Еднаш бре само еднаш да 'згрешеа' и да пуштеа навреме. Ама не и не, мора по нивно да тераат и да малтретираат луѓе. Па ова го нема никаде..
Не знам како планираат да го изведат тоа со картичките, на кои наводно секој ден ќе пуштаат пари кога не се способни еднаш месечно на време да пуштат, дно дна...
Вака исто ќе биди, ќе си чекаме да пуштат, на крај ништо, или ќе каснат ќе ги нема цел ден, или кај некој ќе има кај некој не. А тие од студентското собрание кај се да изреагираат или само за сликање ги бива
Ма срамота бе, не ми се коментира поише.Резил. Нормално дека нема.Да имаше тука ќе известеше некој.И оваа недела изгледа ништо.А ние се буневме кога ги немаше ни до средина на месецот, овие идиотиве изгледа од сега па натаму на крај на месец планираат да исплаќаат, ако биде и тогаш секако.
Дали ако си ставам пари на мојата сметка сама тоа ми се смета како приход? Си ставам месечно пари на сметка за да можам да плаќам онлајн со помала провизија, се надевам дека нема да ми направат проблем за оброк..
Гледај да не е таа сума колку минималната плата затоа што одма ќе ти го прекинат оброкот па дур приговор дур да го разгледаат, ќе дојди јуни....
Јас лани си имав ставано на моја сметка и поголеми суми од минимална плата и не ми направија проблем, ама годинава не би ризикувала како се тргнати со кратење на сите страни
Нити пуштен оброк, нити стипендии на сите, а за резултати за нас, кои аплицираме прв пат, ич да не збориме, ќе биде, час поскоро. Треба да се стрпиме и ние па наваливме, луѓето работеле за повисок студентски стандард (само што не гледаме баш никакви резултати). Резил сте МОН
Мислам дека не ти е за тука коментаров. Напротив, треба да се праќаат мејлови и ова да им го пишеш нив. Ништо не се губи. Нит стипендија, нит оброк можеме да изгубиме со пишување мејл, пошто веќе се затворени предметите и не се враќаат назад одлуките. Е сега, кога ги враќаме назад на муабет мејловите и бомбардирање на луѓе од МОН со мејлови, кажете ми, каде е посоодветно да се прати мејл, на надлежните за високо образование (пр.Џемиле) или директно на официјалниот на МОН? Јас сакав уште минатиот петок да пишам, но бев оптимист дека ќе пратат пари во понеделникот. Но, се испостави дека нè шуткаат ко сирачиња, па редно време е да им го покажеме местото на мргудите.