Најверојатно. Како саркастично враќаат по пораки на студенти. Со потсмев. Видете сами на последниот пост на Инстаграм. Ужас и срам да им е веќе!
Не е до финансии до МОН е. Откако е новиов бог министер се е лакомост до крај. Мила ваква таква ама за оброк беше најокеј.
епа ја коа пратив скрин од меилот до МОН ми викаа овде, од финансии е точно, МОН доставува листа, ама финансии пуштаат пари ѕвонев и ми спуштија oo е од фиксен не може да ми го блокнат бројот, ѕвонам пак.
Не знам што би било. Да закасниш 1 ден на студентски прашања со уплатници/рати, ти ги вадат низ нос, ти се дерат, а овие каснат со месеци никому ништо. Д Н О
До 5-6 ти во месецот исплатата се извршуваше за претходниот месец, а сега овој министер е целосно неспособен. Не знам само како може да лажат и упорно да тврдат дека уште од петокот исплатата "започнала". Ама тоа е, за жал знаеме каде живееме и со какви работи се соочуваме секојдневно.
Не ми се верува која брука се, па ни на еден меил не ми одоворија. Од петокот нели почна исплатата, лажат, како не им е страм. Па кога воведуваш нешто треба да си знаеш дали финансиите дозволуваат. Што им сме ние виновни. Тие го воведоја оброкот, знаеме за што. Али добија само негативни поени
Aко закасниш 1 ден 500 казна. Ако беше така за нив ќе бевме сите бубрези во лој А овие студентарија кои се да кажуваат да не звониме? Родителите таму да не им работат па се жалат не сфаќам
Не ја разбирам причината зошто се лажи, денес-утре, држ-не дај. По 1000-ити пат, многу сум разочаран од УСС при сите универзитети, оти глас не им се слушна! Место да се гласот на сите студенти обединети, тие ги обавија должностите кон штабовите кога се донесоа “клучните” одлуки и од тогаш трагата им се губи.
Јасно ми е дека нема оброк и дека проблемот е во МОН, ама не гледам зошто би ги напагале студентарија...Буквално за се што е потребно не известуваат први и на некој начин ја олеснуваат работата да треба за се да бараме на страната на мон за да се информираме.