Јас мислам дека сумата што ни стигна во декември беше со се декември, бидејќи беа 6 400 денари. Овие пари се за јануари
Е сеа вака Конечно ми исплатија стипендија после подолг период правно приговарање со правобранител Меѓутоа не приговарав за оброкот бидејќи неодамна се вработив, а технички ми следуваат пари за досегашните месеци Дали можам да приговарам за оброкот на истиот начин како што приговарав за стипендија, или бидејќи сега се вработив нема да ми исплатат пари?
Како што рекоа и другите, 1440 за септември, 2640 за октомври и 2400 за ноември тогаш кога исплатија 6480. Ова сега за декември е 2520, а февруари сме.За јануари треба да земете 2400 зашто имаше нели повеќе неработни денови.Мене ова ми беше последна исплата ваљда. А кога ќе исплатат којзнае.Затоа викам каснат еден месец. Стипендии исплатија ли? И што се случи со тие што беа одбиени за оброков или за стипендиите? Па како тргнале можно е. Фер ќе биде барем до крајот на месецов пак да пуштат за јануари ама ги знаеме што се и какви се. Пробај ништо не губиш. Сеа те читам дека исплатиле и стипендии после сто месеци чекање. Шо ќе им праиш на толку пари па и оброк, како беше она бубрег во лој.
Одговор нема барем кај син ми,одбиен,па приговори,меилови,па аплицира повторно на она до 5 ти Јануари што беше,па пак аплицира на тоа до 31 ви Јануари,молк,барем една буква повратно да имаше
Страшна работа стварно. А добро зошто не одите директно во Мон или мора онлајн само? Да идете и да барате лично да се видите со одговорните, да ви кажат што е проблемот.Не е во ред што ни на еден мејл не ви вратиле. Незаинтересирани идиоти. А уште па од Студентарија пишале да не им се јавуваме, да не ги реметиме господата ау. Е баш напротив, треба замарање и реметење по телефон и преку мејл зашто они верувам ни денес нема да пуштеа да не ги притиснавме толку.
Дали 10те вработени во МОН одговорни за студентски проблеми и прашања ви се виновни што не можат да постигнат повеќе од 30 илјади барања само за оброк да ги проверат само, и плус секој месец нови апликации, и плус уште и апликациите за стипендии треба да ги проверуваат? Кажи ми, дали стварно мислиш дека тие 10 вработени, па нека се и 20 ете, дека тие се виновни за цел хаос.. Ни пари пуштаат тие што се вработени во МОН затоа што и да сакаат не можат они да пуштат, ни пак вработените на кој што вие секој ден им се жалите и им досаѓате во МОН се виновни за цел хаос.. Викаате не ви враќаат на мејлови, а како да ви вратат, во кое работно време, да проверуваат дали тековните корисници на оброк се уште ги исполнуваат условите, дали да проверуваат новите апликанти дали ги исполнуваат условите, или вас на мејлови да ви враќаат? Повеќе од 40 000 апликации се во прашање, и секој месец нови и нови стигнуваат, не е тоа автоматизиран процес па ај одма да ви вратат одговор, треба некој се рачно да отвори, провери, внесе..