Стипендиите ги чекаме како кредит да ни одобруваат од банка.Оперирани од срам,без никава совест.Некој седи навистина гладен.
Па дека знам пишуваа тука декa демек одговарале на мејловите. Ама што викаш ко да не знам како ни функционираат институциите и колку се ажурни. Нема проблем ќе се проба и на албански и на англиски ако треба, а ете супер што некој и броеви нивни остави. Ќе им досаѓаме ако ништо друго.
Ама кои следни денови е наградното прашање. Ене кај е крај на месецот, има време... Значи од сега па натаму да си знаеме дека исплата ќе има на крај на месец и да не се надеваме дека ќе биде порано. Добро мене оваа ми е последна исплата.
Може треба директно на вибер да им пишете на Џемиле и Кенан на албански. Јас денес сабајлево им пишав, има seen само но потоа одговор на мејл стигна. Сигурно не е случајно.
Мене исто ми одговорија од овој мејл, прашував само за стипендиите и сличен одговор добив До крај на месецов ке била исплатата- за тие што продолжуваа
За жал албански не знаеме,ќе треба со транслејт да се разбираме(а колку веродостоен преводот ќе биди не знам)
И јас со транслејт, пробував и на други јазици, не директно од македонски на албански и колку е веродостојно не знам битно вратија нешто ете одма после пораката.
Абе тоа све од работа треба да лета. После ќе кукаат дускриминирани биле, албанофобија имало. У своја земја во државна институција гугл трајслејт да користиш.
Чекајте ги на крај на месецов, утре е водици неработни денови се и на 20-ти нема шанси да пуштат, ако даваат сега нареднава недела ќе треба да биде или на крајот од месецот во последните денови. Тие планираат да поминиме еден месец со тие што ги даваат па нема шанси да пуштат порано ако сега пуштиле 6400. Значи се потрошиле средствата, ама не паничете залудно, тие си знаат кога да даваат, кога на никој не одговара по мое тие се свесни за тоа и чекаат да дојде крајот на месецот.
@LejlaD Во 16.18 и напишав мејл на Џемиле,(јас ја прашував за стипендиите) ,во 16.22 ми одговори жената,стварно се изненадив. Утре е веќе неработен ден,петок сабајле повторно пратете и мејл. Кога ќе дојде на работа да го види.
Не знам дали слушнавте со нас на Педагошки во Битола што се случи. Ни пропадна цел оброк заради неписмени и незаинтересирани. А и немаме ниту одговори на новите апликации. Срам.
Кој како мислел така напишал, важно е да реагираме сите со по некој меил, многу беа неправедно одбиени, нема одговор на приговорите, нема ништо за стипендиите важно е сега малку да се направи притисок макар и само со пишување на маил
Модератор: Избришани се мислењата со меѓусебни навреди и поделби, ќе ве замолам да се воздржите од поделби на патриоти и предавници и останати навреди. Дискутирајте на дадената тема. Ви благодарам за разбирањето