Ајде конечно прифатиле сега гледам. А решението за одлуката дека си прифатен ви стои како доумент на апликацијата? Дека проверив од телефон, нема, можеби од PC прикажува само... Сме се напнале??? Па уште и сме ширеле негативна енергија... Вас ако не ви требаат парите и не ви се битни има луѓе на кои и те како им значат и затоа и се овие реакции. Што мислиш нормално е вака да се заебаваат со месеци и да не праат будали? Е ради вакви што ништо не ги занима, не се замараат и се праат многу јаки, дојдовме до овде и вака ќе не играат.
Абе луѓе, намерно испланирале да ни дадат пред нова година 100 евра, прашале искуство од тетките од Германија кога е најслатко да се пуштаат пари на децата.
Вистина ќе да е така. Инаку може и поарно вака што испадна барем одеднаш 6 бона, кој ти ги дава. Новогодишно поклонче од МОН.
Јас имав пред некој ден, сакав да менувам пасворд преку заборавена лозинка ама не сменив. И поарно. Утредента се најавив со ист пас. Почекај до утре
Доколку се држат до правилото би требало вкупно 6480 денари. (1440 за септември, 2400 за октомври и 2640 за ноември). Сепак ќе видиме колку ќе биде кога ќе пуштат.
И како го реши проблемот со приговор или поинаку? Jас сеушт3 никаде не сум пишала, a reset на лозинка не ми дава. Па единствено ми останува само да пишам некаде
Не аплицираше? Пробај да пишиш на некој од mail овите или не знам на овој види uslugi@mon.gov.mk , не се откажувајте