Зошто да не? Животот е пред тебе, имаш уште 35 години работен век, ако не ти фали желба и амбиција следи го сонот. Камо да има луѓе како тебе, што се спремни да учат нешто ново секој ден. Светот ќе биде многу подобро место за живеење. Реално никој на 18 години не е потполно свесен што точно сака во животот, а и прашање е дали изборот за идната професија е негова одлука или на друг. И јас сум во слична ситуација, си ја сакам професијата но сакав да вкусам нешто ново, потполно различно, затоа запишав уште еден факултет. Новиот факултет воопшто не го гледам како губење на време, баш напротив можностите за успех ти се удвојуваат, а и доколку не ми се најде во животот, останува личната сатисфакција, дека си докажал на самиот себеси за своите можности на различни полиња. Поздрав и имај убава вечер, а за кариера и пари не се оптеретувај многу, духовната исполнетост е многу побитна од материјалната. Секој човек има 5 минути во животот, битно е како и дали ќе ги искористи за да стане нешто поголемо.
Сум забележала дека баш на тие постари колеги, поголемиот дел од професорите им прогледуваа низ прсти. Секоја чест на оние кои фер си ги полагаа испитите, си добија заслужени дипломи и сега си имаат супер работни позиции за кои ги бива. Ама дел од нив и покрај годините без никаков срам на испити вадеа цели листови и книги и никој не се замараше со нив, а некој од нас помладите да го стореше тоа ќе летнеше од просторијата со брзина на светлината. Имаше такви кои се жалеа кај професорите дека имале семејства, деца, дека не успеале работа да најдат и сето тоа со цел да ги сожалат. И што е нај трагично им успеваше. Тоа не е фер кон нас бидејќи без оглед на тоа што се повозрасни имаат доста години до пензионирање и истите тие сега се на работното место на кое може да биде некој кој се убил од учење. Тоа е што е, тука се виновни тие кои ги пуштаат да положат на таков начин.
Нема многу да филозофирам на темава. Браво за сите што одлучиле да го продолжат своето образование. Знам многу такви примери.
Вондреден сум, како што пишав вработен сум, така што не ми е изводливо да присуствувам на предавањата.
Ако постои желба, никогаш не е доцна да се студира и заврши факултет од страна на повозрасни, знам такви примери, што завршиле и се вработиле или напредувале во службата.