Стрпете се. Минатава исплата т.е првата ни пуштија на 22.12 највероватно и нареднава ја планираат исто на или околу 22.01 (едит: 22.01 е во недела, значи или пред викенд или после) за да има размак од 1 месец од исплата до исплата. Но, нивното и ова нее за оправдување, ако веќе намерата им е исплатата да биде на крајот од месецот, нека соопштат. Ама нема логика ова, сите други исплати за други категории вон образование се вршат на почетокот на месецот или до средина на месецот пример 15ти. Сѐ е можно тука, да не заборавиме кој е министер за образование и финансии, господата од дуи.
И не ми се верува дека сакаат по 120 денари секој ден да пуштаат Ако еднаш месечно не можеш, како ќе можеш од ден на ден... Многу ми се смешни.
Тоа нема теоретски шанси да го спроведат, заборавете на тоа. Може и планираат до тогаш и да го укинат, се очекувам од нив. Натаму ми оди работата за жал. И која е целта тогаш на на правото на студенски оброк на крај на месец ако пуштаат? Нели предвидено беше на први во месецот или барем во првата недела? Ајде и на средина на неделата нека е ама ова више е претеризам и буквално изживување, нели приметувате? Се заебаваат ама на велико се заебаваат, а ние уште си ќутиме само...
Им пишав и тоа неколку пати, или останувам без одговор или одговорот е "се прегледуваат апликациите следете ја официјалната страна таму ќе бидат објавени резултати", "ќе има исплата за студентски оброк во најкраток можен рок се работи на тоа"...
Сите зборите А на протестот шо беше 60-70 души дали имаше Жалете се бе луѓе Качување на глава И во друга тема кажав истово. Тоа ем е легален начин, ем су у право и си го тераш своето Мејлови, барања, протести, сѐ може на мирен начин. Пополека
Неделава ќе има или слабо? Ало Мон се слушаме ли? Може ќе си речете што напињате толку што замарате ама како поинаку да ги натераш? Осеќам дека кога тука е тензично и напнато и ги караме пуштаат. Ај нека биде така и сега. Шала на страна ама од нас ништо не бива, си ќутиме и си трпиме, а ништо не преземаме. Познат македонски синдром. Мирен, кроток народ што не знае да се побуни и да пушти глас, како ни свират така играме... За било која работа па така и за ова.
Ние како поединци можеме да пишуваме на социјалните мрежи, некако да се организираме со студентски отпор како што беше, но се прашувам зошто постои Студентско собрание и зошто си се редат претставници преку врска и од партија секоја година, наместо да се студентите независни, да има бунт за се што не играат, ние сме претставени од нивни избраници, требаше уште првата недела да реагираат дека ги нема средствата. Еве 16 сме уште немат ни едно соопштение напишано
Ех зошто постои па и ти. Се знае зошто како што пиша, тоа се партиски војничиња и Собранието е само ради реда онака формално колку да има. Да ги штитеа они интересите и правата на студентите ќе цветаше студенскиот живот и ова немаше ни да помислиме дека ќе се случи. Нив мува не ги лази, Мон уште повеќе. Си работат и едните и другите во нивна корист и како ќе им наредат од партија. Приоритет никад не сме и биле на државата нити па ќе бидеме, за жал, се дури вакви квази политичари криминалци ни ја водат државата. Одамна сме потонати ние, иднина тука нема. А што рече да се организираме, ќе се организираме него знаете и сами колку од полза е тоа, двајца без тројца ќе се појават на протести, ќе се галами малку и секој си се повлекува и пак ништо не сме направиле.Се вртиме во круг само. Тоа ти е кога општо народот е тотално незаинтересиран, нити пак си ги знае и бара своите права. Јас народот го кривам, еве конкретно ние студентите во случајов.
Од Студентарија шо се прогласија за go-to страна "за студентите", немаат прекинато со сеир и memes во однос на оборкот и стипендиите. Разбирам 2-3 пати да се нашалиш, али ситуацијава е мизерна. Познавам деца шо едвај крај со крај сврзуваат за ХРАНА, не за друго. Навистина ми е жал шо стигнаа и млади - студенти, политички определени, да ја диктираат судбината на врсниците и со тоа да збираат политички поени.
А добро кој сериозно ги има сфатено Студентарија? За студентите биле како па да не, типична страна за терање сеир и собирање лајкови и фоловери. Не ме ни чуди што вака се мајтапат, тоа демек што објавуваат новости и информации им е само колку да привлечат внимание и да мислиме дека се сериозна страна која работи во корист на студентите. Одамна ја имам отследено. Им пишав маил на тие идиотите скапани од мон на сите мејлови, нема абер, игнорираат ѓубрињата.
Точно, не се за сериозно да ги сфатиш, ама како извор се најактивни. Од УСС нема ни трага, ни глас за било шо, како во земја да пропаднале, а како организација е официјално тело на студентите од најголемиот универзитет.
И мене почна тоа многу да ме нервира. Нека објавуваат и мемиња ако сакаат, ама 17 дена пак каснат со оброкот, а за стипендии нема ни траг ни глас и ништо не спомнуваат. Село гори баба се чешла работава. Знам дека не можат они реално ништо да направат освен притисок и медиумско внимание, ама сепак не треба да се прават наудрени.
На кој e mail им пишувате на мон за оброкот? Сите што сме тука по еден да им пишиме, колку толку некаков притисок ќе направиме
Јас им пишав на 4 различни мејлови. Момент, ќе пратам тука. qenan.sali@mon.gov.mk xhemile.lamallari@mon.gov.mk nese.mustafa@mon.gov.mk contact@mon.gov.mk И секој ден ќе ги замарам. И одговор од ниту еден од нив не добив. Мудро си молчат. Нели знам дека враќаа на мејлови, може им наредиле да не одговараат.
Прво, будала си ако мислиш дека ќе ти одговорат на мејлов. Второ, ниту еден од наведениве не знае македонски. Имав проблем со стипендијата лани и кога отидов кај оваа Џемиле во канцеларија, не можев да се разберам со ниту еден од присутните, оти не ме разбираа шо сакам да кажам, се на се 2-3 збора македонски прозбореа. Ама памета работа, да се изспамаат до макс.