X го означува вработеното лице од МОН што ја прегледува и прифаќа апликацијата. Инаку прифатено е, ќе добиваш пари за студентски оброк.
Здравје наредниот месец(јануари) на почетокот ли ги пуштат парите? Лани не зимав и не знам кога ви пуштале..
Лани првите неколку месеци ги исплаќаа парите во првиот ден од месецот, ама после тоа почнаа да каснат и да ги исплаќаат како ќе им текне, некогаш и на средина на месец. Проверив лани во јануари ни исплатиле на 5ти, претпоставувам и годинава ќе биде отприлика тогаш.
Здраво на сите. Дали кај некој има некаков одговор од приговорите или ништо нема да бидни од тоа, има некој искуство од лани? Ако не бидува ништо да почниме да аплицираме во вториов рок.
Дали ако лани примав пари за субвенциониран студентски оброк, истата апликација ми важи за годинава или не ?
Сега што земавме 6400 тоа беа за Септември Октомври и Ноември. Следно треба да добиеме за Декември и Јануари? така е или?
Сега во јануари треба да добиеме за декември, па во февруари за јануари и така додека не дојдат до решение за секој ден да добиваме по 120 ден.