Парите ги нема нигде за кои пари збориш јас не знам.Ниту стипендии се покачени,ниту се исплатени.Ако некој живее од тие пари и чека ќе умре од глад и сиромаштија.
Фино се тоа, а основни трошоци? А, плаќање кирија/дом, а партиципација, а храна, а превоз, а хигиена?
Ахахахахахаха На сета мака ме насмеа, алал да ти е. Блазе нас што дарежлива државичка сме имале, се грижи за нас, ни дава парички, не поддржува. Абе кој е како нас, уште па маани и наоѓаме, ту бре ненаситни души. Сеќирата у мед ни е падната, не сме знаеле. Сигурно тролаш или пак стварно во друг свет си живееш..
Поголема глупост не сум прочитала. Прво, работа за студенти, значи парт тајм е премногу ограничена можност во Македонија. Премногу, односно во превод нема, освен ако не најдеш нешто онлајн. Второ, не сите земаат стипендија, стипендија следува на ограничен број студенти. Трето, од скенирање сметки треба постојано да купуваш и трошиш многу за да месечно дојдеш до 600 денари повраток на ддв. Да, многу луѓе не стигаат, особено кога сите дома скенираат. Четврто, остануваат тие пари од оброк кои се за сите. Супер. Ама со инфлацијата, моментално тие пари се као за пет работи да купиш и толку...и ти викаш доволно било и не требало студентите да се жалат зашто касни...интересно....
Втф. Скенирање на сметки не треба да да се смета за приход или грижа од државата и апсурдно е што го воопшто наброја.
Оваa или е дојдена овде да се смее на маката на студентите или е некоја од неспособните лажговци од МОН бидејќи очигледно профилот е направен пред неколку дена сигурно само за оваа ситуација. Јас не знам како немаат малку почит луѓево и пишуваат вакви работи. Цел семестар сме оставени без стипендиите и многу студенти и без оброк заради неспособноста на факултетите и сега дојде овде некоја да паметува дека студент би живеел како бубрег во лој...СРАМОТА. Само нека знај дека ако не ја пуштат таа стипендија уште 10 дена ќе има стотинa студентi што нема да запишат семестар. За следниот пат да знаеме барем да скенираме фискални сметки за да платиме. Аман бе бидете барем еднаш луѓе и застанете на страната на оштетените, срамота.
Ете јас лани бев и со оброк и со ддв (иако не треба да се рачуна ддвто) и со стипендија, и едвај врзував крај со крај, а пази не сум трошаџија (или како дотичната напишала, да се луксузирам). И годинава неправедно сум одбиена и за двете. На сметката сум на негативно салдо цела есен и зима и приморана сум да почнам да работам за да функционирам нормално (пази, не да се луксузирам туку да имам ко чоек да си дозволам едно јадење без да се секирам колку пари ќе ми останат). Башка шо планирам да покренам постапка против мон. И доаѓа тука некоја си х особа да ми каже дека многу барам(е) од државата. Ма немој.
Ако ние многу бараме од државата нека видат малку како е ќе напоменам во ЕВРОПСКИТЕ држави, а не ние секој семестар башка од ратата плаќаме и секакви други глупости кои и тие самите не знаат што се а камо ли да функционираат. Ама не ќе се најди некој овде да пишува дека студентите се луксузираат и живеаат како бубрег во лој (кај и текна не знам, ме изнасмеа со поимов, креативно). Со вакви личности и стандарди за студентите ИДИМЕ ЕВРОПО ЧЕКАЈ НЕ.... Пс. Не е во ред да си неправедно одбијана. Мислам најубаво е да се обратиш во МОН, досадувај им дури не ти дадат вистинска причина за тоа што те одбиле. Скроз те разбирам...
Јас мислам дека математиките у МОН не им се поклопуваат и сега не знаат што да прават. Прво пробаа да го сменат законот за ССО нели никој да не зема и така да скратат од студентскиот стандард ама кога не им пројде мораа да исплатат пари а башка сега и на тие студенти кои лани беа дискриминирани треба да им се исплатат разликите и си купуваат на време за да се задолжат од негде за да ни ги пуштат смешните 2400 денари. Сето ова е резултат на лошото менаџирање на државните пари , лани имаа шанса да ги зголемат или барем летото ретроактивно да им исплатат на дискримираните студенти ама они чекаа да дојде јајцето на газот и општо да тонеме во глобалнава криза па сега оф куку леле. Епа тражили сте гледајте , сега сакаат нејќат мора да исплатат се што ветиле ама работата е колку е полна касата во МОН. Ова е резултат на долгогодишно лошо менаџирање на буџетот и општо цела држава. Ама важно картици ќе воведувале, они не можат едни 2400 денари да ги изменаџираат да бидат редовни со исплата , ќе биде еден ден имаш 150 денари други 3 на диета па после тук таму ќе префрлат уште 150. Пиши пропало работава, уште многу фурни леб им требаат дур да станат ажурни и одговорни.