму одиш 6 месеци однапред за да го научиш добро јазикот.
Имам другарка што студира медицина во Словенија. Имаат попусти, предности и стипендии како странски студенти. Таа веќе одлично зборува словенечки (1 година е), но сеуште се мачи со факултетот, особено со некои предмети во кои се сретнува со стручни изрази. Тешко и е, нормално, но со тие студентски попусти си се изнашета секаде
Студии во Русија Здраво феминки...ако има некој што студира во Русија или пак познава некој..како може да аплицирам за стипендија.??..Би сакала да се запишам на факултет во Русија т.е медицински факултет..па би сакала да знаам дали има некоја страна, какви се условите таму за студирање и живеење?? Поздрав
А дали треба да имаш познавање на јазик за да те примат или можеш таму да го учиш напоредно со факултетот?
знам дека е потребен и приемен испит, сега не знам дали не важи баш за мкд пошто го прават во другите земји. Има ли некој искуство, кој ги има пробано процесот за аплицирање во Русија?
да ja обновам темава, има ли некоj искуство со запишување на медицина во Германија после завршено средно медицинско во Македонија?
Немам искуство знам некои од правилата. Ти треба Ц1 Германски за медицина, потоа мислам дека имаат некој како приемен тест ама лесно било. Ако те примат ти кажуваат потребни документи, и мораш да имаш closed bank account, ова е посебна сметка кај што н агодишно ниво треба да се има 11.000е, пари како гаранција дека имаш како да се издржуваш. Грубо некако е вака, можно да има промени некои