МОН ОВАА ГОДИНА Е КАТАСТРОФА, МИЗЕРИЈА И СЕ НАЈЛОШО. Цел Педагошки факултет од Битола беше одбиен за оброкот за првиот конкурс приговорите што ги пракавме демек биле прифатени и ќе сме добиеле пари, но за жал ни п од пари немаме видено, а за овај сега конкурсот што беше повторно никој ништо не доби ни повратна информација дали е одобрено и немаме динар земено. Ова е за срамота навистина. 
Што ќе има, од министер до советници све се Албанци. Не ми смета што се албанци, туку што се партиски вработени т.е превработени. И немаат никаква одговорност. Не е работата, дали има пари или нема. Фер е да се одговори. Од 20 луѓе само во одел за студенти, некој да одговореше барем. Вака делува дека не работат ништо, а плата секако земаат.
Не се знае со нив ништо. Каснат еден месец со исплатата, место кога пуштија веќе моеше за два месеци ама тоа е. По правило треба месецов пак да пуштат при крај ама скарани се со правилата тие и си праат како ќе им текне. А зашто не го послушавте советот на @sj *O*, да се обратевте до Народен правобранител и да пуштевте претставки? Вака ако ги чекате нишо не добивате, нели глеате со прст никој не мрда..
Кога веќе сум спомната да се надополнам Баш ова го разговаравме со правобранителот, чоекот ми вика "Во оваа држава правда нема и многу странки како тебе вака доаѓаат кај нас да си го побараат она што законски ѝм следи. За среќа правдата ја добивме во твојот прв случај и истото се надеваме и со вториот, но за жал имаме случаи каде странките не ја добиле својата правда". Зборот ми е, ако не си побарате-одговорот е не. Тоа се ваши пари кои законски ви следат. И во секој случај подруго е кога жалбата иде од правен орган а не физичко лице. На крај краева, која сум јас да ви кажвам, прајте како мислите.
И сега ќе ги чекаме пак на крај на месец или во март за да исплатат за јануари, ц ц ц секој први ќе ни стигаја средствата, тешко на сите нас, и тие што добија и тие што заради нивна грешка не добија, тешко на сите во оваа држава со вакви институции
Ни они не знаат дали на крај на месец или на почеток на месец. Се побркаа скроз најскроз, уствари така им чини на нив. Грешка направија што требаше исплата за двата месеца да има, потоа нека си продолжеа на крај на месец да исплаќаат кога веќе решиле ама вака не знаеш на што си. Нит викаат дека е укинат нит дека не е. Те држат буквално на стенд-бај.
Од студеннтарија малце да почнат да објавуваат сториња за оброкот може и на нив ќе им текне да ги пуштат парите и тие си молчат и ние ништо не превземаме
Баш им е гајле и на нив, се виде нивното одамна веќе.Абе кога УСС ништо не презема во корист да студентите, не очејувајте инста профил кој глуми студентска организација да направи нешто. И ние студентите не сме поарни, си седиме пасивно и си чекаме напразно..
Вака Ги добив одговорните во МОН. Ќе пишам каков е одговорот. Како што знаеме, имаше 3 рока за аплицирање. Првиот рок бил од 25.11 до 3.12 . Тоа може да го проверите на Еуслуги.мк Ако имате аплицирано во овој рок, и ви немаат одговорено до сега. Треба да отидете во МОН, бидејќи ми кажаа дека ги разгледале сите барања и на сите им е одговорено од прв рок. Втор рок бил 26.12 до 05.01 За овој рок во кои сум и јас сеуште ги разгледувале барањата. Проблем е што се чекало од УЈП потврда за да видат дали исполнуваме услови. И мислам дека веќе се разгледуваат барањата. Во меѓувреме пуштен е и Трет рок од 25.01 до 31.01 и доколку имате аплицирано во овој рок, ќе си почекате. бидејќи сеуште се разгледуваат барањата и од втор рок. Се надевам ви помогнав. Проверете во кој рок сте. Ако сте во прв рок ( 25.11 до 3.12) и немате одговор, одете во МОН директно и ќе ве примат. Но само за овој рок. Доколку имате аплицирано во втор или трет рок, проблемот е каснењето од УЈП. и бадијала се жалите, sвоните, кукате. Бидејќи вработените, разгледуваат многу барања и само го кочиме процесот. А повици нема да ви помогнат да добиете оброк, се додека од УЈП не обезбедат податоци за тој апликант. Тој е законот. УЈП генерално во последно време, многу е спор, дали немаат кадар, или заглавија со овие скенирани фискални сметки, незнам. Мене не ми е јасно само, зашто некој не даде известување, дека сеуште се разгледуваат барањата од втор и трет рок. Многу полесно ќе им беше и на раководителите од МОН. Вака постојано им sе sвони, и ниту можат да работат, ниту ќе има некоја добивка. Туку само губиме време. Колку помалку замараме, толку побрзо ќе ги добиеме. Ве молам без совети (вртете им на телефон, пишете им на вибер, ни требаат пари итн.) Да имаме малку кодекс на однесување и да почекаме, кога веќе го знаеме проблемот. Средствата не се сеќирајте, ќе ги добиеме.
Ова сѐ убо, ама за тие шо можеа да аплицираат онлајн. А шо за нас шо ја немавме таа можност? Постојано се дава внимание само на доцнењето на средствата, заборавајќи дека има такви шо не можеа да аплицираат онлајн, или пак такви кај шо се напрај збрка со документи (на пр. студентите на педагошки од Битола), никаков одговор немаме ние
А за нас со приговорите? Што не е ни наша вина. Оброк ни следува ама не одбија, приговор пуштен ни трага ни глас од одговор.
Годинава сериозно заглавивме со оброков, средина на февруари сме, а немаме добиено средства за јануари. Тие со приговори ги нема на повидок. Втор и трет рок заглавени кон никаде. До 15ти март треба да се заврши системското решение за законот и да се спроведува оброкот со картички, што е за малку повеќе од месец. Тоа којзнае до каде е и дали воопшто е до некаде. Штом воопшто не се пишува за истото и нема никаква информација, веројатно до никаде не е, значи и тоа е можно да се пролонгира. Па, ќе чекаме да изгласаат измена за да се тера по старо. Значи ќе дозаглавиме од тоа што сме моментално.
Албанец министер за образование,а и заменик со новата реконструкција ке биде албанец. Капацитет за раководење со министертсва немаат. И тоа е. Ќе страдате вие. Мислам дека е време за средношколски и студентски протести. наставниците и професорите издејствуваа покачување на платите со штрајк,нека помогнат сега со штрајк за децата. Ние како родители секако ке ве подржиме.
На наставниците и професорите богами алал да им е, нешто да не им е по ќејф одма се собира нивниот синдикат и идат на протести и што е најбитно од се го добиваат тоа што го бараат. Браво за нив. Амa мислам они да се споредуваат со ученици и студенти нема логика барем кај нас за жал.Последна дупка на свиралото се поготово студентите и што и да се бара не се уважува. Младите се движечка сила во општеството и иднината е во нив ама за жал кај нас нели знаеме дека поинаку стојат работите. Да бидат поддршка наставниците и професорите на учениците и студентите не верувам, ги брига нив за тоа, они си гледаат нивен интерес и нивни потреби. Не сум песимист туку реално глеам на работите. Супер би било да е вака како што пиша сите да сме сложни и да се поддржуваме едни со други но некако слабо ни оди тоа.
Убаво реков јас пред неколку страници (или во темата за стипендии беше не се сеќавам) дека Царовска со свеќа ќе ја бараме.
Извини ама морав да те цитирам, немам ништо контра тебе. Не си во право, бидејќи долги години бараа штрајк, ама никој од синдикатот не застана на нивна страна. На крај, потпишаа договор без согласност од наставниците. И добија минимално покачување на платата во септември/октомври и сега во јануари нешто помалку од 1000 денари. Тоа е далеку помалку од тоа што бараа. 3-4 илјади денари според мене и не е некор покачување, со оглед на тоа што со години беа извисени кога сите сектори добиваа покачувања.
Ок, така нека биде ама барем конечно го добија тоа што го бараа. И не се согласувам дека сите сектори од јавна администрација добија покачување, освен наставниците. Баш има некои што ни денар не видоа од покачувањето, туку само ги излажаа и ништо од тоа. Пак ќе кажам дај Боже сите да беа како наставниците, подобро ќе беше за сите. Секоја професија си има своја тежина и одговорност и треба сите подеднакво да бидат вреднувани ама не е така во реалноста.
Вака сега се е то ок. Али работат под притисок мислам дај сериозно чиниш живот спасуваат па сега ќе ги оправдуваме. Сме го кочеле процесот? Извини ама не, што ако се работеше за живитнозагрозувачка состојба? Ќе си се научат да си работат под притисок и на време. Не е ништо за оправдување, ако не можат да се снајдат никој не ги држи, али тие кутрите изнапикани партиски полтрончиња што немаат ден поработено па сеа божем многу им се собра. Не е ништо за оправдување. Ако се сака за се има решение, си ја префрлат топката еден на друг, не се тие ујп се криви ма немој, ќе му дадат рок до кога треба да ги добијат бараните податоци. Сега за нивната неорганизираност треба да страдаат студентите? Со месеци се чека за одговор. Никој студент не им е виновен, и да воедно нема оправдување. Не се толку вредни како што се претставуваат. Да беше друга нормална држава ќе видев дали ќе останеја на работното место. Работатата беше средствата да се исплаќаат на почеток на месец, еве го денес е 13 каде се за јануари? Не можам ништо да оправдам затоа што се помина секоја нормална граница. И не ме интересира кој е крив, сите се виновни, само кај нас ова проаѓа
Па и да не можат да постигнат со работа нека ги повикаат сите што седат дома и земаат плата без да одат на работа,ќе се разгледа апликаците досега пет пати не еднаш.Лани чудна работа како ги разгледа на време,отприлика ист број апликации беа поднесени.